Татари (татарски: Tatarlar/Татарлар) е заедничко име за некои туркојазични народи од Источна Европа и [[Централна Азија. Денешниот татарски jазик се однесува кон кипчакската група на турските jaзици. Денешните Татари се делат на Сибирски Татари, Астрахански Татари, Вазански Татари и Кримски Татари.

Татари
Tatarlar / Татарлар
Податотека:Bronson 1973.jpgПодатотека:Calil student 1929.jpg

Податотека:Rinat Akhmetov.jpg



Вкупен број
6,706,000
Подрачја со значајно население
 Русија5,554,601[1]
 Узбекистан324,080[2]
 Казахстан261,000[3]
 Таџикистан97,000[3]
 Украина69,000[3]
 Туркменистан60,000[3]
 Киргистан52,000[3]
 Азербејџан30,000[3]
 Турција26,000[3]
 Романија23,000[4]
 Белорусија13,000[3]
 САД11,000[3]
 Кина7,500[3]
 Полска4,900[3]
 Грузија3,700[3]
 Литванија3,000[3]
 Молдавија2,800[3]
 Латвија2,689[5]
 Естонија2,500[3]
 Финска800[3]
Јазици
татарски јазик, руски јазик
Вероисповед
Воглавно Ислам со малцинско православно население[6]

Историски, Татарите се еден од монголските народи и зборуваат на монголски jaзик. Покорени од Џингис Хан, подоцна се вклучуваат во монголските напади врз Азиjа и Европа. Името Татари средновековните писатели го изведуваат од името на Тартар, грчки бог на подземниот свет, како поврзување со бруталноста на татаро-монголските орди во Европа. Така името Татари е употребувано за опис на сите народи кои прегазиле делови од Азија и Европа под водство на Монголите во 13 век. Подоцна под истото име се подразбираат речиси сите номадски освојувачи од Азија, независно дали се од Монголија или од крајните западни делови на Азија. До почетокот на 20 век, Русите со името Татари именуваат бројни народи, почнувајќи од Азерите до сибирските племиња.

Денес Татарите живеат во средишните и јужните делови на Русија, (мнозинството во Татарстан), Узбекистан, Казакстан, Украина, Таџикистан и Киргистан. Нивната бројност е околу 10 милиони. Мнозинството се муслимани.

Денешните Татари потекнуваат од населението на наjзападниот дел на монголската држава - Златната Орда, коjа опфаќа делови од денешна Украина, Русија и Казахстан. Таму татаро-монголите биле малуброjни и се измешале со локалното кипчакско (куманско население), како и со други постари народи како Прабугарите. Кипчакскиот турски jaзик се наложил како доминантен и се зборува во различни дијалекти од денешните Татари. Подоцна Златната Орда се разделила на неколку делови, мегу кои се и Казанското, Астраханското и Кримското ханство.

Поврзано

Белешки

  1. „Демоскоп Weekly - Приложение. Справочник статистических показателей“. Demoscope.ru. Посетено на 2011-03-07.
  2. „Uzbekistan - Ethnic minorities“ (PDF). Посетено на 2011-06-03.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 Joshua Project. „Tatar Ethnic People in all Countries“. Joshua Project. Посетено на 2011-03-07.
  4. http://www.webcitation.org/query?url=http://www.geocities.com/Athens/9724/Tatar_FAQ-shs007.html&date=2009-10-25+05:38:38
  5. [1]
  6. „Ethno-cultural Internet-server of the Kryashens“. Kryashen.ru. 2000-12-07. Посетено на 2011-03-07.