Белгија
Кралство Белгија (холандски: Koninkrijk België, француски: Royaume de Belgique, германски: Königreich Belgien) — земја во западна Европа, која граничи со Холандија, Германија, Луксембург, Франција и Северно Море.
Кралство Белгија |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Eendracht maakt macht" (холандски) "L'union fait la force" (француски) "Einigkeit macht stark" (германски) |
||||||
Химна: "La Brabançonne" |
||||||
Местоположбата на Belgium (dark green) – на Европскиот континент (green и dark grey) |
||||||
Главен град (и најголем) | Брисел | |||||
Службен јазик | Холандски Француски Германски |
|||||
Народности | see Демографија | |||||
Демоним | Белгијци
(Белгиец/Белгијка) |
|||||
Уредување | Федерална Парламентарна Конституционална монархија[1] |
|||||
• | Крал | Филип | ||||
• | Премиер | Шарл Мишел | ||||
Законодавство | Сој. парламент | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Претст. дом | ||||
Независност | од Холандија | |||||
• | Декларирана | 4 октомври 1830 | ||||
• | Признаена | 19 април 1839 | ||||
• | Основач the ЕЕЗ (сега ЕУ) | 1 јануари 1958 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 30,528 км2 (140.) | ||||
• | Вода (%) | 6.4 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 1 јануари 2016 | 11,250,585 ▲[2] (75.) | ||||
• | Густина | 363.6 жит/км2 (36.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2016 г. | |||||
• | Вкупен | $508.598 billion[3] (38th) | ||||
• | По жител | $44,881[3] (20.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2016 г. | |||||
• | Вкупно | $470.179 млјд[3] (23rd) | ||||
• | По жител | $41,491[3] (17.) | ||||
Џиниев коеф. (2011) | 26.3[4] низок |
|||||
ИЧР (2014) | ▲ 0.890[5] многу висок · 21st |
|||||
Валута | Euro (€) (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .be | |||||
Повик. бр. | +32 | |||||
а. | Официјалната пропорција на знамето од 13:15 ретко се наоѓа; пропорцијата од 2:3 почесто се употребува. | |||||
б. | Бриселскиот регион е де факто главен град, но општина Брисел е главен град по устав[6] | |||||
в. | Доменот .eu исто така се користи, бидејќи се дели со сите земји-членки на Европската унија. |
Белгија е културен крстопат меѓу германска и романска Европа. Во Белгија се зборуваат холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток. Оваа културна и јазична разновидност се забележува и во комплицираните белгиски институции, како и во политичката историја на земјата. Бројот на жители во Белгија изнесува 10.309.725.
Историја
уредиПред независноста
уредиОд географски аспект, Белгија претставува еден вид крстопат на Европа и во последните 2000 години била сведок на постојаното населување на најразлични народи на нејзината територија. Во Белгија фигурирале Келтите, римјаните и германи. Подоцна, територијата на денешна Белгија била под директно влијание на Франција, Холандија, Шпанија и Австрија.
Првите познати народи кои ја населиле Белгија биле белгите. Белгите се келтски племиња кое дошле од Северна Галија, а во 54 п.н.е. биле подчинети од страна на Гај Јулиј Цезар. По распаѓањето на Римската Импeрија во 5 век, Германите ја населиле римската провинција Галија.Франките овде го формирале своето царство. Царот Кловис I го примил христијанството. Во времето на Карло Велики, територијата на денешна Белгија повторно се наоѓала во неговото царство. Во 800 година, тој бил прогласен за цар на Светото Римско Царство признаен и од самиот папа.
Подоцна, овој регион бил вклучен во териториите на Холандија и Шпанија, додека протестантските покраини добиле независност. Следувало владеењето на Австрија и неколку години под француско владеење во времето на Наполеон Бонапарт. По отстранувањето на Наполеон од власт во 1815 година, Белгија повторно била соединета со северните области на Холандија.
Независна Белгија
уредиВо 1830 година избувнала Белгиската револуција, преку која се создала независна Белгија.
Леополд I за крал бил избран со помош на Велика Британија. Главна одлика на Белгија била нејзината неутралност, која била нарушена во 1914 година, кога била нападната од Германија. Така, таа била приморена да се вклучи во Првата светска војна. Во 1940 Белгија повторно била нападната од Нацистичка Германија, а по крајот на војната нејзината неутралност била изоставена.
Белгија е членка на НАТО пактот и една од основачите на Европската Економска Заедница. Во 1992 година се приклучила кон ЕУ. Од 1830 година таа е независна држава.
Географија и клима
уредиБелгија е држава која се наоѓа во Западна Европа и која се граничи на запад со Северното Море, на север со Холандија, на исток со Германија, на југоисток со Луксембург и на југ со Франција со вкупна должина на границата од 1482 километри. Плоштината на Белгија изнесува 30,510 км2, и според неа се наоѓа на 136 место во светот.
Белгија има морска клима. Просечна температура во Белгија е околу 11,2 °C. Можеме да разликуваме три климатски типови. Просечната температурска разлика меѓу најтоплиот месец и најлданиот месец (лето 16,9 °C ; зима 3 °C). Во централна Белгија владее морска клима. Поголемото растојание на морето е причината за поголемите разлики меѓѕ летните и зимските температури (лето 14,7 °C ; зима 2,5 °C). Околината северно од реката Maas и реката Samber владее таканаречена копнена клима. Јули и август се од прилика најтоплите месеци, а јануари и февруари се најладните месеци во целата година. Зимите во високите Ardennen се остри и долги. Просечната количина на дожд во целата година е околу 852 mm. Просечниот број на денови во кој паѓа дожд е меѓу 75 и 90 денови. Максималната дебелина на снегот е околу 6 cm на крајбрежјето, а околу 30 cm на некој повисоки места на Ардените, додека просечниот број на сончеви часови во целата година изнесува околу 1392.
Политички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиБелгија се дели на региони,провинции и јазични области.
Региони во Белгија
уредиРегиони во Белгија се: Фландрија, Валонија и градот Брисел.
Провинции во Белгија
уредиГрадот Брисел не припаѓа на ниту една провинција.
Провинција | Површина (км2) | Население | Главен град |
---|---|---|---|
Антверпен | 2.867 | 1.605.167 | Антверпен |
Западна Фландрија | 3.134 | 1 106 829 | Брухе (Бриж) |
Источна Фландрија | 2.982 | 1.335.793 | Гент |
Фламански Брабант | 2.106 | 1.037.786 | Левен |
Валонски Брабант | 1.093 | 347.423 | Вавр |
Ено | 3.787 | 1.278.791 | Монс |
Лиеж | 3.862 | 999.646 | Лиеж |
Лимбург | 2.422 | 750.435 | Хаселт |
Луксембург | 4.441 | 232.813 | Арлон |
Намир | 3.365 | 423.317 | Намир |
Јазични единици во Белгија
уредиБелгиски јазични единици се: Фламанска заедница (се зборува холандски јазик, седиште во Брисел), Франкофонска заедница (се зборува француски јазик, седиште во градот Намир) и Германофонска заедница (се зборува германски јазик, седиште во Ојпен).
Главен град
уредиБрисел е главен град на Белгија. Оваа метропола има 2.090.000 жители. Брисел е град со огромно значење, бидејќи претставува седиште на НАТО и на Европската Унија.
Градот Брисел се наоѓа во средишниот дел на Белгија, помеѓу Фландрајската низина и Брабантското плато, на надморска височина помеѓу 15 и 100 метри.
Брисел зафаќа површина од 161,38 км2.
Има густина на население од 7.025/км2.
Стопанство
уредиНаселение, религија и јазик
уредиНаселение и јазици
уредиБелгија има 10,309,725 жители (2009), а густината на населението изнесува 338 жител на км2. Брисел со околу 1,080,790 жители е најголемиот град во земјата.
Во Белгија се зборува холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток.
Религија
уредиПо шпанското освојување од 1592, до повторното воспоставување на верската слобода во 1781 година од страна на Јозеф II од Австрија, Римокатоличката црква била прогласена за единствената легитимна религиозна организација која била дозволена на територијата на денешна Белгија. Сепак, мал број на протестантски групи успеале да опстојат и истите главно се задржиле во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт [7].
Религијата била една од разликите кои се појавиле помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север предводен од страна на Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна сметка, унијата се распаднала во 1830 година по создавањето на новата белгиска држава. По 1830 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во политичкиот живот на Белгија. Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“ („guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954 до 1958.
Друг важен настан што се случил е од 1990, кога религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на белгискиот парламент за легализација на абортусот[8]
Денеска, во Белгија католицизмот е најголема религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот број на население. Други религии во земјата се исламот, протестантството и јудаизмот.
Култура
уредиВо книжевноста се застапени фламанската и француската книжевност.Најпознати средновековни книжевници се Филип де Комин и Жан Фроасар. Најпознати книжевници од деветнаесеттиот век се Шарл де Костер,Емил Верхерен и Хендрик Консијенс,а од дваесеттиот век грофот Морис Метерлинк.
Белгија е земја која дала значителен придонес во развојот на ликовната уметност.Особено плодни биле периодите на раното холандско сликарство,Фламанската ренесанса и барокот,како и во архитектурата особено за време на готичката архитектура,ренесансата и барокот.Всушност Белгија е еден од центрите на ренесансата во петнаесеттиот и шеснаесеттиот век.Најпознати сликари во овој период биле браќата Хуберт и Јан ван Ајк,Рохир ван дер Вејден и Питер Бројгел постариот.Во времето на барокот,односно во седумнаесеттиот век најмногу се истакнувале Петер Паул Рубенс и Антонис ван Дајк.
Белгискиот архитект Виктор Хорта имал големо влијание врз развојот на архитектурата во дваесеттиот век во Европа.
Фестивалите се многу важен дел од белгиската култура. Најпознат е карневалот во Бинш.
Белгија како тема во уметноста
уредиВо своето дело „Мирни денови во Клиши“, американскиот писател Хенри Милер вели дека „Белгијците не се инетерсни“.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Government type: Belgium“. The World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 19 December 2011.
- ↑ „Bevolkingscijfers per provincie en per gemeente op 1 januari 2016/Chiffres de la population par province et par commune, a la date du 1er Janvier 2016“ (PDF). Statistics Belgium, Federal Public Service Economy. 24 January 2016. Посетено на 24 March 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Belgium“. International Monetary Fund. Посетено на 1 October 2016.
- ↑ „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 13 August 2013.
- ↑ „Human Development Report 2015“ (PDF). United Nations. Посетено на 14 December 2015.
- ↑ The Belgian Constitution (PDF). Brussels, Belgium: Belgian House of Representatives. May 2014. стр. 63. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-08-10. Посетено на 10 September 2015.
- ↑ ((Наведена мрежна страница | url = http://www.dick.wursten.be/reformatie_nl.htm%7Ctitle[мртва врска] = "Де Reformatie во vogelvlucht" или како фламански протестантството се повлекле кон Север (на холандски) | автор = Френк Роз (инспектор на протестантска веронаука) | accessdate 2008/04/10 =))
- ↑ New York Times, 5 април 1990. „Belgian King, Unable to Sign Abortion Law, Takes Day Off“. Посетено на 2008-04-10.
- ↑ Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 60.
Надворешни врски
уреди- Патување во Белгија Архивирано на 12 март 2019 г.
- Интерактивна карта на Брисел
Земји кои го образуваат Бенелукс |
---|