Мпумаланга
Мпумаланга | |
---|---|
Површина | 79,490 км2 |
Население | 3,122,994 |
Јазици: | Свати (30,8%) зулу (26,4%) ндебеле (12,1%) сепеди (10,8%) |
Раси: | Црнци (92.4%) Белци (6.5%) Обоени (0.2%) Азијатци (0.2%) |
Главен град: | Нелспруит |
Најголем град: | Нелспруит |
Премиер: | Табанг Макветла (АНК) |
Мпумаланга (чиешто географско преименување од Источен Трансвал се случи на 24 август 1995) е покраина во ЈАР. Името значи "место каде што изгрева Сонцето" на јазикот Зулу. Мпумаланга лежи во источна ЈАР, северно од Натал и граничи со Свазиленд и Мозамбик. Таа е 6.5% од вкупната површина на ЈАР. На север граничи со Лимпопо, а на запад со Фристејт и Гаутенг. Главен град е Нелспруит. До 1994 Мпумаланга беше дел од покраината Трансвал.
Змејските Планини ја делат Мпумаланга на западна половина која се состои главно од тревни површини, опфатени со името Хајвелд и источна половина која се наоѓа на ниска алтитуда. Јужната половина на Кругерскиот национален парк е сместена во источната половина на Мпумаланга.