Lufthansa CityLine
Lufthansa CityLine GmbH е авиокомпанија заснована во Келн, Германија. Авиокомпанијата е регионална авиоподружница на Луфтханза и член на Луфтханза Регионал мрежата. Lufthansa CityLine е најголемата регионална авиокомпанија во Европа. Главна база е Аеродромот Келн/Бон, со централи на аеродромите во Хамбург, Франкфурт, Диселдорф и Минхен.
| |||||||
Основан | 1958 as Ostfriesische Lufttaxi [1] | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Франкфурт Минхен | ||||||
Поважни градови | Сите главни Германски аеродроми | ||||||
Програма за чести летачи | Miles & More | ||||||
Аеродромски салон | Senator Чекална | ||||||
Сојуз | Star Alliance | ||||||
Летала | 72 (+45 нарачки) | ||||||
Одредишта | 75 | ||||||
Матично претпријатие | Deutsche Lufthansa AG | ||||||
Седиште | Келн, Германија | ||||||
Раководство | Волфганг Меирхубер (CEO), Д-р Карл Лудвиг Клеј | ||||||
Мрежо место | http://www.lufthansacityline.com/ |
Историја
уредиАвиокомпанијата беше оформена од страна на Ostfriesische Lufttaxi (OLT) ВО 1958 година, и го доби името Ostfriesische Lufttransport (OLT) во 1970. Беше преименувана и реорганизирана како DLT Luftverkehrsgesellschaft mbH на 1 октомври 1974 и започна да соработува со Луфтханза во 1978 година со операции на кратки одредишта. Во Март, 1992, авиокомпанијата постана целосна регионална подружница на Луфтханза и беше преименувана во Lufthansa CityLine.
Одредишта
уредиЗаклучно си јули 2007, Lufthansa CityLine сообраќа на следниве одредишта:
- Домашни одредишта: Берлин, Бремен, Келн/Бон, Дрезден, Диселдорф, Франкфурт, Фридрихсхафен, Хамбург, Хановер, Лајпциг/Хале, Минхен, Минстер, Нирнберг, Падерборн, Штутгарт
- Меѓународни одредишта:Амстердам, Балатон, Барселона, Базел, Бастија, Белград, Берген, Билбао, Бирмингем, Бордо, Борнхолм, Братислава, Брисел, Будимпешта, Каљари, Копенхаген, Днипро, Донецк, Фиренца, Гдањск, Женева, Гетеборг, Хелсинки, Катовице, Киев, Краков, Линц, Лондон, Лион, Мадрид, Манчестер, Марсеј, Милано Малпенза, Наполи, Њукеј, Њукасл, Ница, Олбија, Осло, Париз Де Гол, Прага, Рим Фјумичино, Ростов, Сараево, Софија, Ставангер, Стокхолм, Тимисоара, Тирана, Тулуза, Валенсија, Верона, Виена, Варшава, Вестерланд, Вроцлав, Ереван, Загреб, Инвернес, Цирих.
Флота
уредиФлотата на Lufthansa CityLine ги вклучува следниве авиони:
- 18 Avro RJ85ER
- 10 Bombardier CRJ-100LR
- 12 Bombardier CRJ-200LR
- 20 Bombardier CRJ-700ER
- 12 Bombardier CRJ-900 (уште 15 нарачки)
Просечната старост на авионите е 8.3 години. На 22 Ноември, 2008, Lufthansa CityLine донесе одлука да ја намали својата Bombardier CRJ200 флота за околу 60% до средината на 2009. Причината позади таа одлука беше дека авионите станале премногу скапи за одржување.
Надворешни врски
уреди- Lufthansa CityLine Архивирано на 11 мај 2008 г.
- Lufthansa Group Архивирано на 1 октомври 2009 г.