Прејди на содржината

Американски англиски јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16: Ред 16:
Најголемиот број на северноамериканските говори се ротични или вевни, како што бил англискиот во [[17 век]]. Ротичноста била поддржана од Hiberno-English, West Country English и Scottish English, како последица на тоа што многу региони во Англија во тој период користеле ротични акценти. Губењето на последната согласка r во Северна Америка е најзабележително во говорот на eastern New England, New York City и во околните реони на овие говори, како и во крајбрежјето на Југот и во African American Vernacular English. Во реонот на tidewater Virginia и источна New England, „r“ е не-ротично во акцентираните ( “bird”, “work”, “first”, “birthday” ) како и во неакцентираните слогови. Исто така оваа појава е во опаѓање кај помладата популација говорители. Испуштањето на согласката „r“ понекогаш се случува и во домородните ротични дијалекти доколку „r“ се наоѓа во неакцентирани слогови или зборови и следниот слог или збор почнува со согласка.
Најголемиот број на северноамериканските говори се ротични или вевни, како што бил англискиот во [[17 век]]. Ротичноста била поддржана од Hiberno-English, West Country English и Scottish English, како последица на тоа што многу региони во Англија во тој период користеле ротични акценти. Губењето на последната согласка r во Северна Америка е најзабележително во говорот на eastern New England, New York City и во околните реони на овие говори, како и во крајбрежјето на Југот и во African American Vernacular English. Во реонот на tidewater Virginia и источна New England, „r“ е не-ротично во акцентираните ( “bird”, “work”, “first”, “birthday” ) како и во неакцентираните слогови. Исто така оваа појава е во опаѓање кај помладата популација говорители. Испуштањето на согласката „r“ понекогаш се случува и во домородните ротични дијалекти доколку „r“ се наоѓа во неакцентирани слогови или зборови и следниот слог или збор почнува со согласка.


== Зборовен фонд ==
==Вокабулар==


Северна Америка произвела илјадници фрази и зборови за Англискиот лексикон. Неколку илјади такви денеска се користат во Англија како интернационализми; други пак, изумирале само неколку години по нивното креирање.
[[Северна Америка]] произвела илјадници фрази и зборови за англискиот лексикон. Неколку илјади такви денеска се користат во Англија како интернационализми, други пак, изумирале само неколку години по нивното креирање.


==Креацијата на Американски лексикон==
==Креацијата на Американски лексикон==

Преработка од 12:37, 23 јули 2010

Американскиот англиски јазик (англиски: American English или U.S. English) e групи на дијалекти на aнглискиот јазик употребувани најчесто во Соединетите Американски Држави и Канада.

Англискиот јазик е најчесто употребуван јазик во Соединетите Американски Држави. Покрај тоа што федералната влада на САД нема свој официјален јазик, англискиот се смета како де факто официјален јазик во САД поради неговата широка употреба. Англискиот јазик има официјален статус во 30 од 50 сојузни држави на САД.

Употребата на англискиот јазик во САД е дојден со британската колонизација на Северна Америка. Првиот бран на доселеници кои зборувале англиски пристигнал во Северна Америка во 17 век. Во тој период во Северна Америка исто така постоеле народи кои зборувале шпански, француски, холандски, германски, норвешки, шведски, шкотски, ирски, велшки, фински, руски (во Алјаска) и бројни староседелски јазици.


Фонологија

Споредено со варијантата на англискиот кој се зборува во Англија, северноамериканскиот англиски е скоро еднороден. Некои посебни акценти може да се најдат на источниот брег на САД, првенствено поради тоа што овие региони биле во контакт со Англија и го презеле т.н. престижниот Британски англиски јазик во периодот кога тој јазик претрпувал промени.

Најголемиот број на северноамериканските говори се ротични или вевни, како што бил англискиот во 17 век. Ротичноста била поддржана од Hiberno-English, West Country English и Scottish English, како последица на тоа што многу региони во Англија во тој период користеле ротични акценти. Губењето на последната согласка r во Северна Америка е најзабележително во говорот на eastern New England, New York City и во околните реони на овие говори, како и во крајбрежјето на Југот и во African American Vernacular English. Во реонот на tidewater Virginia и источна New England, „r“ е не-ротично во акцентираните ( “bird”, “work”, “first”, “birthday” ) како и во неакцентираните слогови. Исто така оваа појава е во опаѓање кај помладата популација говорители. Испуштањето на согласката „r“ понекогаш се случува и во домородните ротични дијалекти доколку „r“ се наоѓа во неакцентирани слогови или зборови и следниот слог или збор почнува со согласка.

Зборовен фонд

Северна Америка произвела илјадници фрази и зборови за англискиот лексикон. Неколку илјади такви денеска се користат во Англија како интернационализми, други пак, изумирале само неколку години по нивното креирање.

Креацијата на Американски лексикон

Процесот на создавање нови зборови почнал со тоа што колонистите почнале да позајмуваат имиња за непознатата флора, фауна, топографија од Домородните Американски јазици. Примери на имиња како opossum, raccoon, squash и moose. Други позајмени зборови од домородците, како на пример wigwam или moccasin, обајснувале обични предмети кои биле во секојдневна употреба помеѓу домородците. Јазиците на другите колонијални нации исто така допринеле за Американскиот речник; како на пример зборовите cookie, cruller и stoop од Холандскиот; Leeve, portage, gopher од Францускиот; barbecue, rodeo, stevedore од Шпанскиот.

Морфологија

Американскиот Англиски отсекогаш покажувал тенденција кон употреба на именки во вид на глаголи. Примери од глаголски именки се: interview, advocate, vacuum, lobby, pressure, rear-end, transition, feature, profile, spearhead, skyrocket, showcase, service (во смисол на кола), corner, torch, factor (во математиката), author (збор , кој исчезнал во Англискиот околу 1630 година и бил оживеан во САД три века подоцна).


Соединенија од зборови создадени во САД се , на пример : foothill, flatlands, badlands, landslide (во секоја смисла), overview (како именка), backdrop, teenager, brainstorm, bandwagon, hitchhike, smalltime, deadbeat, frontman, lowbrow and highbrow, hell-bent, foolproof, nitpick, about-face (подоцна добил улога на глагол), upfront (во секоја смисла), fixer-upper, no-show; многу од овие се фрази кои се користат како прилози или (често) како атрубутни придавки. non-profit, for-profit, free-for-all, ready-to-wear, catchall, low-down, down-and-out, down and dirty, in-your-face, nip and tuck.

Многу именски соединенија се составени од глагол плус предлог : add-on, stopover, lineup, shakedown, tryout, spin-off, rundown, shootout, holdup, hideout, comeback, cookout, kickback, makeover, takeover, rollback ("намалува"), rip-off, come-on, shoo-in, fix-up, tie-in, tie-up ("застој"), stand-in. Овие изрази се наречени phrasal verbs; некои предлошки и фразални глаголи се всушност од Американско потекло : spell out, figure out, hold up, brace up, size up, rope in, back up/off/down/out, step down, miss out on, kick around, cash in, rain out, check in и check out (во секоја смисла), fill in ("информира"), kick in ("придонесува"), square off, sock in, sock away, factor in/out, come down with, give up on, lay off (“од вработување”), run into и across, stop by, pass up, put up (“пари“), set up ("рамки"), trade in, pick up on, pick up after, lose out.


Англиски зборови кои преживеале во САД

Во периодот на 17ти век, Англиската имиграција во колониите во Северна Америка го достигнала врвот и новите доселеници го земале својот јазик со нив. На пример англискиот збор fall (есен) постепено се губел во Британија, додека во Северна Америка станувал се поупотребуван. Gotten (past participle од глаголот get) се сметало дека е Американизам, но има некои региони во Британија, како што се Lancashire и North-eastern England кои се уште го користат тој израз од минатото. Исто така користат putten (како past participle од put), израз кој во Америка е најчесто одбегнуван.

Други зборови и значења биле одново донесени во Британија, најинтензивно во втората половина на 20от век. Зборови како hire ("вработува"), quit ("престанува"), guess (славно критикуван од H.W. Fowler), baggage, hit (место), и прилозите overly и presently ("моментално").

Разлики помеѓу Британски Англиски и Американски Англиски

Американскиот Англиски и Британскиот Англиски се различни на поле на: фонологија, фонетика, вокабулар и помалку различни во граматика и пишување. Разликите во граматиката се релативно мали и нормално, не претставуваат пречка во меѓусебното разбирање. Тука се вклучени: различна употреба на некои verbal auxiliaries, формален договор околу збирните именки, различни завршетоци на некои глаголи во минато време (на пример learned/learnt, burned/burnt), различни предлози и прилози во даден контекст ( на пример AmE: in school; BrE: at school) Разликите во пишувањето се исто така многу мали. Само неколку зборови се различни (на пример: color/colour, center/centre, traveler/traveller итн.)