Алхемија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
#WPWP #WPWPMK |
с ставена Категорија:Херметизам користејќи го HotCat |
||
Ред 15: | Ред 15: | ||
[[Категорија:Окултизам]] |
[[Категорија:Окултизам]] |
||
[[Категорија:Алхемија| ]] |
[[Категорија:Алхемија| ]] |
||
[[Категорија:Херметизам]] |
Преработка од 09:32, 12 октомври 2021
Алхемија е рана протонаучна практика во која биле комбинирани елементи на хемија, физика, астрологија, уметност, семиотика, металургија, медицина, мистицизам, и религија. Алхемичарите тежнееле кон остварување на три цели. Најпозната цел на алхемијата е остварувањето на трансмутација на било кој метал во злато или сребро. Алхемичарите исто така се обиделе да создадат еликсир, универзален лек што би ги лечел сите болести и би го продолжил човечкиот живот неограничено. Философскиот камен бил клуч за овие цели. Оваа мистична супстанца што наводно била и прав и течност во форма на камен, можела да ги оствари и двете цели. Третата цел била создавање на човечки живот. Алхемијата може да се смета како претходник на модерната хемија пред формулацијата на научниот метод.
Алхемијата како тема во уметноста и во популарната култура
Алхемијата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Алхемичар“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[1]
- „Алхемија“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
Наводи
|