Прејди на содржината

КК Работнички

Од Википедија — слободната енциклопедија
КК Работнички
ЛигаПрва лига
Основан1946
МестоСкопје
Бои на клуботцрвена и бела
ТренерЕмил Рајковиќ
Позиција 2012/13полуфинале
3ти Супер Лига
Прваци14 (Прва лига), 8 (Куп)
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Работнички е македонски кошаркарски клуб од Скопје, Македонија. Клубот е освојувач на 14 првенствени титули и 8 куп титули. Домашен терен на клубот е салата "Градски Парк".

Историја

Кошаркарскиот клуб „Работнички“ е основан во 1946 година благодарение на Славко Матовски кој „собрал“ група млади ентузијасти и ги подучувал за тајните на овој спорт. Од основањето на клубот повеќе години машката екипа на „Работнички“ (Славко и Никола Матовски, Лазаревиќ, Луковски – Аџија, Христовски, Стојановски, Димовски, Стефан и Тошо Тодоровски, Димовски, Атанасовски…) се обидуваше да се пласира во елитната Југословенска кошаркарска лига и клубот освојува 7 шампионски титули шампион на Македонија 1947,1948,1949,1950,1951,1952 и 1953 година. Во 1953 година тоа и и` успеа. “Работнички“ се натпреваруваше во Првата сојузна лига – Исток, но само една сезона. Од тоа време вреди да се напомни и третото место на Државното младинско првенство во 1957 година. Се раѓаше нова генерација (Књазев, Фишиќ, Н.Матовски, Дрнков, Мастен, Мировски, Лечиќ…) која го освои шампионатот на Македонија по 8ми пат вo 1961 година и дури во 1964 година се избори за правото да членува повторно во елитната Прва сојузна лига. Во Првата сојузна југословенска кошаркарска лига екипата на “Работнички“ играше постојано од 1965 година до распаѓањето на Југославија. Од 1963 година до 1970 година за репрезентацијата на поранешна Југославија настапуваа Ј.Луковски и С.Андоновски, а во периодот од 1970 до 1977 година: Боцевски, Радосављевиќ, Георгиевски, Ковачевиќ и Радуловиќ, а Благоја Георгиевски е еден од најистакнатите спортисти на Македонија и еден од ретките македонски спортисти кој ја носи највисоката спортска титула – заслужен спортист на поранешна Југославија. Во тој период од 1975-1976 година учествува во полуфиналето на Европскиот куп на Купот на Победници. По распаѓањето на Југославија дојде и до распаѓање на Првата југословенска кошаркарска лига, а кошаркарските клубови од Републиката своите натпревари ги продолжија во рамките на Републиката. Во државното првенство во 1992/93 од двете кошаркарски лиги – Исток и Запад првите четири екипи од двете групи го обезбедија учеството во Првата мак-партнер кошаркарска лига. Во рамките на оваа лига екипата на “Работнички“ е до денес апсолутен фаворит кој постојано се наоѓа на првото место во Државата. Од постоењето на КК “Работнички“ до денес низ овој Клуб продефилирале голем број кошаркари кои, секој на свој начин, дадоа придонес во развивањето на кошаркарскиот спорт во Македонија и влијаеле на успехот на КК “Работнички“.Кошаркарскиот клуб Работнички е основан во 1946 како дел од ЖСД Работнички и е најстар кошаркарски клуб во Македонија. Во историјата клубот го менува името во зависност од неговиот спонзор, од оформувањето на Првата лига (1992) па се до 2001 година клубот настапува како КК Годел Работнички, под покровителство на "Годел" клубот освојува девет шампионски титули. По заминувањето на Годел како нов спонзор на клубот доаѓа "Фершпед" со кој како главен спонзор се до 2009 година клубот освојува 5 шампионски титули. Oд 2009 до 2010 година Работнички останува без генерален спонзор. До денешен ден Работнички е кошаркарски предводник во самостојна Македонија со 14 лига-титули и 8 куп-титули. 2010/11 нов генерален спонзор на клубот е КУБУС, а исто така клубот го помага и Тинекс и Општина Центар. По две сезони Кубус си замина и во сезоната 2012/13 кошаркарскиот клуб Работнички се трансформираше во А.Д. Со нова управа и нов спонзорски тим предводен од Општина Центар, Работнички е на добар пат да се врати во полн сјај. Спортски директор Дејан Јовановски, тренер Емил Рајковиќ.

Постигнувања

Актуелна сезона 2013/2014

Составот на Работнички за сезоната 2013/2014

број име висина цм позиција година држава претходен клуб
6 Дарко Соколов 190 Б 1986 Македонија Македонија КК Фени Индустри
7 Александар Димитровски 193 Б 1980 Македонија Македонија КК Кожув
23 Руди Мбемба 184 Б 1987  Шведска КК 08
9 Душан Кнежевиќ 207 Ц 1980  Србија КК Конкордија
24 Јане Петровски 181 Б 1987 Македонија Македонија МЗТ Аеродром
11 Владимир Брчков 200 К 1989 Македонија Македонија КК Фени Индустри
10 Марко Симоновски 192 К 1989 Македонија Македонија КК Фени Индустри
40 Синиша Аврамовски 209 Ц 1985 Македонија Македонија МЗТ Аеродром
12 Марјан Ѓуров 201 К 1980 Македонија Македонија КК Фени Индустри
8 Стефан Крстевски 190 Б 1993 Македонија Македонија КК Торус

Поврзано

Надворешни врски