Прејди на содржината

Дикварк

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во честичната физика, дикварк или дикваркна корелација, е хипотетичка состојба на два кваркови групирани во барион (кој се состои од три кваркови) . Соодветните модели на барионите се нарекуваат кварк-дикваркни модели. Дикваркот честопати се третира како една честичка со која третиот кварк заемнодејствува преку силното заемодејство. Постоењето на дикваркови во нуклеоните е спорно прашање, но помага да се објаснат некои својства на нуклеоните и да се потврдат експерименталните податоци осетливи за структурата на нуклеоните. Парот дикварк-антидикварк, исто така, сепретпоставува дека се среќаваат кај аномалните честички како што е Х (3872).

Создавање

[уреди | уреди извор]

Силите меѓу двата кварка во диркваркот се привлечни кога и боите и спиновите се антисимметрични. Кога двата кварка се поврзуваат на овој начин тие имаат тенденција да создаваат многу ниска енергетска конфигурација. Оваа ниска енергетска конфигурација станала позната како дикварк.

Контроверзност

[уреди | уреди извор]

Многу научници теоретизираат дека дикваркот не треба да се смета за честичка. Иако тие може да содржат два кваркови, тие не се неутрални по боја и затоа не можат да постојат како изолирани сврзни состојби. Така, наместо тоа, тие имаат тенденција слободно да се движат во хадроните како сложени ентитети; Додека слободно лебдат/пловат имаат големина од околу 1 fm. Исто така се случува кваркот да биде со иста големина како самиот хадрон.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Дикварковите се замислени како градежни блокови, и како такви им даваат на научниците принцип на подредување за најважните состојби во хадронскиот спектар. Постојат многу различни докази кои докажуваат дека дикварковите се основата во структурата на хадроните. Еден од најинтересните докази доаѓа од неодамнешното изучување на барионите. Во ова изучување барионот имал еден масивен и два лесни кваркови. Со оглед на тоа дека масивниот кварк е инертен, научниците успеале да ги препознаат својствата на различните кваркови конфигурации во хадронскиот спектар.

Λ и Σ барионски експеримент

[уреди | уреди извор]

Спроведен е експеримент со користење на дикваркови во обид да се проучат Λ и Σ-бариони кои се создадени при создавањето на хадрони создадени од брзодвижечките кваркови. Во експериментот кварковите ја јонизираат вакуумската област. Ова создава парови на кварк-антикварк, кои потоа се претвораат во мезони. Кога се создава барион со собирање на кваркови, корисно е ако кварките прво формираат стабилна состојба со два кваркови. Λ и Σ се создаваат како резултат на горни, долни и волшебни кваркови. Научниците откриле дека Λ го содржи дикварот [ud], но Σ не. Од овој експеримент научниците заклучиле дека Λ-барионите се почести отколку Σ- барионите, и навистина тие се почести за фактор 10.

  • D. B. Lichtenberg; W. Namgung; E. Predazzi; J. G. Wills (1982). „Baryon Masses In A Relativistic Quark-Diquark Model“. Physical Review Letters. 48 (24): 1653–1656. Bibcode:1982PhRvL..48.1653L. doi:10.1103/PhysRevLett.48.1653.
  • R. Rapp; T. Schëfer; E. Shuryak; M. Velkovsky (1998). „Diquark bose condensates in high density matter and instantons“. Physical Review Letters. 81 (1): 53–56. arXiv:hep-ph/9711396. Bibcode:1998PhRvL..81...53R. doi:10.1103/PhysRevLett.81.53.