Карло IV (Шпанија)
Карлос IV бил крал на Шпанија во периодот од 1788 до 1808 година. Карлос е роден на 11 ноември 1748 година во Портичи, Италија. Негов татко е Карлос III од Шпанија а мајка му е Марија Амалија Саксонска. Во 1759 година починал неговиот чичко а воедно и крал на Шпанија, Фернандо IV од Шпанија не оставајќи наследник. Така, престолот го добил неговиот татко Карлос III а престолот во Неапол и Сицилија бил предаден во рацете на Фернандо IV Сицилијански. Целото му семејство се преселило во Мадрид, а Карлос ја добил титулата принц на Астурија, која се давала за идниот престолонаследник. Обично оваа титула се давала на најголемиот машки потомок, но бидејќи брат му Филип бил ментално болен, во овој случај била направена отстапка. На 4 септември 1765 година Карлос се оженил за Марија Амалија Саксонска, внука на Луј XIV од која имал петнаесет деца. На 14 декември 1788 година Карлос станал новиот крал на Шпанија, но со кралството повеќе управувал љубовникот на жена му, министерот Мануел Годој. Во негово време, тој престолот го наследува во услови кога Шпанија се затегнати односите во Велика Британија поради подкрепата на Франција во Седумгодишната војна. Во 1789 година, во Франција избувнала револуција. По доаѓањето на власт на Наполеон Бонапарт, односите помеѓу Франција и Шпанија се изладиле, притоа бил потпишан договор според кој Шпанија загубила повеќе. таа била принудена да се вклучи во војната против Велика Британија. Следувало разделувањето на членовите на кралскиот двор на две фракции. Првата, на чело со министерот Годој била профранцуска и другата, престолонаследникот Фернандо. Но, по смртта на неговата сопруга, Фернандо се ориентирал кон втор брак од ложата на Наполеон, а министерот Годој заземал проанглиска линија. Така, во 1808 година Карлос IV бил принуден да абдицира во корист на неговиот син во Марсеј а потоа и во Рим, каде починал на 20 јануари 1819 година.
|