Портал:Инженерство
ИНЖЕНЕРСТВО
Инженерството е наука и професија која што практично го применува стекнатото научно и техничко знаење за да дизајнира и изгради разни материјали, структури, уреди, системи и процеси и со кои се подобрува човечкиот живот. Професионалците кои работат во оваа област се наречени 'инженери'.
Избрана статија
Мансарда во архитектурата се однесува на стил на закривен покрив кој се одликува со два нагиба на секоја од четирите страни на покривот. Долниот нагиб е речиси вертикален, многу пострмен од горниот, додека горниот нагиб е невидлив од улицата и е закосен минимално, колку да може да ја одлева водата. Ваквиот покрив дава можност за максимална искористеност на поткровјето и се смета за практичен начин на додавање спрат на една зграда. Декоративниот потенцијал на мансардата често се искористува со конкавни или конвексни криви линии и богато украсени баџи.
Овој стил станал популарен во Франција со делото на архитектот Франсоа Мансар (1598–1666). Тој е изумителот на овој вид на покрив и затоа самниот го носи неговото име (toiture à la Mansarde) или само „мансарда“. прочитај повеќе
Дали знаете...
...дека PLC управувачот беше измислен за да ги задоволи потребите во автомобилската индустрија.
...дека зборот робот потекнува од чешкиот збор 'робота' во буквален превод значи "тешка работа" или општо земено "само-сработано".
...дека во 1963 е донесена одредба според која тестовите на јадреното оружје мора да се спроведуваат исклучиво под земја.
...дека Тјуринговите машини се апстрактни машини кои покрај нивната едноставност можат да бидат приспособени да ја симулираат логичката улога на секој можен компјутер. Практично тие никогаш не биле конструирани.