Саша Модоло
Модоло на Три дена Де Пане 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Саша Модоло | ||
Роден | 19 јуни 1987 Конељано, Италија | ||
Висина | 1,80 м | ||
Маса | 67 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Професионални клубови | |||
2010–2013 2014–2017 2018- | Колнаго-ЦСФ Инокс Лампре-Мерида ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 7 октомври 2018 |
Саша Модоло (италијански: Sacha Modolo; р. 19 јуни 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Колнаго-ЦСФ
[уреди | уреди извор]Во пролетта 2010, стигнал до четвртото место на велосипедскиот монумент Милано-Санремо, забележувајќи го престижниот пласман.[2] По добрите резултати, блиски до победа во 2010, следеле победи во 2011, пред сè етапи на трки како што се Трката околу Данска, Трката околу езерото Кукунор, Сетимана Сиклистика Ломбарда и Џиро ди Паданија. Во 2012[3], бидејќи тој и неговите колеги се натпреварувале за место на Џиро д’Италија, Мадоло ја освоил шестата етапа на Трката околу Турција со спринт. Кога ја поминал линијата, го ставил неговиот палец во устата, посветувајќи ја победата на неговата бремена девојка.[4]
Во 2013, Модоло ја започнал годината со победа на втората етапа на Тур де Сан Луис, победувајќи го спринтерот Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) во завршницата со блага нагорнина со неколку кривини. Модоло признал по етапата дека го проучувал пристигнувањето преку разговор со други возачи во текот на трката.[5]
Лампре-Мерида
[уреди | уреди извор]Модоло го напуштил Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[6] Во 2015 година, Модоло го постигнал првиот успех на петтата етапа на Трката околу Турција, освојувајќи го спринтот.[7] Ги забележал првите две победи на некоја голема трка на Џиро д’Италија, освојувајќи ги тринаесеттата и седумнаесеттата етапа.[8] За неговата победа на етапата 13 изјавил дека била негова судбина да победи во Језоло бидејќи бил негов роден крај.[9]
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-)
[уреди | уреди извор]Во септември 2017 година било објавено дека Модоло ќе се приклучи на екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак за сезоната 2018.[1]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2006
- 1. Џиро дел Касентино
- 2010
- 4. Џиро дел Фриули
- 3. Етапа 7 Тирено-Адријатико
- 4. Милано-Санремо
- 3. Џиро дел Венето
- 2011
- 2. Ронд ван Дрент
- 2. Трка околу езерото Кукунор
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 1 Трка Бриксија
- 1. 2 етапи на Трка околу Данска
- 1. Копа Агостони
- 2012
- 1. Копа Берноки
- Трка околу Австрија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 6 Трка околу Турција
- 1. Етапа 2 Џиро ди Паданија
- 1. Бодовен пласман Сиркут де ла Сарт
- 2013
- 1. Копа Берноки
- 1. Меморијал Марко Пантани
- Трка околу езерото Киншај
- 1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
- 2. Класик РајдЛондон-Сари
- 2014
- 1. Трофео Палма
- 1. Трофео Сес Салинес
- Три дена Де Пане
- 1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
- 1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 5 Тур де Свис
- 1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
- 4. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
- 8. Милано-Санремо
- 2015
- 1. Етапа 5 Трка околу Турција
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 13
- 1. Етапа 17
- 1. Краен пласамн Трка околу Хајнан
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 6. Гран Пиемонт
- 9. Гран при де Фурмје
- 2016
- Трка околу Турција
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 2 Чешка велосипедска трка
- 4. Бриселски велосипедски класик
- 2017
- 1. ГП Кантон Аргау
- Трка околу Хрватска
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 2 Трка околу Полска
- 6. Трка околу Фландрија
- 10. Гент-Вевелгем
- 2018
- 1. Етапа 3 Вуелта а Андалусија
- 7. Јуроајс Класик
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | СО | СО | 138 | 125 | — | 126 | 84 | СО | 88 |
Тур | — | — | — | — | СО | — | — | — | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | 131 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Modolo signs two-year deal with EF Education First-Drapac“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 септември 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
- ↑ Freire gives Oscar-winning performance in Milan - San Remo, cyclingnews.com, 20 март 2010.
- ↑ „Колнаго-ЦСФ Инокс“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 13 јануари 2012.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/presidential-cycling-tour-of-turkey-2012/stage-6/results
- ↑ „Modolo wins dash to Terraza del Portezuelo in Tour de San Luis“. CyclingNews. Future Publishing Limited. 22 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 23 јануари 2013.
- ↑ „Модоло му се приклучи на Тим Лампре-Мерида“. Лампре-Мерида. CGS Cycling Team AG. 16 август 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 17 август 2013.
- ↑ „Трка околу Турција: Модоло спринташе за победа на етапата 5“. Cyclingnews.com. Future plc]]. 30 април 2015. Посетено на 30 април 2015.
- ↑ Ричард Виндзор (27 мај 2015). „Саша Модоло спринташе за втора етапна победа на Џиро д'Италија 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 28 мај 2015.
- ↑ Садб О’Ши (23 мај 2015). „Џиро д'Италија: Била моја судбина да победам во Језоло, вели Модоло“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 28 мај 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Саша Модоло“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Саша Модоло“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Саша Модоло“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Саша Модоло“. ProCycling.
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 26 март 2012 г. (француски)