Шестдневна војна
Шестдневна војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Арапско-израелскиот конфликт | |||||||||
Карта на политичката состојба по војната. |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Израел | Египет Сирија Јордан Ирак[3] |
||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Леви Ешкол Моше Дајан Јицак Рабин Узи Наркис Мота Гур Израел Тал Мордехаи Ход Јешајаху Гавиш Ариел Шарон Езер Вајцман Шломо Ерел Давид Елазар | Гамал Абдел Насер Абдел Хаким Амер Абдул Муним Риад Хусеин Заид ибн Шакер Асад Ганма Салах Џадид Нуредин ал-Атаси Абдул Рахман Ариф |
Арапско-израелска војна од 1967 (наречена и Шестдневна војна) — воен конфликт кој се водел помеѓу Израел и арапските соседи Египет, Јордан и Сирија од 5 јуни до 10 јуни 1967 година. Војната завршила со победа на Израел, кој во војната ги зазел Појасот Газа, Синај, Западниот брег и Голанската Висорамнина. Последиците од оваа војна влијаат врз геополитичката ситуација во регионот и денес.
Повод
[уреди | уреди извор]Периодот по Суецката криза не поминувал без конфликти помеѓу Израел и соседните арапски земји. Помеѓу 1965 и 1967 година се случиле низа сериозни инциденти на границата на Израел со Сирија и Јордан. Поддршката на Сирија за терористички напади од страна на палестинската организација Фатах врз еврејското население била повод за израелска инвазија врз арапските држави. Во почетокот на 1967 година, Израел бил цел на напади од страна на сириското воздухопловство главно во Ерусалим, во кои биле срушени и шест сириски авиони.
Тек на војната
[уреди | уреди извор]Шестдневната војна траела од 5 јуни до 10 јуни 1967 г. Од израелска гледна точка, војната била превентивен воен поход, чија цел е зачувување на израелската држава од пропаѓање како и зачувување на идентитетот на Евреите. Војната била многу добро стратегиски разработена и иницирана од страна на генерал Моше Дајан, тогашниот израелски министер за одбрана.
Причина за оваа војна е, од една страна, притисокот на Египет врз мировните сили на ООН, дислоциран по Синајската кампања од 1956 година и новата египетска поморска блокада, која го затвора Акапскиот Залив за израелско пристаниште; а од друга страна, од концентрацијата на арапските армии на израелските граници во мај 1967 година.
Успехот на Израел
[уреди | уреди извор]- Воените напади врз аеродромите во Египет, Сирија, Ирак и Јордан фактички ги уништиле арапските военовоздушни сили на 5 јуни, при кое воздухопловството стигнало дури до Луксор и Ран Банас.
- Египетските тенковски сили биле поразени на Синајскиот Полуостров, а на 7 јуни е преземен и Суецкиот Канал.
- Целиот западен брег на Јордан бил окупиран за еден ден - исто на 7 јуни.
- Израелската армија го зазела градот Кунеитра и навлегле на повеќе од 40 км. во внатрешноста на Сирија.
Резултати од војната
[уреди | уреди извор]- Со поразот на Египет биле ослабени позициите на претседателот Гамал Абдел Насер.
- Израел повторно завладеал со Акапскиот Залив.
- Израел ја уништува опасноста од арапска кампања на сите фронтови.
- Нови 600.000 Арапи паднале под израелска власт во окупираните нови територии: Појасот Газа, Синај, Западниот брег и Голанската Висорамнина.
Последиците од војната директно влијаеле на денешната геополитичка ситуација на регионот. Дипломатски односи помеѓу земјите кои учествувале во оваа војна биле постигнети во 1991 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Milestones: 1961–1968“. Office of the Historian. Посетено на 2018-11-30.
Between June 5 and June 10, Israel defeated Egypt, Jordan, and Syria and occupied the Sinai Peninsula, the Gaza Strip, the West Bank, East Jerusalem, and the Golan Heights
- ↑ Weill, Sharon (2007). „The judicial arm of the occupation: the Israeli military courts in the occupied territories“. International Review of the Red Cross. Cambridge University Press (CUP). 89 (866): 401. doi:10.1017/s1816383107001142. ISSN 1816-3831.
On 7 June 1967, the day the occupation started, Military Proclamation No. 2 was issued, endowing the area commander with full legislative, executive, and judicial authorities over the West Bank and declaring that the law in force prior to the occupation remained in force as long as it did not contradict new military orders.
- ↑ Krauthammer 2007.
- ↑ Oren, p. 237
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- http://www.sixdaywar.co.uk/news_articles-three-soldiers.htm
- http://www.sixdaywar.co.uk
- http://www.youtube.com/watch?v=C4Ooaqtk-Cg Video Clip
- http://www.youtube.com/watch?v=OnsMfKmaizE Video Clip
|
|