Прејди на содржината

Џон Тери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Тери
Тери на Европското првенство во 2012
Лични податоци
Полно име Џон Џорџ Тери
Роден на 7 декември 1980(1980-12-07)(44 г.)
Роден во Баркинг, Лондон, Англија
Висина 1,87м
Позиција одбрана - централен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Челзи
Број 26
Младинска кариера
Сенраб
1991–1995 Вест хем јунајтед
1995–1998 Челзи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998– Челзи 492 (40)
2000 → Нотингем форест 6 (0)
2017– Астон Вила 0 (0)
Репрезентација
2000–2002 Англија U-21 9 (1)
2003–2012 Англија 78 (6)

Џорџ Џон Тери (роден на 7 декември 1980) — англиски професионален фудбалер. Џон Тери е централен бек и е капитен на Челзи во ФА Премиер лигата. Тој исто така бил и капитен на Англиската фудбалска репрезентација, од август 2006 до февруари 2010, и од март 2011 до февруари 2012. Тери важи како физички силен одбранбен играч, со доминантна игра во воздухот и е познат по своите агресивни одземања на топката, позиционирање, водство и неговата способност да ја проценува играта.[1][2][3][4] Тој се смета за еден од најдобрите дефанзивци на неговата генерација.[5][6] Тери беше награден за најдобар фудбалски дефанзивец на УЕФА во 2005, 2008 and 2009 година,[7] како и играч на годината во 2005 година,[8] и беше вклучен во ФИФА Про и ФИФА Светските 11.[9][10][11][12] Тој исто така беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 2006 година, и бил единствен англиски играч во тимот.

Тери во настап за Англија во 2010

За репрезентацијата на Англија одиграл 78 натперавари од 2003 до 2012 година. Тери своето деби за репрезентацијата на Англија го имал во јуни 2003 година против репрезентацијата наСрбија и Црна Гора, додека првиот старт во почетните 11 за Англија го имал на 20 август 2003 година во Ипсвич, на пријателскиот натпревар против Хрватска, Англија победи со 3-1. [се бара извор] Неговиот главен партнер во одбраната бил Рио Фердинанд. [се бара извор] Тој играше за својата земја на повеќе меѓународни првенства како што се : Евро 2004, кога селектор на Англија бил Свен Јеран Ериксон кој изјавил дека Тери бил негов прв избор како централен дефанзивец, заедно со Сол Кембел.[се бара извор]. Исто така бил дел од Светските првенства во 2006 и 2010 година, како и на Европските првенства 2008 и 2012 година.

  1. „John Terry“. ESPN. Архивирано од изворникот на 2015-10-19. Посетено на 18 December 2014.
  2. Harris, Paul (10 July 2012). „How can I be a racist? I have done work with African charities: What Terry told police after arrest on charge of abusing black opponent“. Daily Mail. London. Посетено на 18 December 2014.
  3. Waugh, Chris (26 August 2014). „Wayne Rooney labels John Terry as 'toughest defender' he's faced and Man Utd team-mate Danny Welbeck explains why he's 'dat guy' in Nike Football video“. Daily Mail. London. Посетено на 18 December 2014.
  4. Redknapp, Harry (23 August 2015). „John Terry's leadership is crucial to Chelsea, the game is now full of very, very quiet players“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 13 May 2016.
  5. Miller, David (31 July 2007). „The best 20 England defenders“. The Daily Telegraph. London.
  6. Ashton, Neil (28 January 2014). „Terry's not only the best Chelsea centre back in the Premier League era... he's the best there's been full stop“. Daily Mail. London.
  7. „UEFA Club Defender of the Year“. UEFA. Посетено на 2 November 2009.
  8. „Terry claims player of year award“. BBC Sport. 24 April 2005. Посетено на 15 October 2005.
  9. „Lamps and Terry honoured“. The Football Association. Архивирано од изворникот на 5 May 2014. Посетено на 5 May 2014.
  10. „Ronaldinho regains FifPro crown“. BBC Sport. 6 November 2006. Посетено на 16 December 2006.
  11. „Kaka wins world players' accolade“. BBC Sport. 5 October 2007. Посетено на 7 October 2007.
  12. „Ronaldo wins world players' award“. BBC Sport. 27 October 2008. Посетено на 27 October 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: