Прејди на содржината

Џуџеста планета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плутон, фотографиран од леталото Нови Хоризонти на 13 јули 2015.

Џуџеста планета (планета-џуџе) — астрономски објект со планетарна маса, многу помал од планета, но поголем од астероид. Најпознат пример за вакoв објект е Плутон. Поради повремените нејаснотии за статусот на некои објекти, во 2006 г. научниците[1] решиле да го дефинираат поимот планета. Според таа дефиниција, планета е: небесно тело кое кружи околу Сонцето; има приближно кружна форма; и ја има „расчистено“ околината на својата орбита од други небесни тела. Оние планети кои ги исполнуваат првите два услови, а не го исполнуваат и третиот, се нарекуваат џуџести планети. Во Сончевиот Систем постојат најмалку три џуџести планети.

Сегашни џуџести планети

[уреди | уреди извор]

Досега, Меѓународниот астрономски сојуз класифицирал пет небесни тела како џуџести планети.

  1. Церера Церера – откриен на 1 јануари 1801 (45 години пред Нептун), сметан за планета половина век пред да биде прекласификуван како астероид. Класифициран за џуџеста планета на 13 септември 2006 г.
  2. Плутон Плутон – откриен на 18 февруари 1930, класифициран како планета 76 години. Прекласификуван како џуџеста планета на 24 август 2006 г.
  3. Ерида – откриена на 5 јануари 2005. Наречена „десетта планета“ во медиумите. Прифатена за џуџеста планета на 13 септември 2006 г.
  4. Макемаке – откриен на 31 март 2005. Прифатен за џуџеста планета на 11 јули 2008 г.
  5. Хаумеја – откриена на 28 декември 2004. Прифатена за џуџеста планета на 17 септември 2008 г.
Ерида и Дисномија

Ерида е најголемата позната џуџеста планета во Сончевиот Систем и деветто најголемо тело кое кружи околу Сонцето. Има пречник од 2.400-3.000 км и 27% поголема маса од Плутон. Ерида била откриен во 2005 година во Паломарската опсерваторија и се наоѓа во простор зад астероидниот регион наречен Кајперов Појас. Ерида има една месечина, наречена Дисномија. Растојанието на Ерида од Сонцето е од 38 до 97 пати поголемо од она на Земјата од Сонцето и, со исклучок на некои комети, тоа е најоддалеченото познато тело во Сончевиот Систем.

Плутон и Харон

[уреди | уреди извор]
Плутон и неговите месечини

Плутон е втората по големина џуџеста планета во Сончевиот Систем. Првобитно бил нарекуван планета, но денес се смета за џуџеста планета и најголемо тело во астероидниот регион наречен Кајперов Појас. Како и други тела во тој појас, се состои главно од карпа и мраз и е релативно мал: една третина од волуменот на Месечината. Кружи околу Сонцето по елиптична орбита, помеѓу 30 и 49 пати подалеку од Сонцето отколку што е Земјата. Поради формата на орбитата, Плутон понекогаш е поблиску до Сонцето од осмата планета – Нептун.

Плутон (откриен во 1930) и Харон (откриен во 1978) често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг. Плутон има уште две помали сателити – Никта и Хидра, отркиени во 2005 г.

Мисијата на НАСА Нови хоризонти која е лансирана во 2006-та треба да ги посети и фотографира Харон и Плутон во јули 2015 година.

Церера
Ротацијата на Церера, сликано од Вселенскиот телескоп Хабл со резолуција од околу 30 км. Белата точка е со непознато потекло

Церера е најмалата џуџеста планета во Сончевиот Систем и единствена која се наоѓа во главниот астероиден појас. Таа била откриена во 1801. Со пречник од само околу 950 км, Церера е далеку најголемо тело во астероидниот појас. Неодамнешните набљудувања докажале дека е сферичен, за разлика од другите тела во астероидниот појас кои имаат неправилни форми.

На 27 септември 2007 НАСА ја лансираше сондата за Мисијата Зора која треба да ги истражи до 2015 година Церера и соседниот голем астероид 4 Веста.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]