Адела Блоа
Адела Блоа | |
---|---|
Грофица од Блоа | |
На позиција | 1089 – 19 мај 1102 |
Сопружник | Стефан II Блоа |
Деца | Вилијам Теобалд II Стефан Луција Махут Агнија Блоа Елеонора Блоа Алиса Lithuise of Brai, Viscountess of Troyes Филип Хенри Блоа |
Династија | Норманска династија |
Татко | Вилијам I |
Мајка | Матилда |
Адела, исто така познатa ѝ како Адела Блоа (околу 1062 или 1067 - 8 март 1137) била принцеза на Англија, а по стапувањето во брак и грофица од Блоа и Шартер. Таа била ќерка на англискиот крал Вилијам I и неговата сопруга Матилда.
Од бракот со Стефан Хенри, се родил идниот крал на Англија, Стефан I, како и Хенри Блоа, епископ на Винчестер.
Адела е родена во периодот од 1060 до 1064 година. Според некои, годината на нејзиното раѓање е 1066 година. Во приватниот живот, таа била образовна жена, која се служела со латинскиот јазик.
Во периодот околу 1080 до 1084 година таа стапила во брак со Стефан II Блоа. Нејзиниот сопруг во 1089 година станал сопственик на грофовиите Блоа, Шартер кое го направил еден од најбогатите во Франција, како и еден од највлијателните. Во времето кога папа Урбан II повикал на крстоносна војна, тој активно се вклучил во истата. Во 1100 година тој се вратил од крстоносниот поход. во следната година, во 1101 година, бил организиран нов крстоносен поход, во кој тој бил убиен.
Во времето на неговото отсуство, па и по неговата смрт, Адела делувала како регент врз имотите на својот сопруг. Во 1110 година, се проценува дека нејзиното богатство го надминувало онаа на францускиот крал. Нејзиниот син Стефан се преселил да живее во Лондон во 1111 година, станувајќи во следните години многу близок со својот чичко Хенри I. По неговата смрт, тој го зазел англисклиот престол, воведувајќи ја земјата во граѓанска војна против ќерката на Хенри, Матилда.
Во 1120 година, Адела се повлекла во манастир. Истата година, нејзината ќерка се удавила во инцидентот на т.н. Бел брод, заедно со нејзиниот сопруг. Адела починала на 8 март 1137 година.
|