Грб на Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Изглед
Грбот на Социjалистичка Федеративна Република Југославија се состои од шест факели окружени од два снопа на житни класи, поврзани на врвот со црвена петокрака. Шестте факели ги симболизираат шесте сојузни републики, а оганот - братството и единството на југословенските народи на: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора. Грбот на СФРЈ бил донесен на 29 ноември 1943 во градот Јајце на второто заседание на АВНОЈ. Оваа дата била и национален празник на Југославија сѐ до нејзиното распаѓање.