Девојка
Девојка или девојче (помладо) — кое било женско суштество од раѓање кое минува низ детство и адолесценција сè до достигнување на зрелоста, кога таа станува жена. Терминот може да означува и млада жена.
Употребата на зборот во контекст за возрасни
[уреди | уреди извор]Понекогаш, зборот девојка се однесува на возрасно женско лице. Оваа употреба во професионален или друг формален контекст се смета за навредлива или неучтива, како што се смета за навредлив и терминот момче кога со него се укажува на некој возрасен човек. Оттука, оваа употреба често се осудува. Исто така, се осудува и употребата на зборот девојка, кога се користи при дискриминација на децата (,,ти си само девојче”).
Вообичаено, зборот се употребува во позитивна смисла, за што сведочи и неговата употреба во насловите на песните од поп-музиката. На шега, се користи за луѓе кои имаат удел во енергичната мода (канадската пејачка Нели Фуртадо со „Неморална девојка“) или како начин на обединување на жените од различна возраст врз основа на тоа дека некогаш биле девојки (американската кантри пејачка Мартина Мекбрајд со „Ова е за девојките“). Овие употреби на зборот во позитивна смисла, се однесуваат повеќе на родот одошто на годините.
Демографска статистика
[уреди | уреди извор]Незначително повеќе момчиња се раѓаат од девојчиња ( во Велика Британија, овој сооднос е 105 момчиња родени на секои 100 девојчиња), но помалку веројатно е за девојчињата да умираат од момчињата, во текот на детството, па така соодносот е 104 момчиња на секои 100 девојчиња, на возраст над 15 години.[1][2] Од 18- век, кај луѓето се забележува полов сооднос со околу 1.050 момчиња родени на секои 1.000 девојчиња и полова селекција, од страна на родителите понатаму го намалува раѓањето на женски деца. Иако, уште од антички времиња патријархалните верувања воделе до убивање на женски новороденчиња, тоа останало постојана практика во некои региони од светот денес.
Ова, особено претставува значаен проблем во Индија и Кина. Извештајот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) покажува дека овие практики, во комбинација со занемарување, резултирале со најмалку 60 милиони ,,исчезнати’’девојчиња во Азија. Голем број на возрасни жени недостасуваат од населението на некои региони, како резултат на убивањето на женските новороденчиња во текот на последните децении. Податоците од пописот на населението покажуваат дека проблемот се влошува. Општо земено во Индија, до 2011 година, има нешто повеќе од 9 девојчиња на секои 10 момчиња, на возраст помала од 6 години. Пописот на населението од 2011 година покажува дека соодносот меѓу девојчињата и момчињата на возраст помала од 6 години, се намалил дури во текот на претходната декада, од 927 девојчиња на секои 1000 момчиња во 2001 година на 918 девојчиња на секои 1000 момчиња во 2011 година. Соодносот во државата Махараштра е 883 девојчиња, додека на Сатара е дури и понизок соодносот со 881. На болниците во Индија им е забрането да го откриваат полот на нероден фетус, со цел да ги спречат абортусите иницирани од половата ориентација, иако доказите укажуваат на тоа дека таа информација често се открива. Стивен Мошер, претседател на Институтот за истражување на населението во Вашингтон, вели : ,, Дваесет и пет милиони мажи во Кина, во моментов, не можат да си најдат невести, поради недостатокот на жени […] млади мажи емигрираат во странство да си најдат невести.” Родовата неурамнотеженост во овие региони е исто така е виновна за поттикнување на растот во трговијата на половата размена; извештајот на Обединетите нации од 2005 година, наведува дека секоја година, до 800. 000 луѓе се тргувани преку границите, и дека дури до 80 проценти од нив се жени и девојчиња.[3]
Биологија
[уреди | уреди извор]Девојките ги развиваат женските одлики со наследување на два X хромозоми (XX), по еден од секој родител.[4] Приближно една од илјада девојки има хромозомски кариотип од 47, XXX , и една од 2500 има 45, X. Девојките обично имаат женски репродуктивен систем. Некои интерсексуалци со двосмислени гениталии и транссексуалци, може да се класифицираат или самите да се идентификуваат како девојки.[5]
Родот и животната средина
[уреди | уреди извор]Биолошкиот пол се поврзува со животната средина, на начини кои не се сосема разбирливи. Идентични близначки, раздвоени уште при раѓање и споени неколку децении подоцна, покажале изненадувачки сличности и разлики. Во 2005 година Ким Волен од Универзитетот Емори, истакнала: „Мислам дека прашањето 'природа наспроти одгледување' не е значајно, затоа што ги третира нив како независни фактори, а всушност се е во природата и одгледувањето.“ Волен вели дека половите разлики се појавуваат многу рано и се случуваат преку основните предности кои ги имаат мажите и жените за нивните избрани активности.
Образование за девојки
[уреди | уреди извор]Еднаквиот пристап до образование за девојки е постигнат во некои држави, но постојат значајни разлики во повеќето од нив. Има празнини во пристапот помеѓу различните региони и држави, па дури и во рамките на самите држави. Девојките сочинуваат околу 60 проценти од децата кои не одат на училиште во Арапските земји и 66 проценти од оние што отсуствуваат во Јужна и Западна Азија; сепак, повеќе девојки одошто момчиња се школуваат во голем број земји од Латинска Америка, Карибите, Северна Америка и Западна Европа.[6] Истражувањата ги измериле економските трошоци на оваа нееднаквост во развиените земји: Анализата спроведена на меѓународно ниво, од страна на невладината организација ,,План” покажува дека вкупно 65 земји со низок или среден приход, или пак, се во транзиција, не успеале да им ги понудат на девојките истите можности за средно училиште како на момчињата, па севкупно, овие земји пропуштаат годишен економски пораст од околу 92 милијарди долари.[6]
Иако Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права потврдува дека ,, основното образование треба да биде задожително и бесплатно за сите” помалку е веројатно девојките да се запишуваат како ученици во основните и средните училишта (70% : 74% и 59% : 65%). Во светот се направиле напори за да се стави крај на оваа несразмерност ( како преку Милениумските развојни цели) па така празнината се затворила уште од 1990 година.[7]
Образовната средина и очекувањата
[уреди | уреди извор]Според Ким Волен, очекувањата сепак ќе играат улога во тоа како девојките ги извршуваат своите академски должности. На пример, ако на жените вешти во математика им се каже дека еден тест е ,, полово неутрален ”, тие постигаат високи резултати, но доколку им се каже дека мажите ги надминувале жените во минатото, тие би поминале многу полошо. ,, Што е чудно, ” Волен забележува, ,,според истражувањето, очигледно сè што треба да направите е да и кажете на некоја жена на која не и оди со математиката , дека тестот е полово неутрален , па така сите ефекти од социјализацијата ќе ги снема. ” Авторката Џудит Харис вели дека покрај нивниот генетски придонес, воспитувањето од страна на родителите, има пократкотрајно влијание врз нивните потомци за разлика од други аспекти на средината, како што се групите на деца на иста возраст.
Во Англија, студиите спроведени од страна на добротворната организација за Национална писменост (National Literacy Trust), покажуваат дека девојчињата постојано освојуваат подобри резултати во сите образовни подрачја, за разлика од момчињата на возраст од 7 до 16 години, со зачудувачки разлики забележани при вештините за читање и пишување. Историски, во Соединетите Американски Држави, девојките заостанувале на стандардизираните тестови. Во 1996 година, просечниот резултат од вербалниот Са расудување тест ( SAT ) на 503 девојки од сите раси во САД, бил за 4 бода понизок од оној на момчињата. Во областа на математиката, просечниот резултат на девојчињата бил 492, што е за 35 бода понизок од оној на момчињата. ,, Кога девојките ги посетуваат истите курсеви, ” коментира Вејн Камара, научен истражувач при одборот на Колеџот, ,, таа празнина од 35 бода прилично се губи. ” Во тоа време, Лесли Р. Волф , претседател на Центарот за женски политички студии, вели дека девојчињата постигнале други резултати на тестовите по математика затоа што тие настојуваат да го решат проблемот, додека момчињата ги користат ,, триковите при тестирање” како што е непосредното проверување на одговорите, кои се веќе дадени во прашањата со неколку алтернативни одговори. Волф вели дека девојчињата се сигурни и темелни, додека ,, момчињата го играат овој тест како флипер.” Волф исто така вели дека иако девојките имале полоши резултати на Са расудување тестот, тие постојано добиваат повисоки оценки од момчињата, во текот на сите курсеви во првата година од колеџот. До 2006 година, девојчињата ги надминувале момчињата со 11 бода, на усниот дел од испитот кој се одржал на национално ниво во САД. Едно истражување од 2005 година, спроведено од Унивезитетот во Чикаго, покажува дека побројното присуство на девојки во училницата ги подобрува академските резултати на момчињата.
Меѓународни иницијативи за правата на девојките
[уреди | уреди извор]Конвенцијата на Обединетите нациии за правата на детето (1988 година) и Милениумските развојни цели (2000 година), промовирале подобар пристап до образованието за сите девојчиња и момчиња, како и начин за да се отстранат половите разлики на основно и на секундарно ниво. Секаде во светот, уписите во училиштата и стапката на писменост за девојчиња постојано се зголемуваат. Во 2005 година, стапката на запишување на девојчиња во основните училишта на глобално ниво изнесувала 85 проценти, за разлика од пред 15 години кога истата изнесувала 78 проценти; запишувањето на девојчињата во средните училишта се зголемило за 10 отсто, што достигнало и до 57 проценти во текот на истиот период.[6]
Голем број на меѓународни невладини организации создале програми, коишто се фокусираат на решавање на нееднаквостите при пристапот на девојките кон потребите како што се храната, грижата за здравјето и образованието. Невладината организација ,,Кампања за образование на жените” ( CAMFED- Campaign for Female Education), претставува организација која е активна во обезбедување на образование за девојчиња во под- сахарска Африка. Меѓународната кампања на хуманитарната организација ПЛАН (англ.PLAN) ,, Затоа што сум девојче” е значаен пример за таквите иницијативи. Истражувањето на организацијата ,,ПЛАН” покажува дека образованите девојчиња може да имаат моќен домино-ефект, кој води до пораст на економијата на нивните градови и села; обезбедувањето пристап до образованието на девојчињата го подобрува и разбирањето на општеството за здравствените прашања, намалувањето на ХИВ стапката, зголемување на свеста за исхрана, намалување на стапката на наталитет и подобрување на здравјето кај децата. Истражувањето покажува дека едно девојче кое добило образование:
- Ќе заработи до 25 проценти повеќе и ќе реинвестира 90 проценти во нејзиното семејство.
- Шансите да стане ХИВ- позитивна се трипати помали.
- Ќе има помалку деца, кои ќе бидат поздрави и кои ќе имаат околу 40 проценти поголеми шанси да живеат и по петтата година.
Организацијата ПЛАН Интернешнл, исто така организирала кампања за да го основа Меѓународниот ден на девојката. Целите на оваа иницијатива се да ја зголемат општата свест за уникатните предизвици со кои се соочуваат девојките, како и клучната улога што ја имаат во решавањето на поголемата сиромаштија и развојните предизвици. Делегација на девојки од организацијата ПЛАН во Канада ја претставиле идејата на Рона Амброуз, министер за јавни работи и владини услуги на Канада и министер за статус на жените, во февруари 2011 година, на 55- тата Седница на комисијата на статусот на жените во седиштето на ОН. Во март 2011 година, парламентот во Канада едногласно го усвоил предлогот со кој се барало Канада да ја преземе водечката улога од Обединетите нации за иницијативата да се прогласи Меѓународен ден на девојката. На 19 декември 2011 година, Генералното собрание на Обединетите нации го усвоил Меѓународниот ден на девојчето. 11 октомври 2012 година е првиот Меѓународен ден на девојчето.
Нејзините најнови истражувања ја навеле организацијата ПЛАН Интернешнл да препознае потреба да се координираат проекти кои ги опишуваат улогите на момчињата во нивните заедници, како и да се изнајдат начини за вклучување на момчињата во активности, кои ќе ја намалат родовата дискриминација. Бидејќи политичките, верските и водачите на локалната заедница се најчесто мажи, мажите и момчињата имаат огромно влијание врз било кој напор што се прави, за да се подобри животот на девојките и да се постигне родовата еднаквост. Годишниот извештај на ПЛАН Интернешнл од 2011 година, посочува дека мажите имаат поголемо влијание и дека можеби ќе бидат способни да ги убедат заедниците да го спречат прераното стапување во брак и осакатувањето на женските гениталии, поефикасно од жените. Египетскиот верски водач Шеик Саад, којшто водел кампања против оваа практика, се цитира во извештајот: ,, Решивме нашите ќерки, да не поминуваат низ ова лошо, нехумано искуство […] јас сум дел од промената.’’[9]
Уметност
[уреди | уреди извор]Историски гледано, сликарството и литературата ги претставува девојките како симбол на невиноста, чистотата, доблеста и надежта. Египетскиот живопис вклучува симпатичнни портрети на млади девојки кои биле ќерки на кралското семејство. Поезијата на Сафо содржи љубовни песни, упатени до девојките. Во Европа, некои од раните слики на кои се појавувале девојки биле „Портрет на една млада девојка“ на Петрус Кристус (околу 1460 година), „Портрет на една млада девојка“ на Хуан де Фландес (околу 1505 година), „Медицинската сестра со дете“ на Франс Халс во 1620 година, „Слугинки на честа“ на Диего Веласкес во 1656 година, „Празникот на Св. Никола“ од Јан Стен (околу 1660 година) и „Бисерни обетки“ на Јоханес Вермер, заедно со „Девојка како чита писмо на отворен прозорец“. Подоцнежните слики на девојки го вклучуваат портретот на „Девојка со домино-кула“ на Алберт Анкер и „Портрет на ќерката на Феликс“ на Камиј Писаро. Мери Касан насликала повеќе познати импресионистички дела кои ја идеализираат невиноста на девојките и врската мајка-ќерка, како на пример нејзиното дело од 1844 година „Децата на плажа“, а од истиот период е позната сликата „Хармонијата во сиво и зелено“ на Вистлер; и сликите „Госпоѓицата Сисли Александеранд“ и „Белата девојка“ ги прикажуваат девојките во исто светло.
Европскиот детски литературен канон, вклучува многу значајни дела со млади, женски протагонисти. Традиционалните бајки ги сочувале незаборавните приказни за деца. Помеѓу нив се „Голдилокс и трите мечки“, „Рапунзел“, „Принцезата и грашокот“ и делото на браќата Грим „Црвенкапа“. Познати книги за девојчињата се: „Алиса во земјата на чудата“, „Хајди“, „Волшебникот од Оз“, „Пипи Долгиот Чорап“ итн.
Почнувајќи во доцната викторијанска ера станувале популарни посуптилните претстави на женските протагонисти. Ханс Кристијан Андерсен во „Девојчето со кибритчињата“, „Малата сирена“ и други приказни, прикажува теми кои се приближуваат до трагедија. Книгата на Луис Керол „Авантурите на Алиса во земјата на чудата“, содржи широко истакнати женски протагонисти, кои се соочуваат со ексцентрични ликови и интелектуални загатки во надреални поставувања. Згора на тоа, контроверзните слики на Керол од девојчиња, често се наведуваат во историјата на фотографската уметност. Литературата е проследена од различни културни струи, идеализирајќи го моминството, а во друго време пак развивањето под влијание на растечкото литературно реалистичко движење. Многу викторијански романи започнуваат со детството на нивната хероина, како Џејн Еир, сираче кое го трпи лошото однесување од нејзините старатели, а потоа истото тоа го доживува и во интернатот за девојчиња. Ликот Наташа од ‘Војна и мир’, од друга страна, е сентиментализиран. До XX век, портретот на девојките во книжевните творби имал во најголем дел напуштени идеализирани портрети на девојки. Популарните литературни романи го вклучуваат Харпер Ли со ‘Да се убие подбивната слика’, роман, во кој една млада девојка, Скаут се соочува со свеста на силите на нетолеранцијата во нејзината зедница. Во контроверзната книга на Владимир Набоков ‘Лолита’ се зборува за осудениот однос помеѓу 12 годишна девојка и возрасниот интелектуалец, и за нивното патување низ САД. ‘Зази во метро’ (фр.’Zazie dans le métro’) од Рејмонд Квено (1959 година) е популарен француски роман кој хумористично ја слави невиноста и созревањето на Зази, која вложува напори самата да го истражува Париз, бегајќи од својот вујко (професионален женски имитатор) и од нејзината мајка (која е преокупирана со средбата со нејзиниот љубовник). Во 1960 година, од романот е направен популарен филм (Zazie dans le métro), во режија на францускиот режисер Луј Мал. Книгите кои имаат и момчиња и девојчиња протагонисти, имале тенденција да се насочуваат повеќе кон момчињата, но важни женски ликови се појавуваат во „Замокот на витезите“, „Лавот, вештерката и ормарот“, „Книгата за тројца“ и серијата за „Хари Потер“.
Неодамнешните романи наменети за возрасната публика, вклучуваат размислувања за искуствата од моминството. Романот ,,Мемоарите на една Гејша” од Артур Голден започнува, како, женскиот главен карактер и нејзината сестра, им се препуштаат на задоволствата откако ќе бидат разделени од своето семејство во 19 век, во Јапонија. Романот „Снежниот свет и скриената фантазија” на Лиса Си, ги открива лаотонг врските на едно пријателство помеѓу пријатели од детството во современиот Пекинг, и истото такво пријтелство во 19 век во Хунан, Кина.
Девојката како тема во народното творештво
[уреди | уреди извор]- „Девојчето и дванаесетте месеци“ — македонска народна приказна.[10]
- „Бела Јана се дави од Турци“ - македонска народна песна.[11]
- „Мома војник го одменува татка си“ — македонска народна песна.[12]
- „Малина мома и Гоце Делчев“ — македонска народна песна.[13]
- „Мара Пепелашка“ — македонска народна приказна.[14]
- „Црната ѕвезда“ — африканска приказна.[15]
- „Малата млекарка“ — грчка народна приказна.[16]
- „Птица-девојка“ — црногорска народна приказна.[17]
- „Девојка побрза од коњ“ — црногорска народна приказна.[18]
Девојката како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Мојата девојка“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[19]
- „Девојката што паѓа“ — збирка раскази на италијанскиот писател Дино Буцати.[20]
- „Салома“ (Salome) — драма на ирскиот писател Оскар Вајлд.[21]
- „Девојката и грмушката со пениси“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[22]
- „Расплакани девојки“ (англиски: Girls in tears) — роман на британската писателка Џеклин Вилсон од 2002 година.[23]
- „Девојки“ (англиски: Girls) — циклус романи на британската писателка Џеклин Вилсон.[23]
- „Ќерката на рибарот и бегот“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[24]
- „Преспана и ловецот“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[25]
- „Севима“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.[26]
- „Вљубени девојки“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[27]
- „Ана“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[28]
- „Девојчето од сиромашната станица“ — песна на бразилскиот поет Роберто Коуто.[29]
- „Девојка-Ѕвер!“ — збирка раскази на рускиот писател Едвард Лимонов.[30]
- „Лолита“ — роман на Владимир Набоков од 1955 година.
- „Лажливо огледало“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[31]
- „Во трговскиот центар“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[32]
- „Од белешките на една придружничка...“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[33]
- „Споменка“ — повест на македонскиот писател Горјан Петревски од 1982 година.[34]
- „Ленка“ — песна на македонскиот поет Кочо Рацин.[35]
- „Месојадно растение“ — кус расказ на македонската писателка Наташа Сарџоска.[36]
- „Другарката од детството“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[37]
- „Седумдесетгодишна девојка“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[38]
- „Грлатата муза“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[39]
- „Смеа“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[40]
- „Малото девојче го повлекува чаршавот од масата“ — песна на Вислава Шимборска.[41]
Девојката како тема во класичната музика
[уреди | уреди извор]- „Салома“ (Salome) — опера на германскиот композитор Рихард Штраус.[21]
Популарна култура
[уреди | уреди извор]Постојат повеќе американски стрипови во кои главниот лик е девојче, како што се „Малата Лулу” и „Малото сираче Ани”. Во серијата „Кикиритки” на Чарлс Шулц, женските ликови ги вклучуваат: Пеперминт Пати, Луси Ван Пелт и Сали Браун. Во јапонските анимирани филмови и стрипови, девојките се чести протагонисти. Така, во повеќето анимирани филмови на Хијао Мијазаки се појавува млада женска хероина, како во „Испораката на услугите на Кики”. Исто така, многу протагонистки се појавуваат во Шоџо-стилот на стрипот, кој е наменет за женската публика. Најпознати од нив се: „Дама без партнер за танцување”, „Цереза”, „Небесната легенда”, „Во потрага по полната месечина”. Во меѓувреме, во некои жанрови на јапонските цртани филмови се појавуваат и сексуализирани и конкретизирани портрети на девојки.
Изразот „девојка“ често се среќава во текстовите на поп-музиката, најчесто означувајќи возрасна девојка или тинејџерка.
Девојката како тема во филмот и телевизијата
[уреди | уреди извор]- „Зази во метрото“ (француски: Zazie dans le metro) — француски филм од 1960 година, во режија на Луј Мал.[42]
- „Лолита“ — филм на Стенли Кубрик од 1962 година.
- „Девојка“ — југословенски филм од 1965 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ.[43]
- „Девојка од милион долари“ (англиски: Million Dollar Baby) — американски филм од 2004 година, во режија на Клинт Иствуд.[44]
- „Девојката од Џерси“ (англиски: Jersey Girl) — американски филм од 2004 година, во режија на Кевин Смит.[45]
- „Девојката од соседството“ (англиски: The girl next door) — американски филм од 2004 година, во режија на Лук Гринфилд.
- „Девојката со бисерна обетка“ — филм во режија на Питер Вебер.[46][47]
- „Венди“ (Wendy) — германски филм од 2017 година, во режија на Дагмар Зојме (Dagmar Seume).[48]
- „Девојките Гилмор“ (англиски: Gilmore girls) — американска телевизиска серија создадена од Ејми Шерман – Паладино.
Девојката како мотив во стрипот
[уреди | уреди извор]- „Девојка на плажа“ (јапонски: うみべの女の子) - јапонски стрип на Инио Асано од 2009 година.[49]
Девојката како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Германски девојки“ (англиски: Deutscher Girls) - песна на британската рок-група Adam & The Ants.[50]
- „Марина“ - песна на хрватската рок-група Азра.[51]
- „Крвавата Мери“ (хрватски: Krvava Meri) - песна на Азра.[52]
- „Грација“ - песна на Азра.[53]
- „Сања“ - песна на српската поп-рок група Алиса од 1985 година.[54]
- „Бледа девојка“ (англиски: Pale Skinny Girl) — песна на американската рок-група American Music Club од 1988 година.[55]
- „Црвено и бело“ (англиски: Red and white) - песна на македонската група Анастасија.[56]
- „Девојките не го сакаат тоа“ (англиски: Girls Don't Like It) - песна на ирската панк-рок група Андертоунс (The Undertones) од 1979 година.[57]
- „Уште песни за чоколадата и за девојките“ (англиски: More Songs About Chocolate And Girls) — песна на Андертоунс од 1980 година.[58]
- „Ја гледам таа девојка“ (англиски: See That Girl) — песна на Андертоунс од 1980 година.[58]
- „Начинот на којшто зборуваат девојките“ (англиски: The Way Girls Talk) — песна на Андертоунс од 1980 година.[58]
- „Девојки што не зборуваат“ (англиски: Girls That Don't Talk) — песна на Андертоунс од 1980 година.[58]
- „Познавам една девојка“ (англиски: I Know A Girlt) - песна на Андертоунс од 1979 година.[57]
- „Сузана“ (англиски: Susanna) - песна на холандската поп-рок група Арт Компани.[59]
- „52 девојки“ (англиски: 52 Girls) - песна на американската рок-група The B-52's.[60]
- „Кошмарна хипи девојка“ (англиски: Nitemare Hippy Girl) — песна на американскиот рок-музичар Бек (Beck) од 1994 година.[61]
- „Септемвриски девојки“ (англиски: September Gurls) — песна на американската поп-рок група Биг стар од 1974 година.[62]
- „Девојки“ (англиски: Girls) - песна на американската рап-група Бисти Бојс (Beastie Boys) од 1986 година.[63]
- „Мишел“ (англиски: Eleanor Rigby) - песна на британската поп-рок група Битлси од 1965 година.[64]
- „Девојка“ (англиски: Girl) - песна на Битлси од 1965 година.[65]
- „Неделна девојка“ (англиски: Sunday Girl) - песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1978 година.[66]
- „Кинеска девојка“ (англиски: China Girl) - песна на британскиот поп-рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.[67]
- „Девојката без име“ (англиски: The Girl With No Name) — песна на американската рок-група Брдс (The Byrds) од 1967 година.[68]
- „Три девојки“ (словенечки: Tri ženske) — песна на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ.[69]
- „Дали ги видовте девојчињата“ (српскохрватски: Jeste li vidjeli djevojčice) — песна на словенечката рок-група Булдожер (Buldožer) од 1977 година.[70]
- „Девојчето на хирургот“ (англиски: Surgeon's Girl) — песна на англиската панк-рок група Wire од 1977 година.[71]
- „Црни девојки“ (англиски: Black Girls) — песна на американската рок-група Вајлент фемс (Violent Femmes) од 1984 година.[72]
- „Дона“ (англиски: Donna) - песна на американскиот рокенрол музичар Ричи Валенс.[73]
- „Девојки од соседството“ (англиски: Neighborhood Girls) — песна на американската музичарка Сузан Вега (Suzanne Vega) од 1985 година.[74]
- „Девојките од улицата“ (англиски: The Girls From The Streets) — песна на американскиот пејач Скот Вокер (Scott Walker) од 1968 година.[75]
- „Девојките и кучињата“ (англиски: The Girls And The Dogs) — песна на Скот Вокер од 1968 година.[75]
- „Таа има деветнаесет години“ (англиски: She's Nineteen Years Old) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Watres) од 1981 година.[76]
- „Слатко девојче“ (англиски: Sweet Little Girl) — песна на американскиот соул музичар Стиви Вондер (Stevie Wonder).[77]
- „Глупава девојка“ (англиски: Stupid Girl) — песна на американската рок-група Гарбиџ (Garbage) од 1995 година.[78]
- „Девојка од третиот свет“ (англиски: Third World Girl) — песна на американскиот соул-музичар Марвин Геј (Marvin Gaye) од 1982 година.[79]
- „Бившата девојка на следната девојка“ (англиски: Ex Girl To Next Girl) — песна на американската хип-хоп група Gang Starr од 1990 година.[80]
- „Мојата девојка“ – песна на македонскиот рапер Да Џака Накот од 2012 година.[81]
- „Глупава девојка“ (англиски: Silly Girl) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents).[82]
- „Кабуки девојка“ (англиски: Kabuki Girl) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[83]
- „Она и таа (се две)“ – песна на македонската рок-група Д’ Далтонс од 2004 година.[84]
- „1001-ви“ – песна на македонската рок-група Д’ Далтонс од 2004 година.[84]
- „Еј девојче“ (англиски: Hey Little Girl) — песна на американската панк-рок група Дед бојс (Dead Boys) од 1977 година.[85]
- „Нова роза“ (англиски: New Rose) — песна на англиската панк-рок група The Damned од 1977 година.[86]
- „Сега си голема девојка“ (англиски: You're A Big Girl Now) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1975 година.[87]
- „Ти си изгубено девојче“ (англиски: You're lost little girl) - песна на американската рок-група Дорс од 1967 година.[88]
- „Несреќна девојка“ (англиски: Unhappy girl) - песна на Дорс од 1967 година.[88]
- „Кралица на автопатот“ (англиски: Queen Of The Highway) - песна на Дорс од 1970 година.[89]
- „Меги Мегил“ (англиски: Maggie M'Gill) - песна на американската Дорс од 1970 година.[89]
- „Татината девојка“ (англиски: Daddy's Girl) — песна на американската рок-група Дрим синдикејт (The Dream Syndicate) од 1984 година.[90]
- „Таа“ (српски: Она) — песна на српската рок-група Електрични оргазам од 1982 година.[91]
- „Девојки“ (српски: Девојке) — песна на Електрични оргазам од 1982 година.[91]
- „Дебела девојка“ - песна на Електрични оргазам од 1986 година.[92]
- „Добра девојка“ (англиски: Fine Girl) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa).[93]
- „Девојка од долината“ (англиски: Valley Girl) — песна на Френк Запа.[93]
- „Ситни девојки“ (англиски: Tiny Girls) - песна на американскиот рок-музичар Иги Поп од 1977 година.[94]
- „Зошто денес се лути девојките“ (српски: Зашто су данас девојке љуте) - песна на српската рок-група Идоли.[95]
- „Малечка (српски: Малена) - песна на Идоли.[95]
- „Единствена“ (српски: Једина') - песна на Идоли.[95]
- „Каде се сега маченце“ (српски: Где си сад цица мацо) - песна на Идоли.[95]
- „Бела девојка“ (англиски: White Girl) — песна на американската рок-група X од 1981 година.[96]
- „Циметна девојка“ (англиски: Cinnamon Girl) — песна на канадско-американскиот рок-музичар Нил Јанг од 1969 година.[97]
- „Глорија“ (англиски: Gloria) - песна на ирската рок-група U2 од 1981 година.[98]
- „Девојко мала, поткрени ја главата“ (српски: Devojko mala podigni glavu) — песна на српската рок-група YU Grupa од 1973 година.[99]
- „Валерија“ - песна на македонскиот поп-музичар Драган Каранфиловски-Бојс.[100]
- „Јас не сум Лиса“ (англиски: I'm Not Lisa) — песна на американската рок-група Килдоузер (Killdozer) од 1986 година.[101]
- „Циметна девојка“ (англиски: Cinnamon Girl) — песна на американската рок-група Килдоузер од 1985 година.[102]
- „Лола“ (англиски: Lola) - песна на британската рок-група Кинкс (The Kinks) од 1970 година.[103]
- „Девојка од забавите“ (англиски: Party Girl) — песна на англискиот рок-музичар Елвис Костело од 1979 година.[104]
- „Овогодишна девојка“ (англиски: This Year's Girl) — песна на Елвис Костело од 1978 година.[105]
- „Сузи К.“ (англиски: Suzie Q) - песна на американската рок-група Creedence Clearwater Revival.[106]
- „Ти недостасува девојката“ (англиски: Miss The Girl) — песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.[107]
- „Тажна девојка“ (англиски: Sad Girl) — песна на американската рок-група Лемонхедс (Lemonheads) од 1989 година.[108]
- „Хана и Габи“ (англиски: Hannah and Gabi) — песна на Лемонхедс од 1987 година.[109]
- „Џеси“ (англиски: Jesse) — песна на британската есид-џез група Mother Earth.[110]
- „Изобилство од неколку девојки“ (англиски: Several Girls Galore) - песна на британската рок-група Мај блади валентајн (My Bloody Valentine) од 1988 година.[111]
- „Осамено девојче“ (англиски: Lonely Little Girl) — песна на американската рок-група The Mothers of Invention (рок-група) од 1968 година.[112]
- „Најслатка девојка“ (англиски: Sweetest Girl) — песна на британската ска-група Меднес (Madness) од 1985 година.[113]
- „Мојата девојка“ (англиски: My Girl) — песна на Меднес од 1979 година.[114]
- „Лејла“ - песна на босанскиот поп-пејач Сеид Мемиќ-Вајта од 1981 година.[115]
- „Нена“ - песна на македонската поп-рок група Меморија од 1984 година.[116]
- „Девојка од бронза“ - песна на македонската рок-група Мизар од 1988 година.[117]
- „Мојата девојка беше киднапирана од Вики-Тики“ (англиски: My Girlfriend Was Kidnapped by Wiki-Tiki ) - песна на македонската рок-група Molokai од 2012 година.[118]
- „Девојките од Челзи“ (англиски: Chelsea Girls) — песна на германската музичарка Нико (Nico) од 1967 година.[119]
- „Сестричка“ (англиски: Little Sister) — песна на германската музичарка Нико (Nico) од 1967 година.[119]
- „За една девојка“ (англиски: About a Girl) - песна на американската рок-група Нирвана.[120]
- „Милена“ - песна на хрватската поп-група Нови фосили од 1983 година.[121]
- „Тамара“ - песна на хрватскиот поп-пејач Борис Новковиќ.[122]
- „Шила“ - песна на македонската поп-пејачка Маја Оџаклиевска од 1987 година.[123]
- „Таа живее на ридот“ (српски: Она живи на брду) — песна на српската рок-група Партибрејкерс од 1985 година.[124]
- „Ќерка“ (англиски: Daughter) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1993 година.[125]
- „Глупава девојка“ (англиски: Stupid Girl) - песна на американската поп-пејачка Пинк.[126]
- „Суада“ - песна на босанската поп-рок група Плави оркестар од 1985 година.[127]
- „Модерна девојка“ (хрватски: Moderna Djevojka) — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште од 1980 година.[128]
- „Глупава девојка“ (англиски: Dumb Girl) - песна на американската рап-група Ран Ди Ем Си (Run DMC) од 1987 година.[129]
- „Рамона“ (англиски: Ramona) - песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1977 година.[130]
- „Кршење на девојката“ (англиски: Breaking The Girl) - песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс од 1991 година.[131]
- „Мојата девојка“ (англиски: My Girl) — песна на американскиот соул-пејач Отис Рединг од 1965 година.[132]
- „Холивудските девојки“ (англиски: Hollywood Girls) — песна на британската панк-рок група The Resistance.[133]
- „Глупава девојка“ (англиски: Stupid Girl) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1966 година.[134]
- „Девојка од фабриката“ (англиски: Factory Girl) — песна на Ролинг Стоунс од 1968 година.[135]
- „Енџи“ (англиски: Angie) — песна на Ролинг Стоунс од 1973 година.[136]
- „Девојка-уништувачка“ (англиски: Demolition Girl) — песна на амвстралиската панк-рок група Сеинтс (The Saints) од 1977 година.[137]
- „Мериен“ (англиски: Marian) — песна на британската рок-група Sisters of Mercy од 1985 година.[138]
- „Типични девојки“ (англиски: Typical Girls) — песна на британската панк-рок група Slits од 1979 година.[139]
- „Девојка“ (англиски: Girl) — песна на американската група Suicide од 1977 година.[140]
- „Кристин“ (англиски: Christine) — песна на британската рок-група Siouxsie and The Banshees од 1980 година.[141]
- „Ја сакав Тања“ (хрватски: Volio sam Tanju) - песна на хрватската поп-рок група Сребрна крила од 1978 година.[142]
- „Лили“ - песна на хрватската поп-рок група Сребрна крила од 1979 година.[143]
- „Ана“ - песна на хрватската поп-рок група Сребрна крила од 1979 година.[143]
- „Девојка“ (англиски: Girl) - песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1971 година.[144]
- „Девојките сакаат да бидат со девојките“ (англиски: The Girls Want To Be With The Girls) — песна на американската рок-група Токинг хедс од 1978 година.[145]
- „Елизабет“ - песна на хрватскиот рок-пејач Дадо Топиќ од 1980 година.[146]
- „Рубин-малечка“ (англиски: Ruby Baby) — песна на американскиот рок-музичар Доналд Фејген (Donald Fagen) од 1982 година.[147]
- „Мексин“ (англиски: Maxine) — песна на Доналд Фејген од 1982 година.[147]
- „Песната на Ен“ (Anne's Song) - песна на американската рок-група Феит ноу мор (Faith No More) од 1987 година.[148]
- „Девојки! Девојки! Девојки!“ (англиски: Girls! Girls! Girls!) - песна на американската рок-музичарка Лиз Фер (Liz Phair) од 1993 година.[149]
- „Модерна девојка“ — песна на хрватската рок-група Филм од 1981 година.[150]
- „Ќерката на Музореви“ (англиски: Muzorewi's Daughter) - песна на британската рок-група Фол од 1979 година.[151]
- „Ој девојче“ - песна на македонските музичари Елена Христова и Горан Трајкоски од 2011 година.[152]
- „Девојката која живее на Рајскиот рид“ (англиски: The Girl Who Lives On Heaven Hill) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[153]
- „Унгарка“ (српски: Mađarica) - песна на српскиот поп-пејач Здраво Чолиќ.[154]
- „Рушка“ - песна на Здраво Чолиќ.[154]
- „Бебето Ангела“ (англиски: Baby Angela) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[155]
- „Девојче Македонче“ — песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[156]
- „Дилајла“ (англиски: Delilah) - песна на британскиот поп-пејач Том Џоунс (Tom Jones) од 1968 година.[157]
- „Класична девојка“ (англиски: Classic girl) — песна на американската рок-група Jane's Addiction од 1990 година.[158]
- „Лондонска девојка“ (англиски: London Girl) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.[159]
- „Били Џин“ (англиски: Billie Jean) - песна на американскиот поп-пејач Мајкл Џексон од 1982 година.[160]
- „Таа се буди“ (српски: Ona se budi) - песна на српската рок-група Шарло Акробата.[161]
- „Бела девојка“ (англиски: White Girl) — песна на американската рок-група X од 1981 година.[162]
Историја
[уреди | уреди извор]Статусот на девојките низ историјата на светот е тесно поврзана со статусот на жената во секоја култура. Каде што жените уживаат рамноправен статус со мажите, девојките добивааат поголемо внимание за нивните потреби.
Образование за девојки
[уреди | уреди извор]Во Стар Египет, принцезата Неферуре израснала во време кога нејзината мајка владеела, жената фараон Хатшепсут која го наследила престолот по смртта на нејзиниот маж Тутмос II. Жените во Стар Египет имале релативно висок статус во општеството, па како ќерка на фараонот, на Неферуре и било обезбедено најдоброто можно образование. Нејзините воспитувачи биле најдоверливите советници на нејзината мајка. Таа била израсната за да преземе важна улога, со прифаќањето на одговорностите на кралица додека нејзината мајка е фараон. И покрај фактот дека и мажите и жените во Египет уживале во голема мера во еднаквоста, сè уште постоеле битни поделби во родовите улоги. На пример, мажите работеле како писари за владата додека жените најчесто ги завршувале обврските поврзани со домот, како што е земјоделството, печење на леб и подготовка на пиво; меѓутоа, голем број на жени особено оние од повисоките класи, стопанисувале и тргувале на пазарите, како парфимеристи, а некои жени работеле во храмовите. Оттука, образованието за момчињата и девојчињата се разликува. На момчињата им било дозволено да одат во формални училишта за да научат да читат, пишуваат, да решаваат задачи, додека девојчињата се образувале дома, за да ги научат занимањата на нивните мајки. Сепак, некои жени станале писмени и учени, како што била Хипатија.[163][164]
Формалното образование за девојчиња, традиционално се смета за помалку важно од она на момчињата. Во Европа, исклучоците биле ретки, пред да се појават машините за печатење и реформите кои ја направиле писменоста да биде пошироко распространета. Кралицата Елизабета I претставува еден забележителен исклучок на општото непочитување на женската писменост. Во нејзиниот случај, таа како дете била во нестабилна ситуација бидејќи била можен наследник на престолот, па така нејзиниот живот бил загрозен од политичките интриги на останатите членови на судот. По погубувањето на нејзината мајка, Ана Болејн, Елизабета се сметала за нелигитимен наследник. Хенри VIII во најголем дел го игнорирал нејзиното образование. Неверојатно е што Катерина Пар, вдовицата на Хенри VIII покажала интерес за високата интелегенција на Елизабета и ја поддржала одлуката да и обезбеди импресивно образование по смртта на Хенри, започнувајќи кога Елизабета имала 9 години. Елизабета добила образование, еднакво на она на истакнат машки аристократ; таа изучувала латински, грчки, шпански, француски јазик, филозофија, историја, математика и музика. Елизабета станала способен монарх, а Англија ја препишува наградата за тоа, на нејзиното богато образование.
До 18 век, Европејците ја признале вредноста на писменоста па, така, се отвориле училишта во голем број, во кои ќе се образува јавното население. Образованието во периодот на просветителството во Франција, довело да третина од жените да се описменат во периодот на Француската револуција, наспроти половина од бројот на мажите во тоа време. Сепак, образованието за девојчињата не се сметало за толку важно, како она за момчињата, кои биле обучени за професии кои останале недостапни за жените, а девојчињата немале право да продолжат со средно образование во Франција, сè до крајот на 19 век. Девојките во Франција, немале право на диплома бакалауреат, сè додека не се донеле реформите во образованието во 1924 година, од страна на министерот Леон Берар. Училиштата во Франција се раздвојувале сè до крајот на Втората светска војна. Оттогаш, законите за задолжително образование, го покренале образованието низ Европа.
Навиките на ,,полнолетството”
[уреди | уреди извор]Многу култури имаат традиционални навики за одбележување на полнолетството кај девојчињата и момчињата, за да се признае нивното преминување кон зрелоста или за да се одбележат други пресвртници од нивното патување како деца кон зрелоста.
Во Јапонија постои ритуал за полнолетство, наречен Шичи-го-сан, што буквално значи „седум- пет- три”. Ова е традиционален обред на преминување и фестивалски дел во Јапонија за три и седумгодишни девојчиња и три и петгодишни момчиња, кој се одржува секоја година на 15 ноември. Генерално се запазува најблискиот викенд. На овој ден, девојчињата се облекуваат во традиционално кимоно а нивните родители ги водат во храм за церемонијата за давање на благослов. Денес, овој настан се одбележува со официјална слика портрет.
Некои церемонии за одбележување на полнолетство се религиозни ритуали за признавање на зрелоста на девојчето во однос на нејзиното разбирање на религиозните верувања, и за да ја признае нејзината улога која е сменета во религиозната заедница. Потврдата е церемонија која е вообичаена за многу христијански вери за момчињата и девојчињата, и се одржува кога детето е во тинејџерски години. Во римските католички заедници, церемонијата за потврдување се смета за една од седумте причести којашто еден католик може да ги добие во текот на својот живот.
Во повеќе земји, традиционално е за децата католици да се подложат на друга причеста, Првата причеста, на седумгодишна возраст. Причестата, вообичаено се изведува во црква еднаш годишно, со деца кои добиваат благослов од бискупот на специјалните пригоди. Традиционално е во повеќе земји на Првата причест, девојчињата католици да носат бели фустани и по можност мал превез или венец од цвеќиња на косата. Белиот фустан ја симболизира духовната чистота. Многу церемонии за одбележување на полнолетството се прават за да се признае минувањето на девојчето низ пубертетот, кога тоа ја искусува менархата или првата менструација. Традиционалната церемонија за одбележување на полнолетство кај девојчињата Апачи, се нарекува ‘Церемонија на изгревање на сонцето’ (na'ii'ees) и трае четири дена. Девојчињата се исцртани со глина и полен, кои не смеат да ги измијат сè до крајот на ритуалите, коишто вклучуваат танцување и ритуали кои ги проверуваат физичката сила. Им се одржуваат предавања во областа на сексуалноста, довербата и способноста за исцелување. Девојките се молат во насока на исток, во раните утрински часови и во четирите основни насоки, кои ги претставуваат четирите фази од животот. Оваа церемонија била забранета од страна на американската влада повеќе децении; но таа бележи оживување, откако ќе биде легализирана со Актот за индиска верска слобода од 1978 година. [165]
Подготовка на девојките за брак
[уреди | уреди извор]Во многу антички општества, воспитувањето на девојчињата е од голема важност при подготовката да бидат идни сопруги. Во повеќе култури, тоа не била нормата за жената да стане економски независна. Значи, таму каде што благосостојбата на девојката во иднина зависела од тоа, таа да се омажи за маж кој е економски самостоен, од суштинско значење било да ја подготват девојката да ги исполни квалитетите и вештини кои се очекуваат од сопругите.
Во културите почнувајќи од Стара Грција, па сè до САД во 19 век, девојките ги учеле следниве основни домашни вештини како што се шиењето, готвењето и градинарството, потоа, основната хигиена и медицинската грижа како што е подготвувањето балсами и мевлеми и во некои случаи вештини на бабиците. Овие вештини ќе бидат пренесувани од генерација на генерација, со усното познавање од мајка на ќерка. Еден добар преглед на овие важни женски вештини има во народната приказна Рампелстилтскин, која што потекнува од средновековна Германија и била собрана во пишувана форма од страна на фолклористите, браќата Грим. Ќерката на воденичарот е проценета како потенцијална жена, поради нејзината репутација дека е способна да испреде слама во злато.
Во некои делови на Кина, почнувајќи од јужното царство на Танг во Нанѓинг ( 937-975 година), обичајот со врзувањето на ногата бил поврзан со жените од повисоките класи кои биле достојни за живот, со слободно време и сопрузи кои можат да ги поштедат нив од работа (би била потребна способноста да бидат подвижни и да го поминат денот на нозе). Поради ова верување, родителите надевајќи се дека ќе им осигурат добар брак на своите ќерки, тие им ги врзувале нозете на своите ќерки уште од седумгодишна возраст, за да го постигнат идеалниот изглед. Што помали се нозете, толку повисок социјален ранг на идниот сопруг. Оваа практика се задржала до раните години на 20 век.[166]
Кина имала многу обичаи кои се врзуваат за девојките и нивните улоги како сопруги и мајки. Според еден обичај, изгледот на косата на девојката може да укажува на нејзиниот брачен статус. Немажената девојка би ја носела косата во две плетенки, а откако ќе се омажи во една.[167]
Во некои култури, на периодот на минување на девојчињата низ пубертет се гледа со загриженост за нивната невиност. Во некои заедници, постои традиционално верување дека осакатувањето на женските гениталии е потреба за превенција на девојките од станување сексуално промискуитетни. Но, практиката е опасна, и води до долгорочни здравствени проблеми за жените кои поминале низ тој процес. Практиката е обичај на 28 земји од Африка и опстојува главно во руралните области. Овој обичај за одбележување на полнолетството, понекогаш погрешно опишан како ,,обрежување на жените”, е забранет од страна на владите и оспорен од групите за човекови права и други загрижени членови на заедници, коишто работат на тоа, да се стави крај на оваа практика.
Игри за девојки
[уреди | уреди извор]Занимациите за девојки, како што се игрите и други рекреативни активности, ги одразуваат обичаите на нивните заедници. Игрите и играчките за девојчиња се голем и уште потежок пазар за детската индустрија за играчки. Создавањето игри и играчки кои би можеле да бидат масовно продавани на девојчиња, претставува предизвик за денешните произведувачи за играчки.
-
Девојче кое се занимава со уметноста хена во Мароко.
-
Девојка во Турција вежба гимнастика
-
Курдско девојче
-
Џакунски девојчиња си играат со стапчиња во Малезија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „CIA Fact Book“. The Central Intelligence Agency of the United States. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2013-05-26.
- ↑ in-gender.com, The Odds of Having a Boy or a Girl, retrieved 8 January 2009
- ↑ Karabin, Sherry. „Infanticide, Abortion Responsible for 60 Million Girls Missing in Asia“. Fox News. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ Ambiguous genitalia retrieved 3 February 2012
- ↑ Ethics And Intersex Sharon E. Sytsma
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Paying the Price: The economic cost of failing to educate girls“ (PDF). PLAN International. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ The State of the World's Children 2004 - Girls, Education and Development Архивирано на 20 јуни 2018 г., UNICEF, 2004
- ↑ „CAMFED USA: What we do“. CAMFED. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ „'Because I am a Girl' group finds boys matter, too“. Toronto Star. Посетено на October 11, 2011.
- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 46-50.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 23-25.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 25-28.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 119-122.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 5-9.
- ↑ Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 27-32.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 55-56.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 82-84.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 86-89.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 29.
- ↑ Дино Буцати, Девојката што паѓа, Темплум, Скопје, 2005.
- ↑ 21,0 21,1 Ovo je opera: Salome - Richard Strauss (пристапено на 26.2.2023)
- ↑ Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 5-9.
- ↑ 23,0 23,1 Џеклин Вилсон, Расплакани девојки. Икона, Скопје, 2009.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 169-172.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 173-175.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 66-69.
- ↑ Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 60.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 29.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 57.
- ↑ Едуард Лимонов, Девојка-Ѕвер! Скопје: Темплум, 2007.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 41-42.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 51-56.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 57-62.
- ↑ Горјан Петревски, Споменка. Скопје: Македонска реч, 2016.
- ↑ Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 8.
- ↑ Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 43-52.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 72.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 537-538.
- ↑ Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 77.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 94-95.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 316-317.
- ↑ HRT, Zazie dans le metro, francuski film - Ciklus Louisa Mallea (пристапено на 23 јануари 2020)
- ↑ РТС, Девојка (пристапено на 3 мај 2020)
- ↑ IMDb Million Dollar Baby (2004), Awards (пристапено на 3 декември 2013)
- ↑ „Девојката од Џерси“, Антена, број 859, 12 декември 2014, стр. 18.
- ↑ „Девојката со бисерна обетка“, Антена, број 887, 26 јуни 2015, стр. 18.
- ↑ „Уметност родена од забранета љубов“, Антена, број 898, 11 септември 2015.
- ↑ Wendy, njemački film (2017.) (пристапено на 2.12.2023)
- ↑ „Solanin's Asano to Launch Umibe no Onna no Ko Manga“. Anime News Network. мај 13, 2009. Посетено на 1 август 134 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ YouTube, Adam & The Ants - Deutscher Girls (пристапено на 7.2.2021)
- ↑ YouTube, AZRA "MARINA" (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ Azra, City records, CD 000 315, 2004.
- ↑ YouTube, AZRA "GRACIJA" 1980. (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ YouTube, Alisa - Sanja - (Audio 1985) (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ Discogs, American Music Club – California (пристапено на 20.4.2021)
- ↑ Anastasia, Before the Rain, Polygram Music.
- ↑ 57,0 57,1 Discogs, The Undertones – The Undertones (пристапено на 27 јуни 2020)
- ↑ 58,0 58,1 58,2 58,3 DISCOGS, The Undertones – Hypnotised (пристапено на 15.4.2024)
- ↑ YouTube, THE ART COMPANY - Susanna [ Original ] (пристапено на 2 октомври 2019)
- ↑ YouTube, The B-52's 52 Girls (пристапено на 8.2.2021)
- ↑ DISCOGS, Beck – Mellow Gold (пристапено на 10.9.2022)
- ↑ Discogs, Big Star – Radio City (пристапено на 5.2.2022)
- ↑ Beastie Boys, Licensed to Ill, Def Jam Recordings, 1986.
- ↑ YouTube, The Beatles - Michelle (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ The Beatles, Rubber Soul. Jugoton, CAPAR 9373.
- ↑ Discogs, Blondie – Parallel Lines (пристапено на 13.8.2020)
- ↑ YouTube, David Bowie - China Girl (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ Discogs, The Byrds – Younger Than Yesterday (пристапено на 17.4.2022)
- ↑ YouTube, Marko Brecelj-Tri ženske (пристапено на 22.3.2022)
- ↑ Discogs, Buldožer – Zabranjeno Plakatirati (пристапено на 21.7.2021)
- ↑ Discogs, Wire – Pink Flag (пристапено на 9.10.2021)
- ↑ Discogs, Violent Femmes – Hallowed Ground (пристапено на 27.6.2021)
- ↑ YouTube, Ritchie Valens-Donna (пристапено на 2 октомври 2019)
- ↑ DISCOGS, Suzanne Vega – Suzanne Vega (пристапено на 8.11.2024)
- ↑ 75,0 75,1 Scott Walker – Scott 2 (пристапено на 6.12.2023)
- ↑ Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023)
- ↑ Stevie Wonder – Music Of My Mind (пристапено на 13.11.2024)
- ↑ YouTube, Garbage - Stupid Girl (HQ) (пристапено на 14 октомври 2019)
- ↑ Discogs, Marvin Gaye – Midnight Love (пристапено на 26.3.2021)
- ↑ Discogs, Gang Starr – Daily Operation (пристапено на 28.11.2022)
- ↑ Da Dzaka Nakot, Bozjiot prototip. Suriken Records, 027, 2012.
- ↑ Descendents – Somery (пристапено на 3.7.2022)
- ↑ Descendents – Milo Goes To College (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ 84,0 84,1 D’ Daltons, De Luxe. Avalon Produkcija, 027, 2004.
- ↑ DIscogs, Dead Boys* – Young Loud And Snotty (пристапено на 8.5.2022)
- ↑ The Damned – Damned Damned Damned (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ YouTube, Bob Dylan - You're A Big Girl Now (Audio) (пристапено на 29 март 2020)
- ↑ 88,0 88,1 The Doors, Strange Days, Elektra/Asulum Records, 7559-74014-2, 1975.
- ↑ 89,0 89,1 Discogs, Nhe Doors – Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020)
- ↑ The Dream Syndicate – Medicine Show (посетено на 12.6.2022)
- ↑ 91,0 91,1 Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)
- ↑ YouTube, Elektricni orgazam - Debela devojka - (Audio 1986) (пристапено на 20 септември 2019)
- ↑ 93,0 93,1 DISCOGS, Frank Zappa – Strictly Commercial (The Best Of Frank Zappa) (пристапено на 31.5.2021)
- ↑ YouTube, Tiny Girls (пристапено на 29 март 2020)
- ↑ 95,0 95,1 95,2 95,3 Idoli, Hi-Fi Centar, CDD 10109, 1996.
- ↑ X (5) – Wild Gift (пристапено на7.6.2024)
- ↑ Neil Young With Crazy Horse – Everybody Knows This Is Nowhere (пристапено на 11.12.2023)
- ↑ YouTube, U2 Gloria (пристапено на 16 септември 2019)
- ↑ YouTube, YU Grupa – YU Grupa (1973) (пристапено на 23.11.2022)
- ↑ YouTube, D.Karanfilovski-Boys Valerija (пристапено на 19 октомври 2019)
- ↑ Killdozer – Burl (посетено на 19.2.2023)
- ↑ Killdozer – Snakeboy (пристапено на 26.4.2024)
- ↑ YouTube, Lola - The Kinks 1970 (пристапено на 29 јануари 2020)
- ↑ DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions – Armed Forces (пристапено на 29 април 2020)
- ↑ DISCOGS, Elvis Costello – This Year's Model (пристапено на 8.5.2022)
- ↑ YouTube, Creedence Clearwater Revival - Suzie Q. (пристапено на 20 септември 2019)
- ↑ DISCOGS, The Creatures – Feast (пристапено на 16.8.2021)
- ↑ Lemonheads* – Lick (посетено на 25 мај 2022)
- ↑ Lemonheads* – Hate Your Friends (посетено на 19.2.2023)
- ↑ YouTube, Mother Earth-Jesse (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ Discogs, My Bloody Valentine – Isn't Anything (пристапено на 28 јануари 2021)
- ↑ YouTube, Lonely Little Girl (Subtitulado) - Frank Zappa & The Mothers Of Invention (WOIIFTM) 1968 (посетено на 18.2.2020)
- ↑ Madness – Mad Not Mad (пристапено на 5.4.2023)
- ↑ Madness – One Step Beyond... (пристапено на 7.4.2023)
- ↑ YouTube, LEJLA - VAJTA (video from 1981) HD (пристапено на 19.9.2019)
- ↑ YouTube, МЕМОРИЈА - Нена (пристапено на 14 октомври 2019)
- ↑ Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.
- ↑ Molokai, You surf we send piranhas, Направи заедно и Младински културен центар - Битола, 2012.
- ↑ 119,0 119,1 Nico (3) – Chelsea Girl (пристапено на 13.5.2023)
- ↑ YouTube, Nirvana - About a Girl (пристапено на 2.2.2021)
- ↑ YouTube, Novi Fosili - Milena (пристапено на 26.10.2019)
- ↑ YouTube, Boris Novković- Tamara (пристапено на 22.10.2019)
- ↑ YouTube, Маја Оџаклиевска - Шила (пристапено на 14 октомври 2019)
- ↑ Partibrejkers – Partibrejkers (пристапено на 17.9.2021)
- ↑ Discogs, Pearl Jam – Vs. (пристапено на 8.6.2023)[мртва врска]
- ↑ YouTube, Stupid Girls- Pink- Lyrics (пристапено на 14 октомври 2019)
- ↑ YouTube, Plavi orkestar-Suada (пристапено на 26 октомври 2019)
- ↑ Prljavo Kazalište – Crno Bijeli Svijet (пристапено на 28 септември 2023)
- ↑ YouTube, Raising Hell - Run - D.M.C(Full Album) (пристапено на 29 септември 2019)
- ↑ YouTube, RAMONES - Ramona (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ Discogs, Red Hot Chili Peppers – Blood Sugar Sex Magik (пристапено на 8 март 2021)
- ↑ Otis Redding – Otis Blue / Otis Redding Sings Soul (пристапено на 22 октомври 2023)
- ↑ YouTube, The Resistance - Hollywood Girls (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ YouTube, Stupid Girl (пристапено на 14 октомври 2019)
- ↑ DISCOGS, Rolling Stones* – Beggars Banquet (пристапено на 13.3.2021)
- ↑ YouTube, Rolling Stones - Angie (HQ) (пристапено на 18 септември 2019)
- ↑ Discogs, The Saints (2) – (I'm) Stranded (пристапено на 3.3.2024)
- ↑ YouTube, SISTER of MERCY - Marian (пристапено на 16 септември 2019)
- ↑ Discogs, SThe Slits – Cut (пристапено на 26.9.2023)
- ↑ Discogs, Suicide – Suicide (пристапено на 4.5.2021)
- ↑ YouTube, Siouxsie and The Banshees - Christine (пристапено на 18 септември 2019)
- ↑ YouTube, Srebrna krila - Volio sam Tanju (I noću i danju) (1978) (пристапено на 20 септември 2019)
- ↑ 143,0 143,1 YouTube, Srebrna Krila-Album Srebrna Krila(1979) By Trajce 2015. (пристапено на 20 септември 2019)
- ↑ DISCOGS, T. Rex – Electric Warrior (пристапено на 8.3.2018)
- ↑ Discogs, Talking Heads – More Songs About Buildings And Food (пристапено на 18.12.2021)
- ↑ YouTube, Dado Topic - Elizabet (пристапено на 26 октомври 2019)
- ↑ 147,0 147,1 Discogs, Donald Fagen – The Nightfly (пристапено на 21.3.2021)
- ↑ DISCOGS, Faith No More – Introduce Yourself (пристапено на 19.8.2020)
- ↑ Discogs, Liz Phair – Exile In Guyville (пристапено на 30 септември 2019)
- ↑ Discogs, Film – Novo! Novo! Novo! Još Jučer Samo Na Filmu A Sada I U Vašoj Glavi (пристапено на 21.5.2021)
- ↑ Discogs, The Fall – Dragnet (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ Elena Hristova, Goran Trajkoski, Bioscopia, SJF Records 131, 2011.
- ↑ Discogs, Hüsker Dü – New Day Rising (пристапено на 1 јули 2020)
- ↑ 154,0 154,1 Zdravko Čolić, Sarajevo Koševo 2010 / Live, AZ PR Productions.
- ↑ DISCOGS, Kiril Dzajkovski* – Dust (Original Motion Picture Soundtrack) (пристапено на 21.9.2020)
- ↑ „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
- ↑ YouTube, Delilah (пристапено на 16 септември 2019)
- ↑ Jane's Addiction – Ritual De Lo Habitual (пристапено на 24.12.2022)
- ↑ The Jam – This Is The Modern World (пристапено на 3.1.2023)
- ↑ YouTube, The Beatles - Michelle (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ YouTube, Sarlo akrobata - Ona se budi (пристапено на 19 септември 2019)
- ↑ White Girl (пристапено на 9.2.2023)
- ↑ Janet H. Johnson. „Women's Legal Rights in Ancient Egypt“. University of Chicago, 2004. Посетено на October 22, 2011.
- ↑ Dr. Joann Fletcher. „From Warrior Women to Female Pharaohs: Careers for Women in Ancient Egypt“. BBC. Посетено на October 22, 2011.
- ↑ Paul L. Allen (2001-07-26). „Coming of age: Apache twins Fayreen and Farren Holden are welcomed into adulthood in a four-day tribal ceremony“. Tucson Citizen.
- ↑ Heather J. Hasan. „The Art of Foot-Binding - Chinese Culture“. Bella Online. Посетено на October 22, 2011.
- ↑ Perkins, Dorothy (2000). Encyclopedia of China: The Essential Reference to China, Its History and Culture. New York, NY: Checkmark Books.
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Девојка“ на Ризницата ? |
|