Единечна врска
Единечна врска — хемиска врска помеѓу два атома образувана со два валентни електрона. Тоа значи дека атомите делат еден пар електрони онаму кајшто е создадена врската.[1] Затоа, единечната врска е вид на ковалентна врска. Кога се заеднички, секој од двата електрона повеќе не е сам во орбиталата од која потекнува, туку двата проведуваат време во една од двете орбитали кои се преклопуваат во процесот на сврзување. Како Луисова структура, единечната врска се бележи како AːA или A-A, при што A претставува елемент.[2] Во првата варијанта, секоја точка претставува заеднички елекетрон, а во втората цртата ги претставува двата електрона заеднички за единечната врска.
Ковалентната врска може да биде и двојна или тројна врска. Единечната врска е послаба од двојната и тројната, што се гледа од нивните составни врски[2].
Единечната врска обично е сигма-врска. Исклучок е врската во дибор, која е пи-врска. За разлика од тоа, двојната врска се состои од една сигма-врска и една пи-врска, а тројната од една сигма-, и две пи-врски[2]. Бројот на составни врски ја одредува разликата во јачината. Единечната е најслаба бидејќи се состои од само една сигма-врска, а другите имаат повеќе.
За разлика од другите врски, единечната врска има способност да се врти. Структурата на пи-врските не допушта вртење (барем не при 298 K), поради што двојната и тројната врска се невртливи. Сигма-врската не е толку ограничувачка, и единечната врска може да се врти користејќи ја сигма-врската како вртежна оска[2].
Друга споредба може да се направи во должината на врските. Единечните врски се најдолги од трите видови на ковалентни врски видејќи меѓуатомското привлекување е поголемо кај другите два вида зошто тие делат повеќе заеднички електрони[2].
Единечните врски често се среќаваат кај двоатомски молекули. Такви примери се H2, F2 и HCl.
Овие врски се присутни и кај молекулите со повеќе од два атома. Такви примери се:
Единечното сврзување се јавува дури и во сложени молекули како јаглеводородите поголеми од метанот. Видот на ковалентна сврзаност кај јаглеводородите е од огромно значење за номенклатурата на овие молекули. Јаглеводородите содржат сочинети само од единечни врски се нарекуваат алкани[2]. Имињата на одделни молекули од оваа група завршуваат со наставката „-ан“, на пр. етан, 2-метилбутан и циклопентан[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хемиски врски — „Е-хемија“ (македонски)
|
|