Женевско Езеро (француски. Lac Léman или Lac de Genève; германски. Genfersee) — најголемо од сите алпски езера и прави широка полумесечина заедно со реката Рона која во него се влева од југоисточниот крај, а излегува од југозападниот. Иако езерото во најширокиот дел има 14 км, силните ветрови можат да предизвикаат силни бури што повеќе се својствени за морињата и внатрешноста на копното. Северниот брег е густо населен, а најважни градови се Женева и Лозана. Падините по должината на езерскиот брег, свртени кон југ, претставуваат најголеми лозарски области во Швајцарија.[1]