Прејди на содржината

Западен Сулавеси

Координати: 2°41′S 118°54′E / 2.683° ЈГШ; 118.900° ИГД / -2.683; 118.900
Од Википедија — слободната енциклопедија
Западен Сулавеси
Sulawesi Barat
Покраина во Индонезија
Знаме на Западен СулавесиГрб на Западен Сулавеси
Гесло: Mellete Diatonganan  (јазик?)
Држи се до Вистината
Местоположба на Западен Сулавеси во Индонезија
Местоположба на Западен Сулавеси во Индонезија
OpenStreetMap
Карта
Воспоставена22 септември 2004[1]
Главен градМамуџу
Управа
 • ОрганПокраинска влада на Западен Сулавеси
 • ГувернерАли Баал Масдар
 • Заменик гувернерЕни Анграену Анвар
Површина
 • Вкупна16.787,18 км2 (648,157 ми2)
Население (попис од 2020)[2]
 • Вкупно1.419.229
 • Густина0,85/км2 (2,2/ми2)
Демографија
 • Етнички групи во Индонезија (попис од 2010)[3]45.42% Мандарци
12.49% Бугиси
10.91% Мамаси
8.12% Калумпангци
4.92% Јаванци
2.61% Патајци
2.19% Макасарци
9.0% други
 • Религија (2016)[4]82.2% Ислам
14.8% Протестантство
1.47% Католицизам
1.25% Хиндуизам
0.19% Народна религија
0.04% Будизам
0.01% Конфуцијанство
 • ЈазициИндонезиски, мандарски, мамаски, калумпаншки, мамуџки
Час. појасСИВ (UTC+08)
ИЧР 0.657 (Среден)
Ранк на ИЧР31. (2019)
Мреж. местоsulbarprov.go.id

Западен Сулавеси (индонезиски: Sulawesi Barat) ― покраина во Индонезија. Се наоѓа на западната страна на островот Сулавеси. Зафаќа површина од 16.787,18 км2, а главен град е Мамуџу. Пописот во 2010 година забележал население од 1.158.651, додека тој во 2020 година забележал 1.419.228.

Покраината била основана во 2004 година, откако била одвоена од Јужен Сулавеси.

Географија

[уреди | уреди извор]

Покраината е на островот Сулавеси (поранешен Селебес) и ги вклучува регенциите (кабупатен) Полевали Мандар, Мамаса, Маџене, Мамуџу, Централен Мамуџу и Пасангкају (порано наречен Северен Мамуџу), кои порано биле дел од Јужен Сулавеси. Површината на покраината е 16.787,18 км 2.

Економија

[уреди | уреди извор]

Нејзината економија се состои главно од рударство, земјоделство и риболов. Нејзин главен град е Мамуџу.

Археолошки наоди

[уреди | уреди извор]

На 11 декември 2019 година, екипа на истражувачи предводени од д-р Максим Оберт го најавиле откривањето на најстарите ловечки сцени во праисториската уметност во светот, стари повеќе од 44.000 години од варовничката пештера на Леанг Булу Сипонг 4. Археолозите ја утврдиле староста на прикажувањето на лов на свиња и бивол благодарение на калцитните „пуканки“, различни нивоа на изотоп на радиоактивен ураниум и ториум.[5][6][7][8]

Административни единици

[уреди | уреди извор]
Канцеларијата на гувернерот на Западен Сулавеси.

Покраината Западен Сулавеси е поделена на шест регенции:[9] Полевали Мандар, Мамуџу, Пасангкају, Мамаса, Маџене и Средиштен Мамуџу Шестата регенција - Средиштен Мамуџу (Kabupaten Mamuju Tengah) - била отсечена од постојната регенција Мамуџу на 14 декември 2012 година.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Нејзиното население на пописот во 2010 година изнесувало 1.158.651, зголемувајќи се со 2,67% годишно. Од тие 171.356 се класифицирани како под прагот на сиромаштија на Индонезија.[10]

Религија

[уреди | уреди извор]
Религија по регенција во покраината Западен Сулавеси (2016)
Регенција/Град ислам протестантство католицизам хиндуизам будизам Конфуцијанство Народни вери
Маџене 99,75% 0,10% 0,10% 0,02% 0,03% 0,00% 0,00%
Мамаса 20,29% 70,80% 4,35% 2,92% 0,01% 0,01% 1,62%
Мамуџу 81,61% 16,61% 0,87% 0,88% 0,02% 0,01% 0,00%
Средиштен Мамуџу 80,24% 12,90% 2,18% 4,57% 0,10% 0,01% 0,01%
Пасангкају 86,98% 6,99% 1,83% 4,19% 0,01% 0,01% 0,00%
Полевали Мандар 96,00% 2,77% 1,00% 0,19% 0,04% 0,00% 0,00%
Западен Сулавеси 82,22% 14,82% 1,47% 1,25% 0,04% 0,01% 0,19%

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „J.D.I.H. - Dewan Perwakilan Rakyat“. Архивирано од изворникот на 2022-04-04. Посетено на 2022-03-29.
  2. Badan Pusat Statistik, Jakarta, 2021.
  3. Ananta, Aris; Arifin, Evi Nurvidya; Hasbullah, M Sairi; Handayani, Nur Budi; Pramono, Agus (2015). Demography of Indonesia's Ethnicity. Institute of Southeast Asian Studies. ISBN 978-981-4519-87-8. P. 102.
  4. Sulawesi Barat Dalam Angka 2016[мртва врска], BPS
  5. „Animal painting found in cave is 44,000 years old“. BBC News (англиски). 12 декември 2019. Посетено на 29 март 2022.
  6. „Narrative Cave Art in Indonesia Dated to 44,000 Years Ago | ARCHAEOLOGY WORLD“. archaeology-world.com (англиски). Посетено на 29 март 2022.
  7. correspondent, Hannah Devlin Science (11 декември 2019). „Earliest known cave art by modern humans found in Indonesia“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 29 март 2022.
  8. „The oldest story ever told is painted on this cave wall, archaeologists report“.
  9. 2010 Indonesian Census
  10. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 21 јули 2011. Посетено на 29 март 2022.