Заштита на потрошувачите
Заштитата на потрошувачите се состои во група на закони, организации и институции создадени да се обезбеди правото на потрошувачите, како и правото на праведно тргување (фер тргување), конкуренција и пласирање точни информации на пазарот. Законите се дизајнирани да спречување на трговците кои би се ангажирале во некаков вид на измама или одредени неправедни практики со цел стекнување на предност во однос на конкурентите. Тие, исто така, вршат и друга функција, а тоа е заштита на најранливите субјекти во општеството, потрошувачите. Законите за заштита на потрошувачите се еден вид на државна регулатива чија основна цел е заштита на правата на потрошувачите. Пример, може да се бара од трговците да обезбедат поширок спектар на информации за одреден производ, особено кога во прашање е безбедноста или здравјето на луѓето. Заштитата на потрошувачтие е поврзана со формирањето на организација на потрошувачите, која помага во информирањето на потрошувачите со цел да направат подобар избор на пазарот и при решавање на нивните проблеми во поторшувачки спорови преку советување за нивните права и начини за нивно остварување.
Други субјекти кои работат во доменот на заштитата на правата на потрошувачите се државните институции, како што се на пример: Државен пазарен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Народен правобранител, Агенција за електронски комуникации, Државен здравствен и санитарен инспекторат итн.
Потрошувач е секој оној кој се стекнува со стоки или услуги за директна употреба во сопствени цели, а не за препродажба или употреба во масовно производство.[1]
Правата на потрошувачите, исто така, можат да бидат заштитени со промовирање на конкуренција на пазарите кои директно и индиректно служат за потрошувачите, со согласност со економската ефикастност, но оваа тема се регулира со закон за заштита на конкуренција.
Закон за заштита на потрошувачите
[уреди | уреди извор]Во Република Македонија најголем дел од правата на потрошувачите се заштитени со законот за заштита на потршувачите но, исто така, и со одредби од други закони, подзаконски акти и правилници.
Законот за заштита на потрошувачите се смета за основен закон кој ги регулира односите помеѓу поединечните потрошувачи и трговците кои продаваат стоки и услуги. Заштита на потрошувачите опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи ги и општа безбедност на производите, нечесно пазарно однесување, рекламирање на производи и услуги, и други потрошувачи / бизнис интеракции.
Со помош на овој закон се спречува измама во при продажбата на стоки и ислуги, рекламирање на истите, означување на производите итн.
Органи кои ги штитат правата на потрошувачите
[уреди | уреди извор]Министерство за економија
[уреди | уреди извор]Министерството за економија е директно одговорно за спроведување на политиката за заштитата на потрошувачите, ја предлага Програмата за заштита на потрошувачите (Програма), спроведува мерки и активности во доменот на имплементацијата на потрошувачката политика и усогласување на правната регулатива со потребите на потрошувачите во согласност со Програмата. Во рамките на Министерството за економија делува Секторот за внатрешен пазар во чиј состав е Одделението за заштита на потрошувачите. Ова одделение помага во создавањето на политиките за заштита на потрошувачите во тесна соработка со политиките на оние министерства и институции во Република Македонија во чија надлежност е заштитата на потрошувачите.
Државен пазарен инспекторат
[уреди | уреди извор]ДПИ е орган во составот на Министерството за економија, а врши инспекциски надзор над примената на законите кои најчесто се однесуваат на безбедноста на производите, заштитата на потрошувачите, дејностите од областа на трговијата, угостителството, туризмот, занаетчиството, заштитата на правата од индустриска сопственост и други работи определени со закон. Доколку сте оштетени од одредени производи и услуги од горенаведените области, како потрошувач можете да се обратите до ДПИ кој ќе спроведе инспекциски надзор и ќе Ви помогне во остварувањето на вашите права.
Државен инспекторат за техничка инспекција
[уреди | уреди извор]ДИТИ e орган во составот на Министерството за економија. Овој инспекторат извршува активности на инспекциски надзор при начинот на вршење на техничка инспекција при користење на техничка опрема. ДИТИ е надлежен да спроведува инспекциски надзор во следниве области: опрема под притисок; пренослива опрема под притисок; лифтови, жичари, дигалки и транспортери; производи и постројки наменети за работа во експлозивна атмосфера; електроенергетски постројки, електрични производи и уреди и експлоатација на минерални суровини и за контрола на условите кои треба да ги исполнуваат независните правни лица за вршење на технички прегледи и периодични испитувања, како и начинот на пропи шување на техничките прописи за техничка опрема.
Државен санитарен и здравствен инспекторат
[уреди | уреди извор]ДСЗИ е орган во составот на Министерството за здравство и врши надзор над извршувањето на законите и прописите донесени врз основа на законите во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита. ДСЗИ, исто така, врши надзор над: • остварувањето на правата од здравствената заштита; • вршењето на здравствена дејност; • евиденцијата во областа на здравствената заштита; • општите акти на здравствените организации.
Биро за лекови
[уреди | уреди извор]БЛ ја следи состојбата со снабдувањето со лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, опојни дроги и отрови, како и производството и прометот со отрови и опојни дроги. Задача на Бирото е да го следи пуштањето во промет на лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, опојни дроги и отрови и водење на постапката за регистрација. Во поглед на заштитата на потрошувачите, Одделението за промет со отрови и хемикалии е многу значајно од причина што ги следи прописите од областа на отровите и хемикалиите во врска со производството, прометот, распоредувањето во соодветна група, превозот и означувањето; изготвува подзаконски акти, програми, извештаи, анализи, информации и мислења од областа на отровите и хемикалиите, а надлежно е да ја следи состојбата со производството и прометот на отрови и хемикалии и презема мерки за подобрување на состојбата.
Државен инспекторат за животна средина
[уреди | уреди извор]Државниот инспекторат за животна средина врши надзор над примената на техничко-технолошките мерки за заштита на воздухот, водите, земјиштето, флората и фауната од деградирање и загадување, заштита на гео и биоразновидноста, посебното природно богатство (национални паркови, споменици на природата, парк-шуми, орнитолошки резервати и други подрачја заштитени со закон), заштита на озонската обвивка, заштита од штетна бучава во животната средина и заштита од нејонизирачки зрачења во заштитетни подрачја, превенција од еколошки инциденти.
Министерство за финансии
[уреди | уреди извор]Министерството за финансии има задача да одржи стабилно јавно финансирање и стабилна макроекономска рамка со цел да се овозможи продолжување на процесот на економски реформи и забрзување на економскиот растеж. Министерството за финансии е надлежно за спроведување не повеќе закони кои се однесуваат на потрошувачите, а особено на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Агенција за електронски комуникации
[уреди | уреди извор]Агенцијата за електронски комуникации има задача да создаде поволни условиза делотворна и одржлива конкуренција на пазарот на електронските комуникацииза да им служи на интересите на корисниците/потрошувачите, стопанството и индустријата. Во состав на АЕК делува Одделението за инспекциски надзор, како и Одделението за грижа за корисници кои вршат спроведување на Законот за електронски комуникации и на подзаконските акти преку инспектори за електронски комуникации од контролно-мерните центри во Скопје, Битола и Штип. Во случај на утврдена неправилност при вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторите за електронски комуникации постапуваат во согласност со овластувањата кои им се дадени во Законот за електронски комуникации.
Агенција за храна и ветеринарство
[уреди | уреди извор]Агенцијата е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. АХВ е надлежна за заштита на здравјето на потрошувачите и за заштита на инте- ресите на потрошувачите, со интегриран приод во контролата на безбедноста на храната според принципот „од нива до трпеза”, односно контрола во сите фази на производството и прометот на храната.
Агенција за пошти
[уреди | уреди извор]Агенцијата за пошти, во рамките на својата дејност на планот на информирањето и заштитата на граѓаните во поглед на нивните права во однос на сите видови поштенски услуги во Република Македонија, отвори Информативен центар кој работи во посебно опремен и опслужуван дел во рамките на работните простории на Агенцијата. Истовремено, Инфо-центарот треба да ја доближи и афирмира работата на Агенцијата за пошти пред корисниците на поштенските услуги и пред пошироката јавност.
Дирекција за заштита на личните податоци
[уреди | уреди извор]Дирекцијата за заштита на личните податоци е надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија.
Регулаторна комисија за енергетика
[уреди | уреди извор]Регулаторната комисија за енергетика е надлежна да учествува во разрешувањето на споровите коишто настануваат помеѓу енергетските претпријатија, како и да предлага мерки за нивно решавање. На тој начин, улогата на Регулаторната ко- мисија е медијаторска и е насочена кон мирење на спорните страни и изнаоѓање на решение за конкретниот спор. Притоа, Регулаторната комисија не донесува одлука во врска со спорот, туку предлага негово решение по мирен пат. Предлогот на Регулаторната комисија за решавање на конкретниот спор нема обврзувачки карактер за спорните страни. Тие можат, но и не мораат, да го прифатат предлогот на Регулаторната комисија за решавање на спорот.
Комисија за заштита на конкуренцијата
[уреди | уреди извор]Заради обезбедување на слободна конкуренција на домашниот пазар и поттикнување на економската ефикасност и благосостојба на потрошувачите, формирана е Комисијата за заштита на конкуренцијата која е одговорна за спроведување на Законот за заштита на конкуренцијата. Основни надлежности на Комисијата за заштита на конкуренцијата се да ја контролира примената на одредбите и прописите донесени врз основа на Законот за заштита на конкуренцијата и да ги следи и анализира состојбите на пазарот до степен потребен за развој на слободна и ефикасна конкуренција.
Народен правобранител
[уреди | уреди извор]Народниот правобранител е специфичен, посебен, стручен и независен орган со овластувања за заштита на правата на граѓаните, што значи не е законодавно тело, извршна ниту судска власт, а уште помалку државен обвинител или орган на инспекција и надзор. Неговото значење и специфичноста на функцијата е токму во начинот на неговото дејствување и однесување. Методот и начинот на дејствуање на Народниот правобранител се состои во давање предлози, совети, сугестии, соработка, подучување, умешност да се сослуша човекот и правовремено да дејствува во насока на остварување на правата на граѓаните. Заради поефикасна и поквалитетна заштита на правата на граѓаните како потрошувачи, Народниот правобранител, покрај писмената комуникација со јавните претпријатија и организации, спроведува и непосредни увиди и директни контакти со службените лица заради правилно утврдување на фактичката состојба и изнаоѓање решение за ост варување на правата на потрошувачите.
Совет за заштита на потрошувачите
[уреди | уреди извор]Советот за заштита на потрошувачите е формиран од страна на Владата на Република Македонија и во него членуваат 12 претставници. Осум членови се од министерствата чии надлежности се поврзани со заштитата на потрошувачите, четири се од здруженијата на потрошувачите и еден претставник од сто панските комори. Советот во 2011 година активно работеше на формирање на совети за заштита на потрошувачите на локално ниво и досега се формирани 17 совети кои работат во согласност со локалните програми за заштита на потрошувачите, а во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите која на предлог на Министерството за економија ја донесува Владата на Република Македонија за период од две години. Во 2012 година продолжуваат активностите за унапредување на соработката со советите за заштита на потрошувачите на локално ниво, како и формирање на нови совети во општините каде што тие не се формирани. Советот за заштита на потрошувачите се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постоечката правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите, а, исто така, предлага преземање на соодветни мерки за заштита на здравјето, безбедноста и економските интереси на потрошувачите.
Граѓански здруженија за заштита на потрошувачите
[уреди | уреди извор]Во Република Македонија активно делува Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) која ги застапува интересите на потрошувачите, работи на подигање на јавната свест преку информирање, советување и едукација, унапредување и имплементација на соодветна законска регулатива и потрошувачка политика. ОПМ има Централа и Советодавно биро за потрошувачи. Централата ги спроведува активностите на Организацијата и ја координира работата со своите членки од другите градови. Во ОПМ членуваат шест невладини потрошувачки организации и тоа од: Битола, Тетово, Штип, Охрид и Кочани со своите советодавни бироа. Советодавните бироа вршат советување и информирање на потрошувачите. ОПМ е членка на Светската потрошувачка организација – Consumer international и BEUC – Европска организација на потрошувачите. Со цел информирање и едукација на потрошувачите, ОПМ издава информативни материјали, одржува редовни контакти со медиумите, организира тематски трибини, форуми и образовни предавања.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Заштита на потрошувачите“ на Ризницата ? |
- Организација на потрошувачите на Македонија (македонски)
- Брошура „Кој ти штити правата на потрошувачите[мртва врска] (македонски)
- Меѓународна организација на потрошувачите (англиски)
- Меѓународна мрежа за заштита на потрошувачите (ICPEN) (англиски)
- ↑ "West Encyclopedia of American Law. Consumer. Answers.com. n.d.. Посетено на January 31, 2010"