Казањ Арена
Казањ Арена | |
---|---|
Место | Казањ, Татарстан, Русија |
Започнат | мај 2010 |
Отворен | јули 2013 |
Сопственик | |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | $ 450 милиони |
Архитект | Populous, V. Motorin |
Игра | ФК Рубин Казањ |
Гледачи | 45,379 |
Казањ Арена (руски: «Казань Арена»; татарски: Казан-Арена) — стадион кој се наоѓа во Казањ, Русија.
Особености
[уреди | уреди извор]- Површина на стадионот: 28 хектари
- Сместивост: 45.379 гледачи
- Површина на објектот: 73,330 m²
- Вкупна површина на објектот: 135.967 m²
- Паркинг: 6.285 места
- Фудбалско поле: 9000 m², 105 mx 68 m
Историја
[уреди | уреди извор]На 5 мај 2010 година, рускиот претседател Владимир Путин поставил камен темелник на стадионот. Комплесот бил завршен во рекордно време - 36 месеци подоцна, во мај 2013 година, станувајќи првиот стадион изграден за Светското првенство 2018 во Русија.
Неговата сместивост е 45.379 гледачи. Со неговото отворање, стадионот го заменил Централниот стадион како главен фудбалски стадион во Казањ.
Архитектонскиот концепт на стадионот е дизајниран од страна на компанијата Populous. Според планот на главниот дизајнер Дејмон Лавел, стадионот е единствен одговор на локалната култура и место.
Стадионот во текот на своето постоење е најчесто домаќин на фудбалски натпревари, односно своите домашни натпревари на стадионот ги игра екипата на ФК Рубин Казањ. Освен тоа, стадионот бил домаќин на неколку меѓународни настани, како Летна универзијада - 2013, на Купот на конфедерации во 2017 година, а ќе биде домаќин и на натпревари од Светското првенство во фудбал во 2018 година. Казањ Арена, исто така, бил домаќин на Светското првенство во водени спортови во 2015 година.
Првиот фудбалски натпревар на стадионот бил одигран на 17 август 2014 година помеѓу ФК Рубин Казањ и ФК Локомотив Москва (1:1). Првата победа на новиот стадион ФК Рубин ја остварил на 23 август во натпреварот од 5-тиот круг од првенството на Русија, победувајќи го актуелниот шампион во тоа време - ПФК ЦСКА Москва (2: 1). На 5 ноември 2015 година на стадионот бил одигран првиот натпревар од Лига Европа против ФК Ливерпул. Од 17 јуни до 2 јули 2017 година, на стадионот во Казањ Арена се одржале четири натпревари од Купот на Конфедерации 2017, посетувајќи го повеќе од 150.000 гледачи.
Натпревари
[уреди | уреди извор]Куп на конфедерации 2017
[уреди | уреди извор]Дата | Време | Екипа #1 | Резултат | Екипа #2 | Круг | Посетеност |
---|---|---|---|---|---|---|
18 јуни 2017 | 18:00 | Португалија | 2–2 | Мексико | Група А | 34,372[1] |
22 јуни 2017 | 21:00 | Германија | 1–1 | Чиле | Група Б | 38,222[2] |
24 јуни 2017 | 18:00 | Мексико | 2–1 | Русија | Група А | 41,585[3] |
28 јуни 2017 | 21:00 | Португалија | 0–0 (0–3 p) | Чиле | Полуфинале | 40,855[4] |
Светско првенство 2018
[уреди | уреди извор]Дата | Екипа | Екипа#1 | Резултат | Екипа #2 | Круг | Посетеност |
---|---|---|---|---|---|---|
16 јуни 2018 | 13:00 | Франција | – | Австралија | Група Ц | |
20 јуни 2018 | 21:00 | Иран | – | Шпанија | Група Б | |
24 јуни 2018 | 21:00 | Полска | – | Колумбија | Група Х | |
27 јуни 2018 | 17:00 | Јужна Кореја | – | Германија | Група Ф | |
30 јуни 2018 | 17:00 | Победник од група Ц | – | Втор од група Д | Осмофинале | |
6 јули 2018 | 21:00 | Победник од натпревар 53 | – | Победник од натпревар 54 | Полуфинале |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Match report – Group A – Portugal - Mexico“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 18 June 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-12. Посетено на 18 June 2017.
- ↑ „Match report – Group B – Germany - Chile“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 22 June 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-12. Посетено на 22 June 2017.
- ↑ „Match report – Group A – Mexico - Russia“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 24 June 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-12. Посетено на 24 June 2017.
- ↑ „Match report – Semi-final – Portugal - Chile“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 28 June 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-12. Посетено на 28 June 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Казањ Арена на Ризницата ?
- Официјално мрежно место
- Изградба на стадионот
- Слики од стадионот на Sports.ru