Прејди на содржината

Концентрација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во хемијата, концентрацијата претставува мерка за тоа колку една супстанција е измешана со некоја друга. Ова се однесува за секој вид на хемиска мешавина, но највеќе се користи кај растворите, каде се однесува на количината на растворената супстанција во растворувачот.

Овие чаши со црвена боја прикажуваат квалитативни промени во концентрација. Растворите на лева страна се помалку концентрирани, додека оние на десната страна се повеќе концентрирани.

За да се концентрира еден раствор, мора во него да се додаде растворлива супстанција или, пак, да се намали количината на растворувачот (на пример, со селективно испарување). А за да се разреди еден раствор, пак, мора да се додаде растворувач или да се намали количината на растворената супстанција во растворот.

Постои одредена концентрација при која не може понатаму да се раствора растворливата супстанција во растворувачот. При оваа состојба се вели дека растворот е заситен. Ако се додаде растворлива супстанција во заситен раствор, таа нема да се раствори. Наместо тоа, ќе се смени агрегатната состојба во суспензија. Точката на заситување зависи од многу променливи, како амбиенталната температура и прецизната хемиска природа на растворената супстанција и растворувачот.

Концентрацијата може да се изрази и квалитативно (неформално) и квантитативно (бројчено).

Концентрацијата кај растворите се определува со следните изрази:

γ(B) = m(B) / V(раствор) [g/dm3]
σ(B) = V(B) / V(раствор) [без единица]
c(B) = n(B) / V(раствор) [mol/dm3]

каде:

γ е масена концентрација
σ е зафатнинска концентрација
c е количествена концентрација
B е растворена супстанција
m е маса
V е волумен
n е количество супстанција.