Прејди на содржината

Милион (Цариград)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милион
Μίλ (λ) ιον
Реконструкција
Карта
Општи податоци
СтилРимска архитектура
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната3 век
Урната16 век
Дел од објектот

Милион (грчки: Μίλ (λ) ιον) претставувал споменик кој се наоѓал во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Овој споменик бил изграден во текот на 4 век. Овој споменик претставувал местото од каде се мерале растојанијата на сите патишта кои воделе кон градовите на Византија, и имал иста функција како Милијариум Ауреум во Рим. Куполата на објектот лежела на четири големи арки и биле украсени со неколку статуи и слики. Овој објект бил иништен во почетокот на 16 век. За време на ископувањара во 1960 година, некои фрагменти од објектот биле откриени.

Во времето кога градот станал престолнина на Римското Царство, Константин Велики свесно презел голем број на идеи при изградба на градот од вечниот Рим. Меѓу тие градба спаѓал и овој монументале споменик. Споменикот се наоѓал источно од Августајон. На нејзниот врв се наоѓале статуи од Константин Велики и неговата мајка Елена.

Остатоците ос споменикот се наоѓаат во областа Еминону, во близина на Аја Софија и цистерна базилика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]