Прејди на содржината

Национален парк Мириц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Мириц
Müritz-Nationalpark
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Кебеличко Езеро, Национален парк Мириц
МестоГерманија Мекленбург-Западна Померанија, Германија
Најблизок градНојштрелиц, Варен
Површина318 км2
Воспоставен(а)1 октомври 1990

Национален парк Мириц (германски: Müritz-Nationalpark) — национален парк сместен отприлика во средина помеѓу Берлин и Росток, во јужниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се протега на големи делови од езерската област Мириц во округот Мекленбуршка Езерска Област. Националниот парк Мириц бил основан во 1990. Вкупната површина што ја зафаќа изнесува 318 км2. Близу градот Варен, посетителите можат да добијат информации за националниот парк, во објактот наречен Мирицојм (Müritzeum).

Географија

[уреди | уреди извор]

Националниот парк е поделен на две одвоени области, Мириц и Зеран:[1] Првиот и поголем дел се протега од источниот брегови на езерото Мириц до градот Нојштрелиц. Вториот и помал дел е сместен источно од Нојштрелиц. 65% од територија на паркот е покриена со шума, 12% со езера. Преостанатиот дел е составен од мочуришта и ливади.

Езерото Мириц има површина од 118 км2, но само неговиот источен брег е дел од националниот парк. Градовите Варен и Нојштрелиц се најблиски градови до паркот. Во рамките на националниот парк постојат околу 100 езера, како и бројни помали водени површини, потоци и канали. Реката Хафел извира во делот околу Мириц, близу поделбата на водите во различните сливови, балтичкиот и северниот.

Фауна и флора

[уреди | уреди извор]

Животни што можат да се најдат во границите на националниот парк се обичниот орел, жеравите, белоопашестиот орел и орелот-рибар. Други животни што можат да се сретнат се големиот воден бик, трскарот, црвеноногата тринга, зеленоногата тринга, црниот штрк, жерави, берија, патката крецка и малиот свиркач.

Поради недопрената природа можат да се најдат многу смреки во самиот парк.

  1. „Национален парк Мириц (германски)“. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2013-12-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]