Нулти меридијан
Нулти меридијан или гринички меридијан — меридијанот (линијата на географска должина) на кој должината се зема како 0°. Според ова, нултиот меридијан е работа на конвенција, договор и низ историјата таа конвенција се менувала. Денес за нулти меридијан се зема линијата што минува низ Кралската опсерваторија во Гринич, Англија, близу до Лондон. Според местото и меридијанот честопати се нарекува Гринички меридијан.
За разлика од напоредниците, кои се дефинирани како замислени линии кон север и кон југ од Екваторот (при што Екваторот по конвенција е на 0°, а половите на 90°), нултиот меридијан е сосема произволен.
Нултиот меридијан минува низ Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Алжир, Мали, Буркина Фасо, Того и Гана.
Спротивно на нултиот меридијан на Земјината топка, на 180° географска должина се наоѓа Меѓународната датумска граница. Сите точки на Земјината топка помеѓу 0° и 180° се со западна географска должина, а оние помеѓу 180° и 0° се со источна географска должина.
Список на места
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од Северниот Пол, па на југ кон јужниот, нултиот меридијан (во 2016 г.) минува низ следниве места:
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |