Об
Об | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Карско Море |
Должина | 5.410 км |
Особености на сливот | |
Об (руски: Обь) — река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската Низина. Реката е долга 3.650 км, но од изворот на нејзината најдолга притока Иртиш 5.410 км со што е шеста седма најдолга река во светот. Реката својот тек го завршува во Опскиот Залив (Карско Море), создавајќи речна делта долга 80, а широка од 30 до 90 км.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]За реката Об можно е да се слушнат и други имиња. Луѓето од народот Канти ја нарекуваат Ас, Јаг, Колта и Јема, додека пак луѓето од народот Ненец Кјолта и Квај, а Сибирските Татари Умар или Омар.
Течение и географски податоци
[уреди | уреди извор]Об извира во подножјето на планината Алтај северозападно од градот Блиск. Со течението на реката на север се намалува и надморската висина, сè до вливот во Опскиот Залив каде што изнесува 0.
Течението на реката е поделено на 3 тека:
- Горен тек тек: До вливот на реката Том во Об;
- Среден тек: До вливот на Иртиш во Об; и
- Долен тек: До вливот на Об во Опскиот Залив.
Во горниот тек, Об главно тече низ висорамнини, а со вливот на реката Иртиш се создава асиметрија на бреговите, па така на десната брег се простираат возвишенија и стрмнини додека на левиот брег рамнини.
Во долниотѕ тек, Об забавува, а во околината на реката се создаваат мочуришта.
Притоки
[уреди | уреди извор]Во својот тек, во Об се влеваат повеќе реки. Најдолги леви притоки се Иртиш, Васјуган и Сосва, а најдолги десни Том, Чулим, Кет, Тим и Вак.
Градови низ кој поминува реката
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Об“ на Ризницата ? |
- Податоци и карта со течението на реката Об Архивирано на 14 декември 2004 г.
- Репортажа за реката Об Архивирано на 9 февруари 2007 г.
- Интересни места на реката Об[мртва врска]
|