Ода на радоста
Изглед
Ода на радоста (гер. An die Freude) е ода напишана во 1785 од германскиот поет, драматург и историчар Фридрих Шилер. Песната го величи идеалот на братство и единство на целото човештво. Делото е најпознато по неговата музичка варијанта, искомпонирана од Лудвиг ван Бетовен како краен став на неговата Деветта симфонија (завршена во 1824), која претставува хорска симфонија за четири соло гласови, хор и оркестар.
Помалку познати музички варијанти на песната искомпонирале:
- Јохан Готлиб Науман (1786)
- Кристијан Готфрид Кернер (1786)
- Јохан Фридрих Рајхарт (1796)
- Јохан Фридрих Хуго фон Далберг (1799)
- Франц Шуберт, песна со истоимен наслов, D 189 (1815), за глас и пијано
- Петар Илич Чајковски (1865), за соло пејачи, хор и оркестар, во руски превод
- „Прегрнати да сте, милиони!“ (Seid umschlungen, Millionen!) (1892), валцер од Јохан Штраус II
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
- Шилеровата „Ода на радоста“ во оригинална германска верзија (1785) со англиски превод Архивирано на 30 април 2011 г.
|