Прејди на содржината

Портал:Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди  

У К Р А И Н А

mini
mini
mini
mini
грб знаме

Украина (украински: Україна) е држава во Источна Европа. Се граничи со Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад, со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црно и на Азовско Море. Главен град е Киев.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година.

Со 603.700 км2 Украина е 44. држава по големина во светот и прва на европскиот континент, сметајќи ги само земјите кои се протегаат целосно во Европа.

Пејзажот на Украина е составен од плодни низини и платоа. Во Украина има големи реки како на пример Днепар, Северски Донец, Днестар и Јужен Буг. На југот на земјата делтата на Дунав ја создава границата помеѓу Украина и Романија. Единствените планини во земјата се Карпатите кои се наоѓаат на запад и највисок врв е Говерла со 2.061 м.

Климата во Украина е континентална, додека на југот се забележува и умерена средоземна клима.