Прејди на содржината

Рамајана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рама (десно) седи врз рамениците на Хануман и се бори со кралот-демон Равана.
Дел од статиите
Хиндуизам
Историја  · Божества
Секти  · Митологија
Верувања
Реинкарнација  · Мокша
Карма  · Самсара  · Маја
Нирвана  · Дарма
Јога  · Ајурведа
Југа  · Вегетаријанство
Бакти  · Арта
Текстови
Упанишади  · Веди
Багават гита
Рамајана  · Махабхарата
Пурана  · Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи  · Мандир  ·
Касти  · Мантра
Речник  · Празници
Мурти

Рамајана (деванагари: रामायण) е древен еп напишан на санскрит, составен меѓу 400 година п.н.е. и 200 година од нашата ера. Му се припишува на хиндуистичкиот мудрец Валмики. Епот ги опишува должностите во врските, ги портретира идеалните карактери, како што се идеален слуга, идеален брат, идеална сопруга и идеален крал.

Името Рамајана може да се преведе како „Патувањето на Рама“. Содржи 24.000 стихови сместени во седум книги, и 500 пеења (kāṇḍas).[1] Ја раскажува приказната за господарот Рама, чија сопруга Сита е грабната од демонот Равана, крал на Ланка. Тематски, епот се занимава со темите за човечката егзистенција и за концептот на дарма.[2]

  1. Romesh Dutt, "Epilogue by the Translator", Ramayana, The Epic of Rama, Prince of India, London, J.M. Dent 2nd ed., (1902) p. 183. Dutt cites Ramayana, Book VII, "Uttra-Kinda".
  2. Brockington, John (2003), „The Sanskrit Epics“, Во Flood, Gavin (уред.), Blackwell companion to Hinduism, Blackwell Publishing, стр. 116–128, ISBN 0-631-21535-2