Роберт Колман Ричардсон
Роберт Колман Ричардсон | |
---|---|
Роден(а) | јуни 26, 1937 Вашингтон, САД |
Починал(а) | февруари 19, 2013 Итака, Њујорк, САД | (возр. 75)
Живеалиште | Америка |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Корнелски универзитет |
Образование | Вирџинија тех Дјукски универзитет |
Докторски ментор | Хорст Мејер |
Познат по | Откривање на суперфлуидност во хелиум-3 |
Поважни награди | Награда за Баклиева кондензирана материја (1970) Нобелова награда за физика (1996) |
Роберт Колман Ричардсон (англиски: Robert Coleman Richardson 26 јуни 1937 — 19 февруари 2013)[1] бил американски експериментален физичар кој истражувал за субмиликелвиновите температурни студии на хелиум-3. Ричардсон, заедно со Дејвид Ли, како искусни истражувачи, а потоа и дипломираниот студент Даглас Ошероф, ја споделиле Нобеловата награда за физика во 1972 за откривањето на својството на супертечноста на атомите на хелиумот-3 во Корнелскиот универзитет.[2][3][4]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ричардсон се родил во Вашингтон. Одел во средното училиште „Вашингтон-Ли“ во Округот Арлингтон, Вирџинија. Тој подоцна курсевите по биологија и физика во училиштето ги опишал како „многу старомодни“ за тоа време. „Идејата за ’напредна поставеност‘ сѐ уште не била измислена“, напишал тој во неговата автобиографија за Нобеловата награда. Тој го зел првиот курс по анализа кога бил втора година во колеџот.[5]
Ричардсон го посетувал универзитетот Вирџинија тех и дипломирал во 1958, а магистрирал во 1960. Тој докторирал во Дјукскиот универзитет во 1965.
Во времето на неговата смрт, тој му бил професор по физика на Флојд Њуман во Корнелскиот универзитет, иако повеќе не работел во лабораторијата. Од 1998 до 2007 тој во Корнелскиот универзитет работел како заменик професор за истражување, а од 2007 до 2009 бил искусен советник за наука на претседателот и потпретседателот. Неговата експериментална работа се фокусирала на употреба на јадрена магнетна резонанца за да ги проучува квантните својства на течностите и цврстите тела при екстремно ниски температури.
Ричардсон бил "Eagle Scout", а неговите извиднички активности во неговата младост ги спомнал во биографијата која ја доставил до Нобеловата фондација за време на неговата награда.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Криогеника - нискотемпературна физика
- Физика на кондензирана материја
- Хронологија на нискотемпературна технологија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Biography on the Nobel Foundation website“. Архивирано од изворникот на 2011-08-05. Посетено на 2015-03-27.
- ↑ Osheroff, DD; RC Richardson; DM Lee (1972). „Evidence for a New Phase of Solid He3“. Physical Review Letters. 28 (14): 885–888. Bibcode:1972PhRvL..28..885O. doi:10.1103/PhysRevLett.28.885.
- ↑ Osheroff, DD; WJ Gully; RC Richardson; DM Lee (1972). „New Magnetic Phenomena in Liquid He3 below 3mK“. Physical Review Letters. 29 (14): 920–923. Bibcode:1972PhRvL..29..920O. doi:10.1103/PhysRevLett.29.920.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1996“. The Nobel Prize in Physics. Nobel Foundation. 2007. Посетено на 2007-08-05.
- ↑ Chang, Kenneth. (2013, February 22). Robert C. Richardson, 75, Laureate in Physics, Dies. The New York Times, p B14.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Cornell webpage
- Freeview video Interview with Robert Richardson by the Vega Science Trust
- Obituaries
- Cornell obituary
- „Robert Richardson“. The Telegraph. 21 Feb 2013.
- Kenneth Chang (21 February 2013). „Robert C. Richardson, Laureate in Physics, Dies at 75“. The New York Times.
- Hamish Johnston (21 February 2013). „Robert Richardson: 1937–2013“. physicsworld.com. Архивирано од изворникот на 2015-04-01. Посетено на 2015-03-27.
|