Прејди на содржината

Розиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Розиди
Разнолисен млеч (Euphorbia heterophylla)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Редови

Во текстот.

Розидите се голем клад на цветни растенија и содржат околу 70.000 видови,[1] над една четвртина од сите скриеносеменици.[2] Кладот е поделен на 16 до 20 редови, зависно од разграничувањето и класификацијата. Овие редови пак, сочинуваат околу 140 фамилии.[3] Розидите и астеридите се во голема мера најголемите кладови во евдикотите.

Познати се фосилни наоди на розиди од периодот креда. Се смета дека потекнуваат од фазите апт и алб на периодот креда, пред 125-99,6 милиони години.[4][5]

Сродности

[уреди | уреди извор]

Розидите и каменоломковидните (Saxifragales) образуваат клад.[1][6] Ова е една од 6-те групи што ја сочинуваат групата Pentapetalae (јадрените евдикоти без Gunnerales),[7] а другите се Berberidopsidales, Caryophyllales, Dilleniales, Santalales и астеридите. За поврзаноста меѓу овие групи не се знае речиси ништо.

Класификација

[уреди | уреди извор]

Кладот розиди се состои од две групи: редот Лози (Vitales) и еврозидите (вистински розиди). Еврозидите пак, се делат на седум групи: Fabidae, Geraniales, Myrtales, Crossosomatales, Picramniales,[6] Malvidae,[7] и несместената фамилија Apodanthaceae.[8] Fabidae се нарекуваат и фабиди или еврозиди I. Истото важи и за Malvidae, што се нарекуваат и малвиди или еврозиди II.

Филогенија

[уреди | уреди извор]

Филогенијата прикажана подолу е усвоена од Ванг и др., а имињата на редовите се преземени од страницата на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија[1].[6]


Vitales


еврозиди 
Fabidae 

Zygophyllales



клад „COM“

Celastrales



Oxalidales



Malpighiales



азотоврзувачки клад 

Fabales




Rosales




Fagales



Cucurbitales







Malvidae sensu lato 
65% 

Geraniales



Myrtales





Crossosomatales




Picramniales


Malvidae sensu stricto 

Sapindales




Huerteales




Brassicales



Malvales









„Азотоврзувачкиот клад“ содржи голем број на актиноризни растенија (со израстоци на корењата кои содржат бактерии што го врзуваат азотот, и така го помагаат растот во посиромашни почви). Не сите растенија во кладот се актиноризни.

  1. 1,0 1,1 1,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  2. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  3. Douglas E. Soltis, Pamela S. Soltis, Peter K. Endress, and Mark W. Chase (2005), Phylogeny and Evolution of the Angiosperms, Sunderland, MA, USA: Sinauer, ISBN 978-0-87893-817-9CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  5. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. 6,0 6,1 6,2 Peter F. Stevens (2001-), [[Група за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија|Филогенија на скриеносемениците]] Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); URL–wikilink conflict (help)
  7. 7,0 7,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  8. Daniel L. Nickrent, „Apodanthaceae“, The Parasitic Plant Connection