Росов Остров
Ross Island | |
---|---|
Карта на Росовиот Остров | |
Географија | |
Место | Антарктик |
Координати | 77°30′S 168°00′E / 77.500° ЈГШ; 168.000° ИГД |
Архипелаг | Росов Архипелаг |
Површина | 2.460 км2 |
Највисоко место | 3.794 м |
Највисока точка | Еребус |
Држава | |
нема | |
Под управа согласно Антарктичкиот договор | |
Демографија | |
Население | лете: 1000; зиме: 140 |
Росов Остров (англиски: Ross Island) — остров близу Антарктикот, сочинет од четири вулкани во Росовото Море крај брегот на Викториината Земја на заливот Мекмердо. Сместен е на подрачјето на Росовата Зависност, територија на Нов Зеланд.
Откривање
[уреди | уреди извор]Островот е откриен во 1840 г. од британскиот истражувач Џејмс Кларк Рос и подоцна наречен по него по иницијатива на Роберт Ф. Скот.
Росовиот Остров послужил како база за голем број рани експедиции на Антарктикот поради неговата положба како најјужен остров достапен за бродови. Сè уште стојат колибите на Скот и Ернест Шеклтон направени во нивните експедиции и подоцна запазени како историско наследство.
Денес на островот е сместена новозеландската база „Скот“ и американската антарктичка станица „Мекмердо“ — најголема населба на континентот. Од 1987 до 1992 г. работела и станица на меѓународната организација „Гринпис“ наречена „База на Светскиот парк“.
Географија
[уреди | уреди извор]Поради трајното присуство на ледената покривка, островот понекогаш се смета за дел од антарктичкото копно. Зафаќа површина од 2.460 км2, од кои само мал дел не се покриени со мраз и снег.
На Росовиот Остров се наоѓа најјужниот активен вулкан на светот — Еребус (3.794 м), како и забележителниот заспан вулкан Терор (3.230 м). Наречени се по бродовите „Еребус“ и „Терор“ од страна на капетанот Џејмс К. Рос. Трет по висина е вулканот Бед, на чии падини се ледниците Шел и Ендевор Пиемонт. Меѓу Еребус и Берд е врвот Ебот. Во источниот дел на островот се купите Гембл и Кајл.[1] Врвот Биби е 4,4 км (2,4 М) на исток-североисток од Берд.
Наспроти скромната големина, островот го зазема шестото место по висина во светот и првото на Антарктикот. Има најголема просечна висина од сите острови на планетата.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Местата на Росовиот Остров и околината се претежно наречени по разни истражно-геодетски групи кои ги извршиле првите картографски работи на ова подрачје.
Најзначајна знаменитост е планината Еребус. Од неговите долни падини во југозападен правец се издава полуостровот Хат Поинт на кој се сместени станицата „Мекмердо“ и базата „Скот“. Од западните падини се издава Барновиот Ледник. Северно од Терор се Кинлеовите Нунатаци.
Најисточната точка на островот е ’ртот Крозје. На западниот крај е карпестиот ’ртот Еванс, кој ја образува северната страна на заливот Еребус.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Ортографска проекција
-
Аделски пингвини на ’ртот Крозје
-
Скотовата колиба на ’ртот Хат
-
Скотовата колиба на ’ртот Еванс
-
Шеклтоновата колиба на ’ртот Ројдс
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на антарктички и подантарктички острови
- Мекмердо (залив)
- Новозеландски Подантарктички Острови
- Росово Море
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ LeMasurier, W. E.; Thomson, J. W., уред. (1990). Volcanoes of the Antarctic Plate and Southern Oceans. American Geophysical Union. стр. 512. ISBN 0-87590-172-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Росов Остров“ на Ризницата ? |
- Карта на Росовиот Остров и Суводолиците[мртва врска] — Национален институт за метеоролошки и атмосферски истражувања на Нов Зеланд (NIWA) (англиски)
- Карта на бреговите промени и глациологијата на Росовиот Остров од 1962 до 2005 г. — Геолошки топографски институт на САД (англиски)
- Росов Остров — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)