Северна Кореја (Демократска Народна Република Кореја) првпат учествува на Олимписките игри во 1964 година, учествувајќи само на Зимските олимписки игри одржани во таа година. Осум години подоцна во 1972 година, за првпат се натпреварувале и на Летните олимписки игри. Оттогаш, учествувале на сите Летни игри, со исклучок на бојкотот на игрите воден од страна на Советскиот Сојуз на Летните игри во 1984 година, и бојотот на игрите од 1998 година во Сеул, Јужна Кореја. Учеството на Северна Кореја на Зимските игри е спорадично,тие учествувале само на седум игри од последните дванаесет. Во 2010 година тие се натпреварувале на Зимските олимписки игри во Ванкувер.
Севернокорејските спортисти имаат освоено вкупно 47 медали, од кои два се освоени на Зимските олимписки игри.