Прејди на содржината

Сими

Координати: 36°35′N 27°50′E / 36.583° СГШ; 27.833° ИГД / 36.583; 27.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сими
Σύμη
Сими is located in Грција
Сими
Сими
Местоположба во областа
2011 Dimos Symis.png
Координати: 36°35′N 27°50′E / 36.583° СГШ; 27.833° ИГД / 36.583; 27.833
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
ОкругРодос
Управа
 • ГрадоначалникЕлефтериос Папакалодукас
Површина
 • Општина65,754 км2 (25,388 ми2)
Најг. вис.&10000000000000617000000617 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.2.590
 • Општ. густина0,039/км2 (0,10/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.856 00
Повик. бр.22460
Рег. таб.ΚΧ, ΡΟ, ΡΚ
Мреж. местоsymi.gr

Сими или Симе (грчки: Σύμη) — грчки остров и општина кој се наоѓа во југоисточниот дел на Егејско Море. Припаѓа на групата острови Додеканези и е дел од регионалната единица Родос[2]. Сими е планински остров на кој се наоѓа истоимено пристаниште и градот Ано Сими, како и неколку помали наоѓалишта, плажи и области од значење во историјата и митологијата.

Економијата на Сими традиционално се засновала на индустриите за бродоградба и производство на сунѓер. Населението достигнало 22.500 на својот врв во тој период. Главната индустрија на Сими денес е туризмот, а неговото постојано население се намалило на 2.500 луѓе[3] Symi's main industry is now tourism,[4].

Островот е познат по своите уникатни ракчиња. Именувани како „Симиски ракчиња“, ова се мали ракчиња кои се пржат и се јадат цели.

Географија

[уреди | уреди извор]

Географски, Сими е дел од групата острови Додеканези, кој се наоѓа на околу 41 километар северо-северозападно од Родос (и 425 километри од Пиреја, пристаништето во Атина) со 58,1 квадратни километри од планинскиот терен. Неговите најблиски соседи се Датча и Бозбурун од провинцијата Мугла во Турција. Неговата внатрешност е преполна со мали долини, а неговото крајбрежје се менува помеѓу карпи и плажи и изолирани заливи. Неговиот главен град, кој се наоѓа на североисточниот брег, се вика Сими и се состои од долен град (околу пристаништето), и горен град кој се нарекува Хорио или Ано Сими. Други населени места се Педи, Нимборијо, Маратунда и Панормитис. Панормитис е местоположба на познатиот манастир на островот кој го посетуваат луѓе од целиот свет, а многу Грци оддаваат почит на Свети Михаил секоја година. Островот има 2.580 жители, главно ангажирани во туризмот, риболовот и трговијата. Во туристичката сезона која трае од Велигден до Денот на Панормитис во почетокот на ноември, туристите и дневните патници го зголемуваат бројот на луѓе на островот до 6000 луѓе[5]. Покрај многуте историски наоѓалишта, изолираните плажи на островот, многу достапни само со мали чамци, се популарни кај туристите. Општина Сими вклучува неколку ненаселени островчиња. Неговата вкупна површина е 65.754 квадратни километри[6].

Историја

[уреди | уреди извор]

Ран период

[уреди | уреди извор]

Во старогрчката митологија, Сими е познат како родно место на Харитите и да го носи името од нимфата Сими, иако Плиниј Постариот и некои подоцнежни писатели тврделе дека името е изведено од scimmia или мајмун. Во Хомеровата Илијада островот се споменува како сопственост на кралот Ниреј, кој се борел во Тројанската војна на страната на Грците. Тукидид пишува дека за време на Пелопонеската војна имало битка кај Сими во близина на островот во јануари 411 година п.н.е., во која неодреден број спартански бродови ја поразиле ескадрилата на атинските сили. Малку е познато за островот до 14 век, но археолошките докази покажуваат дека бил постојано населен, а рушевините на цитадели сугерираат дека претставувал важна локација. Островот бил дел од Римското Царство и Византија[7], до неговото освојување од Витезите на Свети Јован во 1309 година[8].

Витешки и османлиски период

[уреди | уреди извор]

Освојувањето на островот било поттикнато од интересот на Витезите за превозот и трговијата. Поради неговата стратешка позиција, островот требало да помине низ период од неколку векови на просперитет. Но, отровот бил освоен од страна на Отоманското Царство во 1522 (заедно со блискиот Родос), но му било дозволено да задржи многу свои привилегии, па неговиот просперитет продолжил речиси непречено. Во времето на Османлиите островот бил наречен Сомбеки. Сими било место каде се вадело сунѓер и својот врв во економијата го достигнал во средината на XIX век. Голем број на необични шарени неокласични палати што ги покриваат падините во близина на главниот град датираат од тој период[9]. Иако Сими учествувал во Грчката војна за независност од 1821-1829 година, островот бил изоставен и останал под османлиска власт[10].

Современ период

[уреди | уреди извор]
Поглед кон пристаништето.
Куќи на островот

Островот, заедно со остатокот од Додеканезите, неколкупати ја менувал својата сопственост во текот на XX век: во 1912 година Додеканези прогласил независност од Османлиите, иако островите речиси биле окупирани од Италија. Островот официјално бил отстапен на Италија во 1923 година, а на 12 октомври 1943 година бил окупиран од нацистите[11]. По крајот на Втората светска војна, предавањето на германските сили во регионот се случило на островот Сими, а островот бил предмет на тригодишна окупација од Британците[12]. Сими потоа бил вклучен во составот на Грција.

Островот станал место за туристите од странство, особено Британците и Италијанците[13], и сега е постојан дом на околу 120 негрчки жители[14], од кои 50 се Британци[15]. Приливот на туристи довело до реновирање на голем број куќи (од кои многу биле уништени за време на Втората светска војна). Помеѓу 1998 и 2006 година, се проценува дека цената се зголемила пет пати[15]. Зголемената популација на британски и други иселеници довело до демографски и политички промени.

Има значителна реставрација на многу куќи во Сими во изминатата деценија, од страна на архитекти, вклучувајќи ги Харис А. Калигас и Анастасија Папајоано, добитници на наградите Europa Nostra за нивната работа на Сими и на други места во Грција.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Манастирот посветен на Архангел Михаил[16] е грчки православен манастир изграден на југозападниот брег во почетокот на XVIII век. Тој гледа кон заливот, и сѐ уште е населен со монаси.
  • Кастро се наоѓа во главниот град, Ано Сими и бил изграден од страна на Витезите на Свети Јован како проширување на византискиот замок на истата локација, од кои многу делови сè уште се видливи. Исто така, постојат остатоци од древна цитадела на која биле изградени двата подоцнежни замоци.
  • Саат-кула, била изградена околу 1880 година
  • Воен споменик во пристаништето кој се состои од споменикот „Гулаб на мирот
  • Самиот град Сими има тринаесет големи цркви и десетици капели, некои од кои датираат од византиската ера.
  • Во селото Нимборио има преживеани древни ѕидини од времето на Пелазгите и дванаесет куполи што останале од работилниците што ги користеле уметниците.

Фестивал

[уреди | уреди извор]

Од 1995 година, Сими е домаќин на музички фестивал во периодот јули-септември[17][18]. Овој фестивал бил основан од грчкиот политички новинар Јоанис, кој го основал во родното место на неговиот татко Елефтериос. Од своето основање, фестивалот привлекол многу грчки музичари кои настапиле.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kallikratis law Архивирано на 12 јуни 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Hellander, Paul; Kate Armstrong (2006). Greece. Lonely Planet. стр. 535. ISBN 978-1-74059-750-0.
  4. O'Brien, Murrough (2003-04-27). „On Symi, parties go off with a bang“. The Independent. Посетено на 2009-09-20.
  5. „An Ethnography of Tourism on Symi: Research Report, Sean Damer (2003)“. Архивирано од изворникот на 2010-03-12. Посетено на 2018-12-26.
  6. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  7. Byzantine Symi Архивирано на 8 јуни 2011 г.
  8. Conquest by the Knights Архивирано на 8 јуни 2011 г.
  9. Symi under the Ottomans Архивирано на 8 јуни 2011 г.
  10. Symi in the Greek Revolution Архивирано на 8 јуни 2011 г.
  11. „Nazi Occupation of Symi reported“. The Evening Independent (St. Petersburg, Florida). 1943-10-15. стр. 6. Посетено на 2009-09-20.
  12. Οι ανοιπότακτοι της Σύμης - Βρετανική κατοχή στα Δωδεκάνησα, Ελευθέριος I. Διακογιάννης Архивирано на 24 јули 2011 г.
  13. Field, June (2003-11-16). „Home thoughts from... Symi, Greece; Utter peace except for the church bells“. The Observer. Посетено на 2009-09-20.
  14. Zahariadis, Giorgos (2006-08-24). „Euro Mayor on Symi (English Translation)“. Ta Nea. Архивирано од изворникот на 2015-05-08. Посетено на 2018-12-27.
  15. 15,0 15,1 Field, June (2006-09-05). „New life amid the ruins of a Greek isle“. The Daily Telegraph. Посетено на 2009-09-19.
  16. Αρχάγγελος Μιχαήλ ο Πανορμίτης στη Σύμη Архивирано на 28 септември 2007 г.
  17. Symi Festival Архивирано на 28 септември 2007 г.
  18. „Symi Festival reports and reviews“. Архивирано од изворникот на 2013-07-22. Посетено на 2021-08-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]