Прејди на содржината

Тирол (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тирол (германски:Tirol, италијански:Tirolo е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија. Зафаќа површина од 12.647 квадратни километри и население од 709.919 со густина на населението од 55 жители/км2.

Знаме на Тирол

Географија

[уреди | уреди извор]

Тирол го зафаќа западниот дел на Австрија и се граничи со:

Единствено територијата на оваа покраина е поделена на два дела: Поголемиот Северен Тирол и помалиот Источен Тирол. Меѓусебната раздалеченост изнесува 20 километри, а ги разделува италијанската покраина Јужен Тирол.

Природни одлики

[уреди | уреди извор]

По површина, Тирол е петта по големина покраина во Австрија. Според релјефот, е планинско подрачје во срцето на Алпите. Средишниот дел на покраината е низински низ кој тече реката Ин, додека пак во Источен Тирол тече реката Драва. Климата во поголемиот дел е континентална, а во повисоките делови е планинска.

Население

[уреди | уреди извор]

Населението брои околу 710.000 жители и е петта покраина по населеност. Густината изнесува 55 жители/км2 што е понизок од просекот на државно ниво. Етничкиот состав го сочинуваат мнозинството Австријци и во поново време има значително доселување на луѓе од државите на поранешна Југославија и Турци.