Треченто
Треченто (итал. Trecento ) е назив за италијанската уметност од XIV век.
Врз основите на византискиот стил и готиката се појавува сликарска школа со седиште во Сиена. Во периодот на треченто, благодарејќи на значајните дела на Данте во епската поезија, на Петрарка во лириката и Бокачо во новелизмот, тосканскиот дијалект станува основа за единствениот италијански книжевен јазик.
Периодот на треченто е период на енергични активности во италијанската уметност, вклучувајќи го сликарството, архитектурата, литературата и музиката. Достигнувањата во музиката од овој период се еднакви со достигнувањата во другите уметности и тоа на многу начини, односно се појавуваат нови форми на изразување. Во тој поглед, музиката на треченто повеќе изгледа како феномен на ренесансата. Како и да е, доминатниот музички јазик е потесно поврзан со оној од доцниот Среден век, а музиколозите обично тречентото го класифицираат како крај на средновековната ера.[1]
Извори
[уреди | уреди извор]Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |