Трипура е сојузна држава во североисточна Индија и претставува трета најмала држава во земјата, опфаќа 10.491 км2 (4.051 км) и граничи со Бангладеш на север,[1] јужно и западно, и со индиските држави Асам и Мизорам на исток. Во 2011 година државата имала 3.671.032 жители, што претставува 0,3% од населението на земјата
Трипура била кралство пред обединувањето со Индија. Кралевите на Трипура владееле 3 илјади години пред обединувањето со Индија. Главен град на кралството бил Удајпур, кој тогаш се викал Рангамати. Главниот град се преместил во стара Агартала во 18-от век, а во сегашна Агартала во 19-от век. Трипура е била под доминација на Могула, а подоцна на Британците. Во меѓувреме се појавило антимонархистичко движење, кое успеало да ја обедини Трипура со Индија. Мнозинството на населението го сочинуваат хинду Бенгалци, а поголемиот дел од нив се избеглици од Источен Пакистан (Бангладеш) после независноста од 1947 гдина. Трипура во 1947 станала дел од Индија.