Турпија
Турпија или еге — рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на слични површини со која се симнува горниот слој од површината[1][2]. Турпијата се состои од челична шипка чија површина е избраздена со остри запци, обично поставена на дршка. Се користи за гланцање или сечење на материјал со стружење.
Поделба според намената
[уреди | уреди извор]Турпиите се изработуваат, во зависност од намената, од стандардни до многу тврди челици. Mоже да се поделат на повеќе начини, а основната поделба им е според намената. Исто така се делат според нивниот облик, како и на рачни и машински.
Турпии за обработка на дрво
[уреди | уреди извор]Овие турпии се изработуваат од стандарден челик.
Турпии за обработка на метал
[уреди | уреди извор]Овие турпии се изработуваат од тврд челик.
Поделба според обликот
[уреди | уреди извор]Турпиите според нивниот облик се делат на:
Правоаголни
[уреди | уреди извор]Рамната турпија има правоаголен пресек со висина отприлика 1⁄5 од нејзината ширина. Само површините на ширините имаат запци.
Квадратни
[уреди | уреди извор]Пресекот на овие турпии е квадрат. Сите површини се назабени.
Полукружни
[уреди | уреди извор]Пресекот на полукружната турпија е полукруг. И двете нејзини страни, рамната и полукружната, се назабени.
Кружни
[уреди | уреди извор]Пресекот на кружната турпија е круг кој се намалува одејќи од дршката кон врвот.
Триаголни
[уреди | уреди извор]Пресекот на триаголната турпија е триаголник. Се користи на пример за острење пили.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Разни видови турпии за обработка на метал
-
Танки фини турпии
-
Дијамантски турпии
-
Правилно држење на турпија
-
Разлика меѓу турпии за меки (лево) и тврди (десно) материјали
-
Турпија за меки материјали (дрво и сл.)
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|