Прејди на содржината

Фудбалска репрезентација на Сенегал

Од Википедија — слободната енциклопедија
 Сенегал
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Les Lions de la Teranga
(Лавовите на Теранга)
СојузФудбалска федерација на Сенегал
КонфедерацијаКАФ КАФ (Африка)
СелекторСенегал Алиу Сисе
КапитенКалиду Кулибали
Најмногу настапиАнри Камара (99)
Најдобар стрелецАнри Камара и
Садио Мане (29)
ФИФА кодSEN
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално18 (10 февруари 2022)[1]
Највисок18 (февруари 2022)
Најнизок99 (јуни 2013)
Прв меѓународен натпревар
Брит. Гамбија 1 — 2 Фр. Сенегал
(Гамбија; 1959)
како Сенегал
 Бенин 3 — 1 Сенегал 
(Брег на Слонова Коска; 31 декември 1961)
Најголема победа
 Сенегал 10 — 1 Мавританија 
(Сенегал; 28 септември 1972)
Најлош пораз
 Гвинеја 5 — 0 Сенегал 
(Гвинеја; 6 март 1966)
Светско првенство
Учества2 (првпат во 2002)
Најдобар резултатЧетвртфинале 2002
Африкански куп на нации
Учества16 (првпат во 1965)
Најдобар резултатШампион, 2021

Фудбалската репрезентација на Сенегал, позната и под прекарот "Лавовите на Теранга", го претставува Сенегал на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Сенегал. Репрезентацијата го имала својот прв настап на Светските првенства на изданието во 2002 година и таму направила огромно изненадување победувајќи го бранителот на титулата, светскиот и европски првак, Франција со 1-0 во воведниот натпревар на турнирот. Последователно, Сенегал стигнал до четвртфиналето на тој турнир, станувајќи само втората земја од Африка (после Камерун во 1990) која стигнала до оваа фаза на натпреварување која досега не ја има минато ниту една африканска репрезентација.

После 16 години чекање, репрезентацијата повторно се квалификувала на Светско првенство, правејќи го тоа на Мундијалот 2018 во Русија, каде настапот го завршиле уште во првата фаза.

Првиот настап на Африканскиот куп на нации, Сенегал го имал во 1965 година, кога како второпласирани во групата, загубиле со 1-0 од Брегот на Слоновата Коска во натпреварот за третото место. На Африканскиот куп на нации 1990, Сенегал уште еднаш завршил на четвртото место, а на првенството во 2002, тие за првпат се пласирале во финалето, во кое загубиле на пенали од Камерун. Откако загубиле уште едно финале, овојпат од Алжир во Африканскиот куп на нации 2019, Сенегал ја освоил својата прва титула на Африканскиот куп на нации, на изданието во 2021 година на кое во финалето го совладале Египет по изведување на пенали.

Историја

[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата на Сенегал својот прв натпревар го одиграла 1959 година против Британска Гамбија (денешна Гамбија), и победила со 2-1. Фудбалската федерација на Сенегал е основана 1960 година, а членка на КАФ станала 1963 година, а година дена подоцна се приклучува во членството на ФИФА.

Првиот настап на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал го забележала во 1965 година. Таму во групата играла против Тунис и Етиопија; во првиот натпревар против Тунис одиграле нерешено 0-0, за во второто коло убедливо да ја совладаат Етиопија со високи 5-1. Сепак, тоа било доволно само за второто место во групата, зад Тунис, што ги одвело на мегдан на Брегот на Слоновата Коска во натпревар за третото место, кој го загубиле со 0-1.

За првпат во својата историја Сенегал се квалификувал на едно Светско првенство, за првенството во 2002 година кое се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Во квалификациите за Светското првенство, Сенегал играл против Бенин во првата рунда, и победил со вкупен резултат 2-1. Во групната фаза од квалификациите играле против Мароко, Египет, Алжир и Намибија. Првото место во групата било освоено со 15 бодови, колку што имал и второпласираниот Мароко, но пресудни за конечниот изглед на табелата биле меѓусебните дуели, во кои по ремито без голови во Рабат, Сенегал бил подобар од Мароко на домашен терен со 1-0 со голот на Ел Хаџи Диуф.

На Светското првенство 2002, Сенегал играл во групата А, заедно со репрезентациите на Франција, Данска и Уругвај. После победата на отворањето над актуелниот шампион и бранител на титулата од претходното првенство, Франција, со која го шокирале целиот свет, Сенегал потоа ремизирал со Данска и Уругвај. Така, со 5 освоени бода, Лавовите на Теранга се пласирале во осминафиналето како втори во групата зад Данска. На 16 јуни 2002, Сенегал го одиграл својот осминафинален натпревар против Шведска; натпреварот бил решен во продолженијата кога напаѓачот на Сенегал, Анри Камара постигнал гол со кој и овозможил на својата репрезентација пласман во четвртфиналето. На 22 јуни 2002, сенегалците го завршиле учеството на Мундијалот после минималниот пораз со 1-0 од Турција.

Настапи на турнирите

[уреди | уреди извор]

Настапи на Светските првенства

[уреди | уреди извор]
Светско првенство Квалификации за Светско првенство
Година Рунда Позиција Рунда П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ
Уругвај 1930 Не учествувале Не учествувале
Италија 1934
Франција 1938
Бразил 1950
Швајцарија 1954
Шведска 1958
Чиле 1962
Англија 1966
Мексико 1970 Не се квалификувале 3 1 0 2 2 4
Западна Германија 1974 2 0 1 1 1 2
Аргентина 1978 2 0 1 1 1 2
Шпанија 1982 2 0 1 1 0 1
Мексико 1986 2 1 0 1 1 1
Италија 1990 Не учествувале Не учествувале
САД 1994 Не се квалификувале 8 3 1 4 11 12
Франција 1998 2 0 1 1 2 3
Јужна Кореја Јапонија 2002 Четвртфинале 7. 5 2 2 1 7 6 Состав 10 5 4 1 16 3
Германија 2006 Не се квалификувале 10 6 3 1 21 8
ЈАР 2010 6 2 3 1 9 7
Бразил 2014 8 3 4 1 11 8
Русија 2018 Групна фаза 17. 3 1 1 1 4 4 Состав 8 5 3 0 15 5
Катар 2022 To be determined To be determined
Канада Мексико САД 2026
Вкупно Четвртфинале 2/21 8 3 3 2 11 10 63 26 22 15 90 56

Настапи на Африкански куп на нации

[уреди | уреди извор]
Африкански куп на нации
Година Рунда Позиција Рунда П Н И ДГ ПГ Состави
Судан 1957 Дел од Франција Франција
Египет 1959
Етиопија 1962 Не биле членка на КАФ
Гана 1963
Тунис 1965 Четврто место 4. 3 1 1 1 5 2 Состав
Етиопија 1968 Групна фаза 5. 3 1 1 1 5 5 Состав
Судан 1970 Не се квалификувале
Камерун 1972
Египет 1974
Етиопија 1976
Гана 1978
Нигерија 1980 Не учествувале
Либија 1982 Не се квалификувале
Брег на Слоновата Коска 1984
Египет 1986 Групна фаза 5. 3 2 0 1 3 1 Состав
Мароко 1988 Не се квалификувале
Алжир 1990 Четврто место 4. 5 1 2 2 3 3 Состав
Сенегал 1992 Четвртфинале 5. 3 1 0 2 4 3 Состав
Тунис 1994 Четвртфинале 8. 3 1 0 2 2 3 Состав
ЈАР 1996 Не се квалификувале
Буркина Фасо 1998
ГанаНигерија 2000 Четвртфинале 7. 4 1 1 2 6 6 Состав
Мали 2002 Финалист 2. 6 4 2 0 6 1 Состав
Тунис 2004 Четвртфинале 6. 4 1 2 1 4 2 Состав
Египет 2006 Четврто место 4. 6 2 0 4 7 8 Состав
Гана 2008 Групна фаза 12. 3 0 2 1 4 6 Состав
Ангола 2010 Не се квалификувале
ГабонЕкваторска Гвинеја 2012 Групна фаза 13. 3 0 0 3 3 6 Состав
ЈАР 2013 Не се квалификувале
Екваторска Гвинеја 2015 Групна фаза 9. 3 1 1 1 3 4 Состав
Габон 2017 Четвртфинале 5. 4 2 2 0 6 2 Состав
Египет 2019 Финалист 2. 7 5 0 2 8 2 Состав
Камерун 2021 Шампиони 1. 7 4 3 0 9 2 Состав
Брег на Слоновата Коска 2023 To be determined
Гвинеја 2025
Вкупно 1 титула 16/33 67 27 17 23 78 56

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Сени Диенг 23 ноември 1994(1994-11-23)(30 г.) 3 0 Англија КПР КПР
16 ГМ Едуар Менди 1 март 1992(1992-03-01)(32 г.) 21 0 Англија Челси Челси
23 ГМ Алфред Гомис 5 септември 1993(1993-09-05)(31 г.) 13 0 Франција Рен Рен
28 ГМ Фати, Алиун БадараАлиун Бадара Фати (1999-05-03)3 мај 1999 (воз. 22) 0 0 Сенегал Каса Спортс Каса Спортс
2 ОД Салиу Сис 15 септември 1989(1989-09-15)(35 г.) 33 0 Франција Нанси Нанси
3 ОД Калиду Кулибали 20 јуни 1991(1991-06-20)(33 г.) 58 0 Италија Наполи Наполи
4 ОД Папе Абу Сисе 14 септември 1995(1995-09-14)(29 г.) 9 1 Грција Олимпијакос Олимпијакос
12 ОД Фоде Бало-Туре 3 јануари 1997(1997-01-03)(27 г.) 11 0 Италија Милан Милан
14 ОД Абдулаје Сек 4 јуни 1992(1992-06-04)(32 г.) 5 0 Белгија Ројал Антверпен Ројал Антверпен
20 ОД Буна Сар 31 јануари 1992(1992-01-31)(32 г.) 11 0 Германија Бајерн Минхен Бајерн Минхен
21 ОД Ибрахима Мбаје 19 ноември 1994(1994-11-19)(30 г.) 8 0 Италија Болоња Болоња
22 ОД Абду Диало 4 мај 1996(1996-05-04)(28 г.) 14 2 Франција Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
5 СР Идриса Геј 26 септември 1989(1989-09-26)(35 г.) 91 6 Франција Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
6 СР Нампали Менди 23 јуни 1992(1992-06-23)(32 г.) 13 0 Англија Лестер Сити Лестер Сити
8 СР Шеиху Кујате 21 декември 1989(1989-12-21)(35 г.) 79 4 Англија Кристал Палас Кристал Палас
13 СР Жозеф Лопи 15 март 1992(1992-03-15)(32 г.) 7 0 Франција Сошо Сошо
17 СР Папе Матар Сар 14 септември 2002(2002-09-14)(22 г.) 4 0 Франција Мец Мец
24 СР Мустафа Наме 5 мај 1995(1995-05-05)(29 г.) 5 0 Франција Париз ФК Париз
25 СР Мамаду Лум 30 декември 1996(1996-12-30)(27 г.) 3 0 Шпанија Алавес Алавес
26 СР Папе Геј 24 јануари 1999(1999-01-24)(25 г.) 6 0 Франција Марсеј Олимпик Марсеј
7 НП Кеита Балде 8 март 1995(1995-03-08)(29 г.) 38 6 Италија Каљари Каљари
9 НП Булаје Диа 16 ноември 1996(1996-11-16)(28 г.) 15 1 Шпанија Виљареал Виљареал
10 НП Садио Мане 10 април 1992(1992-04-10)(32 г.) 87 29 Англија Ливерпул Ливерпул
11 НП Хабиб Диало 18 јуни 1995(1995-06-18)(29 г.) 13 2 Франција Стразбур Стразбур
15 НП Бамба Диенг 23 март 2000(2000-03-23)(24 г.) 9 2 Франција Марсеј Олимпик Марсеј
18 НП Исмаила Сар 25 февруари 1998(1998-02-25)(26 г.) 43 10 Англија Вотфорд Вотфорд
19 НП Фамара Дједју 15 декември 1992(1992-12-15)(32 г.) 22 10 Турција Аланијаспор Аланијаспор
27 НП Маме Тијам 9 октомври 1992(1992-10-09)(32 г.) 4 0 Турција Кајсериспор Кајсериспор

Статистика на играчите

[уреди | уреди извор]
  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

[уреди | уреди извор]

Последна промена 18 февруари 2022.

# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Анри Камара 1998–2008 99 29 напаѓач
2 Идриса Геј 2011–денес 91 7 среден ред
3 Роже Менди 1979–1995 87 3 среден ред
Садио Мане 2012–денес 87 29 напаѓач
5 Тони Силва 1999–2008 83 0 голман
6 Шеиху Кујате 2012–денес 79 4 среден ред
7 Жил Боканде 1979–1993 73 20 среден ред
8 Ламин Диата 2000–2008 71 4 среден ред
9 Ел Хаџи Диуф 2000–2008 70 24 напаѓач
10 Папа Буба Диоп 2001–2008 63 11 одбрана

Играчи со најмногу постигнати голови

[уреди | уреди извор]

Последна промена 18 февруари 2022.

# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција
1 Садио Мане 2012–денес 29 87 напаѓач
Анри Камара 1999–2009 29 99 напаѓач
3 Ел Хаџи Диуф 2000–2008 24 70 напаѓач
4 Мамаду Ниjанг 2002–2012 20 54 напаѓач
Жил Боканде 1979–1993 20 73 напаѓач
6 Муса Со 2009–2018 18 50 напаѓач
7 Папис Сисе 2009–2015 17 36 напаѓач
8 Мамаду Диало 1989–1999 15 35 напаѓач
9 Муса Конате 2012– 12 34 напаѓач
10 Сулејман Сане 1990–1997 11 23 напаѓач
Папа Буба Диоп 2001–2008 11 63 среден ред

Селектори

[уреди | уреди извор]

Селектори низ историјата

[уреди | уреди извор]
Бруно Метсу, селектор на Сенегал од 2000 до 2002, ја водел репрезентацијата до четвртфиналето на Светското првенство 2002.
Период Селектор
1960-1961 Франција Раул Диање
1961-1963 Франција Жил Вандорен
1963–1965 Сенегал Хабиб Ба и Сенегал Либасе Диоп
1965–1968 Сенегал Ламине Диак
1979-1982 Германија Ото Пфистер
1982-1989 Сенегал Папе Алиун Диоп
1989-1995 Франција Клод Ле Рој
1995-2000 Германија Петер Шнитгер
2000-2002 Франција Бруно Метсу
2002-2005 Франција Ги Стефан
2005-2006 Сенегал Абдулаје Сар
2006-2008 Полска Хенрик Касперчак
2008-2012 Сенегал Амара Траоре
2012-2013 Сенегал Жозеф Кото
2013-2015 Франција Ален Жирес
2015-денес Сенегал Алиу Сисе
Алиу Сисе, моментален селектор на репрезентацијата од 2015 година.

Моментален тренерски штаб

[уреди | уреди извор]
Позиција Име
Селектор Сенегал Алиу Сисе
Асистент Сенегал Жозеф Кото
Втор Асистент Сенегал Наби Траоре
Тренер на голманите Сенегал Тони Силва
Тимски координатор Сенегал Ламин Диата
Физичка подоготовка Сенегал Џибрил Јатар
Media Officer Сенегал Чире Сумаре
Технички директор Сенегал Мајасин Мар
Тимски доктор Сенегал Абдурахман Федиор
Камерун 2021
  1. „Men's Ranking“ (англиски). Архивирано од изворникот на 15 јули 2018. Посетено на 8 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]