Прејди на содржината

Фудбалска репрезентација на Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фудбалска репрезентација на Србија
Прекари(и)Орли / Орли
(The Eagles)
СојузФудбалски сојуз на Србија
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторДраган Стојковиќ
КапитенАлександар Митровиќ
Најмногу настапиДушан Тадиќ (111)
Најдобар стрелецАлександар Митровиќ (58)
Домашен стадионСтадион Рајко Митиќ, Белград
Домашни бои
Гостински бои
Светско првенство
Учества11
Најдобар резултатЧетврто место, 1930 и 1962

Фудбалска репрезентација на Србија е репрезентација под контрола на Фудбалскиот сојуз на Србија и Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации -ФИФА, како и УЕФА, ја третираат репрезентацијата на Србија како наследник на репрезентација на Кралството Југославија (1918—1941, до 1920. како Кралство СХС, 1920—1929. како Кралство СХС), СФР Југославија (1943—1992, до 29. ноеммври 1945 година, како ДФ Југославија, 29 ноември 1945—1963 година како ФНР Југославија), СР Југославија (1992—2003) и Србија и Црна Гора (2003—2006).[1]

Репрезентацијата настапува под разни имиња и тоа:

Историја

[уреди | уреди извор]

Пред распадот на Југославија

[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата на Кралството Југославија својат прв службен натпревар го одиграла во 1920 године против репрезентацијатата на Чехословачка на Летните олимпијски игри во Антверпен и била поразена со резултат од 7:0. Најголемиот успех на светските првенства Југославија го остварила во 1930 година во Уругвај и во Чиле во 1962 година, со пласманите во полуфинале. Најдобрите резултати на европските првенства биле остварени во 1960 и 1968 година со пласманите во финалињата на овие натпреварувања. На Летните олимписки игри во Рим 1960 година, Југославија ја освоила златниот медал. Својот последен натпревар пред распадотот на Југославија, репрезентацијата го одиграла на 25 марта 1992 година во Амстердам против Холандија. Во тој период Југославија играла на осум светски и четири европски првенства, како и единаесет пати на олимписките игри.

По распадот на Југославија

[уреди | уреди извор]

Под имињата СРЈ, СЦГ и Србија, фудбалската репрезентација се квалификувала на три светски првенства и едно европско. Прв натпревар на Светско првенство 1998 година во Франција, тогашната СР Југославија го одиграла на 15 јуни против Иран и победила со резултат 1:0, со голот на Синиша Михајловиќ во 72 та минута. Репрезентацијата на СР Југославија на тоа првенство стигнала до осмина финалето и тамо била поразена од Холандија со резултат 1-2.

Во 2006 година, репрезентацијата настапила на Светско првенство во фудбал 2006 година во Германија, бидејќи во квалификациите го освоила првото место во својата група, пред Шпанија, со само еден примен гол. Србија и Црна Гора ја победила Босна и Херцеговина со 1:0, со голот на Матеја Кежман во 7-та минута и со тоа го остварила пласманот на мундијалот во Германија.[2] На 11 јуни, репрезентацијата на Србија и Црна Гора го одиграла првиот натпревар на Светското првенство, против Холандија на централниот стадион во Лајпциг и изгубила со резултат 0:1, а голот за репрезентацијата на Холандија го постигнал Арјен Робен.[3] На 16 јуни, репрезентацијата на Србија и Црна Гора го доживеала најголемиот дебакл во историјата на оваа репрезентација, против Аргентина 6:0 во Гелзенкирхен.[4] На 21 јуни, репрезентацијата на Србија и Црна Гора го одиграла последниот натпревар на овој мундијал против Фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата коска на Алијанц арена во Минхен пред 66 илјади гледачи. Србија и Црна Гора повела во десеттата минута со голот на Никола Жигиќ и десет минути подоцна Саша Илиќ ја зголемил предноста, но тимот на Брегот на Слониватата коска постигнал гол во 37 та минута и на одмор се отишло со резултат од 2:1. Во второто полувреме, репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска целосно го свртела резултатот и победила со 2:3.[5] Со одиграни три натпревари на првенството, репрезентацијата на Србија и Црна Гора забележала три порази со гол разлика 2:10.

По распадот на Србија и Црна Гора

[уреди | уреди извор]

После распадот на Србија и Црна Гора, селекторот Илија Петковиќ бил сменет, и на негово место бил именуван шпанскиот стручњак Хавијер Клементе.[6] Србија својот прв натпревар по распадот на државната заедница Србија и Црна Гора го одиграла во Чешка и победила со резултат од 3:1, со головите на Данко Лазовиќ, Марко Пантелиќ и Александар Тришовиќ. Својат прв натпревар во квалификациите за Европското првенство 2008 година, Србија го одиграла на втори септември 2006 година против Азербејџан на Маракана и забележала победа од 1:0.[7] Единствениот гол на мечот го постигнал Никола Жигиќ во 72та минута. На 17 октомври 2007 година, Србија го декласирала Азербејџан со резултат 1:6 во Баку.[8] На крајот на квалификациите Србија завршила на 3-та позиција во групата А со 6 победи, и исто толку реми и 2 порази, со што не успеала да се квалификува на Европското првенство.

Светско првенство 2010 година

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на август 2008 година на местото на селектор на државниот тим е доведен Радомир Антиќ. На клупата на Србија, Антиќ дебитирал во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2010 година против Фарски Острви и забележал победа од 2:0.[9] Наредниот натпревар во квалификациите Србија го одиграла на Стад де Франс против Франција и покрај одличната игра, била поразена со 2:1.[10] На 11 октомври Србија ја победила Литванија со 3:0 која до тој натпревар имала две победи и тоа без примен гол.[11] Четири дана подоцна, Србија ја победила Австрија со резултат 3:1 на Ернст Хапел стадионот во Виена.[12] На 28 март 2009 година, Србија ја победила Романија со 3:2 во Констанца.[13] На 6 јуни Србија је победила Австрија со 1:0 на Маракана пред 55 илјади гледачи.[14] Србија своето присуство на Мундијалот го заверила со победата од 5:0 над Романија.[15] Србија го завршила квалификациониот циклус на прво место, со 7 победи, 1 реми и 2 пораза, со гол разлика 22:8.

Првиот натпревар на Светското првенство во Јужна Африка, Србија го одиграла на 13 јуни против Гана на Лофтус Версфелд стадион во Преторија и изгубила со резултат од 1:0.[16] Орлите играле со играч помалце од 74 минута, поради вториот жолт картон на Александар Луковиќ и примиле гол од пенал во 85 минута. На 18 јуни, Орлите ја победиле Германија на Нелсон Мандела Беј стадион во Порт Елизабет со голот на Милан Јовановиќ во 38-та минута.[17] На 23 јуни, Србија е поразена од Австралија со резултат 2:1, и со тоа го завршила учеството на Мундијалот во Јужна Африка.[18] Единствениот гол на тој натпревар го го постигнал Марко Пантелиќ.

Неуспешни квалификации

[уреди | уреди извор]

Европско првенство 2012

[уреди | уреди извор]

Светско првенство 2014

[уреди | уреди извор]

Европско првенство 2016

[уреди | уреди извор]

Квалификации за Светско првенство 2018

[уреди | уреди извор]

Србија била извлечена во групата Д, со полуфиналистите на Евро 2016 Велс, Австрија, Ирска, Грузија и Молдавија. Својата кампања за Светското првенство 2018 година ја започнале со нерешен резултат од 2-2 против Ирска на стадионот на Рајко Митиќ, а потоа продолжиле со добра форма со победи над Австрија, Грузија и Молдавија.

Тоа ги придвижило на првата позиција во нивната група и директна квалификација за Русија. На почетокот на септември Србија одиграла со Молдавија во Белград еден од клучните натпревари каде што издвојувале победа со головите на Александар Коларов, Александар Митровиќ и Мијат Гациновиќ. Тоа ја консолидирала првата позиција во групата, пред двобојот против Ирска за врвот во групата. Тие победиле на тој натпревар со гол од 55. минута на Коларов, што ги приближило до нивна прва квалификација на едно првенство по речиси една деценија. Играјќи против Австрија и Грузија во октомври на крајот од кампањата, нивните резултати во таква конкурентна група сигнализирале промена на формата на репрезентацијата во споредба со последните неколку години. Србија ги завршила квалификациите со победа над Грузија од 1-0 и со тоа го завршила квалификаиониот циклус на првото место од групата Д со што се квалификувала за турнирот во Русија во 2018 година.

Моментален состав

[уреди | уреди извор]

Следните играчи биле повикани на натпреварот противМолдавија на 2 септември 2017 година, и за натпреварот против Република Ирска на 5 септември 2017 година.
Настапите и головите се ажурирани од 11 јуни 2017 година по натпреварот против Велс.

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
ГМ Владимир Стојковиќ 28 јули 1983(1983-07-28)(41 г.) 73 0 Србија Партизан
ГМ Предраг Рајковиќ 31 октомври 1995(1995-10-31)(29 г.) 5 0 Израел Макаби Тел Авив
ГМ Александар Јовановиќ 6 декември 1992(1992-12-06)(31 г.) 1 0 Данска AGF
ГМ Марко Дмитровиќ 24 јануари 1992(1992-01-24)(32 г.) 0 0 Шпанија Еибар

Предлошка:Nat fs break

ОД Бранислав Ивановиќ 22 февруари 1984(1984-02-22)(40 г.) 94 12 Русија Зенит Санкт Петерссбург
ОД Александар Коларов 10 ноември 1985(1985-11-10)(39 г.) 68 8 Италија Рома
ОД Антонио Рукавина 26 јануари 1984(1984-01-26)(40 г.) 39 0 Шпанија Виљареал
ОД Иван Обрадовиќ 25 јули 1988(1988-07-25)(36 г.) 24 1 Белгија Андерлехт
ОД Матија Настасиќ 28 март 1993(1993-03-28)(31 г.) 24 0 Германија Шалке 04
ОД Никола Максимовиќ 25 ноември 1991(1991-11-25)(32 г.) 16 0 Италија Наполи
ОД Стефан Митровиќ 22 мај 1990(1990-05-22)(34 г.) 11 0 Белгија Гент
ОД Јагош Вуковиќ 10 јуни 1988(1988-06-10)(36 г.) 6 0 Грција Олипијакос
ОД Урош Спајиќ 13 февруари 1993(1993-02-13)(31 г.) 5 0 Белгија Андерлехт

Предлошка:Nat fs break

СР Душан Тадиќ 20 ноември 1988(1988-11-20)(36 г.) 44 12 Англија Саутхемтон
СР Немања Матиќ 1 август 1988(1988-08-01)(36 г.) 32 1 Англија Манчестер Јунајтед
СР Љубомир Фејса 14 август 1988(1988-08-14)(36 г.) 23 0 Португалија Бенфика
СР Сергеј Милинковиќ-Савиќ 27 февруари 1995(1995-02-27)(29 г.) 2 0 Италија Лацио
СР Лука Миливојевиќ 7 април 1991(1991-04-07)(33 г.) 21 0 Англија Кристал Палас
СР Адем Љајиќ 29 септември 1991(1991-09-29)(33 г.) 20 3 Италија Торино
СР Немања Гудељ 16 ноември 1991(1991-11-16)(33 г.) 18 1 Кина Тијанџин Теда
СР Филип Костиќ 1 ноември 1992(1992-11-01)(32 г.) 15 2 Германија Хамбургер
СР Немања Максимовиќ 26 јануари 1995(1995-01-26)(29 г.) 3 0 Шпанија Валенсија
СР Мијат Гаќиновиќ 8 февруари 1995(1995-02-08)(29 г.) 1 1 Германија Ајнтрахт Франкфурт
СР Немања Радоја 6 февруари 1993(1993-02-06)(31 г.) 1 0 Шпанија Селта Виго

Предлошка:Nat fs break

НП Александар Митровиќ 16 септември 1994(1994-09-16)(30 г.) 28 9 Англија Њукасл Јунајтед
НП Андрија Павловиќ 16 ноември 1993(1993-11-16)(31 г.) 5 0 Данска Копенхаген
НП Александар Пријовиќ 21 април 1990(1990-04-21)(34 г.) 1 0 Грција ПАОК

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. FIFA Association Information Архивирано на 11 октомври 2017 г. www.fifa.com (англиски), Посетено на 24. јун 2015.
  2. „Idemo u Nemačku!!!”[мртва врска], Спортска централа, 12. октобар 2005. Посетено на 21 априла 2017.
  3. „Holandija pobedila SCG golom Robena”, Б92, 11. јун 2006. Посетено на 6 априла 2017.
  4. „Plavi poniženi: SCG - Argentina 0:6!” Архивирано на 7 април 2017 г., Мондо, 16. јун 2006. Посетено на 6 априла 2017.
  5. „SCG - Obala Slonovače iz 2:0 u 2:3”, Б92, 21. јун 2006. Посетено на 6 априла 2017.
  6. „Havijer Klemente selektor Srbije!” Архивирано на 7 април 2017 г., Мондо, 16. јул 2006. Посетено на 6 априла 2017.
  7. „Srbija - Azerbejdžan 1:0”, Б92, 2. септембар 2006. Посетено на 21 априла 2017.
  8. „Havijer Klemente selektor Srbije!”, Блиц, 18. октобар 2007. Посетено на 6 априла 2017.
  9. „Srbija - Farska Ostrva 2:0”, Блиц, 6. септембар 2008. Посетено на 6 априла 2017.
  10. „Србија поражена од Француске”, РТС, 10. септембар 2008. Посетено на 6 априла 2017.
  11. „Srbija ubedljivo pobedila Litvaniju”, РТС, 11. октобар 2008. Посетено на 6 априла 2017.
  12. „Pobeda Srbije u Austriji 3:1”, Б92, 15. октобар 2008. Посетено на 6 априла 2017.
  13. „Velika pobeda Srbije u Konstanci!”, Б92, 28 март 2009. Посетено на 6 априла 2017.
  14. „Srbija pobedila Austriju”, РТС, 6. јун 2009. Посетено на 6 априла 2017.
  15. „'Petarda' briljantne Srbije za SP!”, Б92, 10. октобар 2009. Посетено на 6 априла 2017.
  16. „Poraz Srbije na startu Svetskog Prvenstva!”, Б92, 13. јун 2010. Посетено на 6 априла 2017.
  17. „Srbija pobedila Nemačku!”, Вечерње новости, 18. јун 2010. Посетено на 6 априла 2017.
  18. „Srbija završila SP”, Вечерње новости, 23. јун 2010. Посетено на 6 априла 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]