Прејди на содржината

Хадсонов Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хадсонов Залив
Хадсонов Залив - Хадсоновиот Залив и пограничните канадски покраини
Хадсоновиот Залив и пограничните канадски покраини
Место Северен Атлантик
Координати 60° СГШ 85° ЗГД
Земји Канада
Макс. должина 1.370 км
Макс. ширина 1.050 км
Површина 1.230.000 км2
Прос. длабочина 100 м
Мрзнење сред. на декември до сред. на јуни
Острови Белчерови Острови,
Отавски Острови

Хадсоновиот Залив (англиски: Hudson Bay, инуктитут: Kangiqsualuk ilua,[1] француски: baie d'Hudson) — широка и плитка водна површина длабока во просек околу 128 метри, што ја зафаќа вдлабнатината во големата праисториска карпеста маса наречена Канадски Штит. Голема област на Канада, дури и помали делови на Минесота и Северна Дакота во САД, припаѓаат на сливот на овој залив. Поради големиот прилив на вода, неговата површинска вода е со мала соленотс. Главнот прилив од морска вода доаѓа од северозапад (низ северниот дел на заливот наречен Фоксов Басен), а водата истекува на североисток низ Хадсоновиот Проток кој го поврзува Хадсоновиот Залив со Атлантикот. Источниот брег на заливот е карпест со многу високи стрмни карпи, а наговите други брегови се мочурливи и ниски. Во Хадсоновиот Залив има големо количество растворени хранливи состојки, со што е овозможено брзото растење на планктонот во пролет и лето. Ситните животни со лушпи, кои личат на ракчиња, живеат во отворените водни површини, а многу безрбетници, како мекотелите и црвите, живеат на морското дно. Меѓу другите риби таму живеат и атлантскиот бакалар и гренландската иверка, како и лососот, кој се сели во реките кога се мрести. Бреговите на Заливот се ретко населени, а жители се главно американски Индијанци и Инуити, кои живеат од риболов и лов на морски цицачи.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Wissenladen.de“. Архивирано од изворникот на 2012-01-20. Посетено на 2012-10-12.
  • Атлас на Канада, интернет-верзија.
  • Some references of geological/impact structure interest include:
    • Rondot, Jehan (1994). Recognition of eroded astroblemes. Earth-Science Reviews 35, 4, p. 331-365.
    • Wilson, J. Tuzo (1968) Comparison of the Hudson Bay arc with some other features. In: Science, History and Hudson Bay, v. 2. Beals, C. S. (editor), p. 1015–1033.