Хафен Сити
Хафен Сити | |
Кварт во Хамбург | |
Нови објекти на Сандторкај, кој е дел од Хафен Сити | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Мите |
Основни податоци | |
Население | 511 (31 декември 2007) |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на квартот Хафен Сити во Хамбург | |
Координати | 53°32′30″N 9°59′36″E / 53.54167° СГШ; 9.99333° ИГД |
Хафен Сити е кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија. Се наоѓа на речниот остров на Елба, кој се нарекува Кервидер и Вандрам.
Хафен Сити Хамбург е проект на градско планирање, каде што старите пристанишни магацини и складишта на Хамбург се заменуваат со канцеларии, хотели, продавници, службени згради и станбени области. Проектот е најголемиот проект за обнова во Европа во поглед на површината (приближно 2,2 км2). Површината на Хафен Сити користена е како дел од слободно пристаниште, но намалената економска важност на слободните пристаништа во ерата на слободната трговија на ЕУ, ги отстрани ограничувањата во постојната област на Хафен Сити. Кога целосно ќе биде развиено, ќе биде дом на околу 12.000 луѓе и ќе обезбеди работни места за 40.000 луѓе, најмногу во канцелариските комплекси. Рокот за завршување не е јасно поставен, но веројатно ќе заврши околу 2020-2030.
Историја
[уреди | уреди извор]На 1 март 2008, поради законот за Хамбург, на соседството Хафен Сити му бил доделен статус на кварт.[1]
Образование
[уреди | уреди извор]Квартот е опслужуван од Katharinenschule, основно училиште.[2] Исто така, ќе биде иден дом на Хафен Сити Универзитет Архивирано на 2 март 2012 г., нова школа за архитектурата и урбаното планирање.[3]
Култура
[уреди | уреди извор]Градот Хамбург изградил нова концертна сала на местото на стариот магацин од 2007 до 2017 г. наречена Елпска филхармонија. Проектот е нова знаменитост на градот, но е критикуван поради преминувањето на трошоците доцнењето во однос на договорениот термин.[4]
Економија
[уреди | уреди извор]Во областа, се наоѓа сегашното германско седиште на Kühne & Nagel, меѓународна бродска компанија; новото седиште на Шпигел Груп на Ерикусшпице и Unilever [5]. Се очекува новото седиште на Гринпис, исто така да биде во Хафен Сити. Центарот на ХАДАГ ги отвори своите врати во 2009.[6]
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Почесниот конзулат на Киргистан основан во Хамбург во 1995 се наоѓа во улицата Am Sandtorkai 77.[7]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Квартот ќе биде опслужуван со ново изградената линија на подземната железница, У4, која ќе биде завршена во 2011. Линијата предвидува две станици Überseequartier и Hafencity University.[8]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Закон за територијална организација
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-05. Посетено на 2011-11-27.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-05. Посетено на 2011-11-27.
- ↑ http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5460320,00.html
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-10. Посетено на 2011-11-27.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2011-11-27.
- ↑ Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Канцеларство на Сенатот (април 2008)
- ↑ „Инфраструктура“. HafenCity Hamburg GmbH. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2009-08-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хафен Сити“ на Ризницата ? |
- Хафен Сити (англиски)
- Законот за територијална организација, 6 јули 2006 Gesetz über die räumliche Gliederung der Freien und Hansestadt Hamburg (RäumGiG) (германски)
|
|
|