Хајделберг
Хајделберг | |
Хајделберг, со Хајделбершки замок на ридот и Стариот мост на реката Некар | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Баден-Виртемберг |
Адм. подрач. | Карлсруе |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 15 градски единици |
Градоначалник | Екарт Вирцнер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 109 км2 |
Надм. височина | 114 м |
Население | 156.267 (31 декември 2015)[1] |
- Густина | 1.434 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HD |
Пошт. бр. | 69115–69126 |
Повик. бр. | 06221 |
Портал | heidelberg.de |
Местоположба на градот Хајделберг во рамките на округот Урбан округ | |
Координати | 49°24′44″N 8°42′36″E / 49.41222° СГШ; 8.71000° ИГД |
Хајделберг (германски: Heidelberg) — град во југозападниот дел на Германија. Петтиот најголем град во покраината Баден-Виртемберг по Штутгарт, Манхајм, Карлсруе и Фрајбург во Брајсгау, Хајделберг е дел од густо населената метрополитенска област Рајна-Некар. Во 2009, над 145.000 луѓе живееле во градот. Хајделберг се наоѓа на реката Некар во длабоката долина во Оденвалд.
Поранешната резиденција на Изборното кнежевство Пфалц во Хајделберг е седиште на Хајделбершкиот универзитет, добро познат надвор од границите на Германија. Хајделберг е популарна туристичко одредиште поради неговиот романескнен и живописен градски пејзаж, вклучувајќи го Хајделбершкиот замок и барокниот Стар Град. Американската војска имаат воена база во Хајделберг од 1951.
Географија
[уреди | уреди извор]Хајделберг е во долината на Рајна, главно на левиот брег на долниот дел на реката Некар, и се граничи со планините Königsstuhl (568 м) и Gaisberg (375 м). Реката Некар тече во правец исток-запад. На десниот брег на реката, се издига планината Хајлигенберг (445 м). Реката Некар се влева во реката Рајна приближно 22 километри северозападно од Манхајм. Селата припоени во текот на 20-от век ја достигаат долината на Некар долж Bergstraße, пат кој се наоѓа долж ридовите Оденвалд.
Хајделберг е на европската патека за пешачење Е1 (Шведска-Умбрија).
Флора и фауна
[уреди | уреди извор]Бидејќи Хајделберг е еден од најтоплите регионо во Германија, растенијата се нетични за средноевропската клима, вклучувајќи бадеми и смокви; исто така има и маслинки во Gaisbergstraße. Долж Philosophenweg (Патека на филозофите) на спротивната страна на Стариот град, лозарството беше обновена во 2000.[2]
Постои диво население на африканскиот папагал мал александар,[3] и дива популација на сибирски лебеди, кои може да се видат главно на островите во реката Некар близу Бергхајм, округ на Хајделберг.
Административна структура
[уреди | уреди извор]Хајделберг е урбан округ во рамките на административниот округ Карлсруе. Руралниот округ Рајна-Некар-Крајс го опкружува и има седиште во градот, иако градот не е дел од округот. Хајделберг е дел од метрополитенската област Рајна-Некар, често нарекувана како Триаголник Рајна-Некар. Оваа област се состои од јужните делови на покраината Хесен, јужниот дел од покраината Рајнска област-Пфалц, урбаните окрузи Манхајм и Хајделберг и јужните општини на Рајна-Некар-Крајс. Триаголникот Рајна-Некар станал европска метрополитенска област во 2005.
Хајделберг се состои од 14 окрузи распоредени во 6 сектори на градот. Во средината, се Altstadt (Стариот град), Бергхајм и Вестштат („Weststadt“); на север, Нојенхајм и Хандшусхајм; на исток, Цигелхаузен и Шлирбах; на југ, Зидштат, Рорбах, Емертсгрунд и Боксберг; на југозапад, Кирххајм; на запад, Пфафенгрунд и Виблинген. Новиот градски округ, именуван привремено како Bahnstadt (Банштат), е планиран на дел од Вестштат и Виблинген. Новиот округ ќе има околу 5.000-6.000 жители и вработување за 7.000.
Соседни заедници
[уреди | уреди извор]Следниве градови и општини се граничат со градот Хајделберг, почнувајќи на запад и одејќи во насоката на стрелките на часовникот: Единген-Некархаузен, Досенхајм, Шрисхајм, Вилхелмсфелд, Шенау, Некаргеминд, Баментал, Гајберг, Лајмен, Зандхаузен, Офтерсхајм, Планкштат, Епелхајм (сите дел од Рајна-Некар-Крајс) и Манхајм.
Клима
[уреди | уреди извор]Хајделберг има океанска клима, дефинирана од заштитената долина помеѓу Pfälzerwald и Odenwald. Годишно, благите темпереатури се утврдени со воздушни маси, кои доаѓаат од запад. Во споредба со соседната низина Горна Рајна, местоположбата на Хајделберг во долината доведува до почести источни ветрови. Падините на Оденвалд не дозволуваат облачно време и дождови. Најтоплиот месец е јули, најладниот е јануари. Не е реткост, температурите да се искачуваат над 30 °C во средина на летото. Според германскиот метеоролошки завод, Хајделберг бил најтоплото место во Германија во 2009.[4][5][6]
Климатски податоци за {{{location}}} | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
[се бара извор] |
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Хајделберг одржува партнерски врски („Städtepartnerschaft“) со следниве градови:
- Кембриџ, Обединето Кралство, од 1957
- Монтпелие, Франција, од 1961
- Реховот, Израел, од 1983
- Симферопол, Украина, од 1991
- Бауцен, Саксонија, од 1991
- Кумамото, Јапонија, од 1992
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]Познати жители
[уреди | уреди извор]- Антје Дувекот (*1976), кантавтор
- Ханс-Георг Гадамер (1900–2002), филозоф
- Михаел Фасбендер (*1977), актер
- Јан Хардинг (*1986), актер
- Харалд цур Хаузен (*1936), вирологист, нобелов лауреат
- Дитмар Хоп (*1940), софтвер претприемач
- Паул Кирхоф (*1943), поранешен судија во сојузниот уставен суд на Германија (Bundesverfassungsgericht)
- Карл А. Ламерс (*1951), политичар, претседател на Парламентарно собрание на НАТО
- Ананда Махидол (1925–1946), крал на Тајланд
- Хајнрих Нил (1870–1940), композитор, диригент на музичкиот конзерваториум во Хајделберг
- Кристијан Шмитмер (1939–2003), холивудска глумица и модел
- Клаус Шиц (*1926), политичар
- Силвија Ренате Зомерлат (*1943), кралица на Шведска
- Алберт Шпер (1905–1981), германски архитект и министер во Третиот Рајх
- Петар Берон (1799-1871), бугарски просветител
- Васил Радославов (1854-1929), бугарски премиер
- Макс Волф (1863-1932) познат германски астроном
Познати луѓе кои умреле во Хајделеберг
[уреди | уреди извор]- Роберт Бунзен (16 август 1899), хемичар
- Феликс Хајнрих Ванкел (9 октомври 1988), машинински инженер и пронаоѓач на Ванкеловиот мотор
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Justitia („Јустиција“)
-
Замокот над стариот Камен мост
-
„Untere Straße“ (Долна улица), типичен сокак во Стариот град
-
Католичката језуитска црква „Jesuitenkirche“
-
Портата „Стар мост“ гледана од мостот
-
Портата „Стар мост“ гледана од градот
-
Скулптура веднаш до портата
-
„Стариот мост“, гледан од градот
-
Универзитетската библиотека
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Центар за американски студии Хајделберг
- Универзитет Хајделберг (Охајо)
- Меѓународен универзитет Шилер
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Општини во Германија по површина, население и поштенски број на 30 септември 2016 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2016. (германски)
- ↑ http://www.hilfe-hd.de/rohrbach/wein.htm
- ↑ Штефани Вегенер: Verbreitung und Arealnutzung der Halsbandsittiche (Psittacula krameri) in Heidelberg, објавено од: Ornithologische Gesellschaft Baden-Württemberg e. V., Ornithol. Jh. Bad.-Württ. 23: 39-55 (2007) Архивирано на 19 јули 2011 г.
- ↑ Мехтихилд Хенеке: Временски екстреми во Германија 2009. Во: Südkurier, 28 април 2010
- ↑ Kreisbeschreibung Bd. 1, S. 54ff
- ↑ www.klimadiagramme.de
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хајделберг“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Хајделберг. |
- Службена страница на Хајделберг, достапен е мал дел на англиски
- Аудио-водич во Хајделбершкиот замок
- Службена страница на американскиот гарнизон во Хајделберг Архивирано на 10 декември 2004 г.
- Американско средно училиште Хајделберг Архивирано на 19 октомври 2006 г., Официјална службена страница на американското средно училиште во Хајделберг
|
|
|