Прејди на содржината

Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook и на Instagram!

Уредувачки ден „Цркви во Италија“
Уредувачки ден „Цркви во Италија“

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека на 19 декември 2024 година ќе се одржи уредувачки ден на тема „Цркви во Италија“.

Од 16 до 22 декември 2024 година се одржува уредувачка седмица: „Населени места во Пиринска Македонија“. Сите уредници на Википедија на македонски јазик се добредојдени да дадат свој придонес на темата!

Црна магија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Ди и Едвард Кели користат магичен круг ритуал да се повика дух во црковните гробишта.

Црна магија е форма на магија што користи зли сили. Таа се користи со зли намери и најчесто предизвикува штета на било кој начин. Се смета за темната страна на магијата. Црната магија се користи за освета: да се убие, да се повреди, да се предизвика несреќа или уништување на некого.

Црна и бела магија

[уреди | уреди извор]

Спротивна на црната магија е белата магија. Разликата меѓу нив е дискутабилна. Теоријата главно го вели следново:

  • Сите форми на магија („бели“ или „црни“) се лоши или спаѓаат во црна магија. Ваквото сфаќање црната магија ја поистоветува со сатанизмот.
  • Темната страна на магијата се однесува на заборавени аспекти од природата и луѓето, и не мора секогаш да вклучува зла намера.
  • Црната магија ги користи силите на мракот, и според тоа се разликува од белата магија.

Црната магија како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Црна магија“ (англиски: Black Magic) — песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[1]
  • „Жена со црна магија“ (англиски: Black Magic Woman) — песна на американската рок-група Флитвуд Мек од 1968 година.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]