Штаерска
Штаерска (гер. Steiermark, слов. Štajerska) е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот јужен дел. Зафаќа површина од 16.392 квадратни километри и тука живеат околу 1.211.000 жители (2013). Главен град е Грац.
Положба
[уреди | уреди извор]Штаерска го зазема средниот и југоисточниот дел на Австрија. Се граничи со:
- на север - Долна Австрија
- на исток - Градиште
- на југ - Словенија
- на југозапад - Корушка
- на запад - Салцбург (покраина)
- на северозапад - Горна Австрија
Географија
[уреди | уреди извор]Со површина од 16.392 квадратни километри, Штаерска е втора по големина покраина во Австрија. Според релјефот, покраината се дели и тоа јужниот и источниот дел е во склоп на Панонската Низина, а средишниот и северниот дел е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки и леднички езера, меѓу кои најпозната е реката Мура, која течи во средишниот дел на покраината.
Население
[уреди | уреди извор]Со над 1,211 милиони жители и густина на населеност од 74 жители/км2 Штаерска е четврта по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и број на Словенци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција.
|