Прејди на содржината

IPv6

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петте нивоа на TCP/IP моделот
5. Применето ниво (Application layer)

DHCP • FTP • IMAP4 • POP3 • SIP • SMTP • SSH • BGP •

4. Преносно ниво

UDP • TCP • DCCP • SCTP • RSVP • ECN

3. Мрежно ниво

IP (IPv4 • IPv6) • ICMP • IGMP • RSVP • IPsec

2. Податочно ниво

ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP

1. Физичко ниво

Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi •

Интернет Прокол верзија 6 (IPv6) е протокол на мрежно ниво (англиски network layer протокол) за пакет-комутирани вмрежувања. Дизајниран е како наследник на IPv4 - тековната верзија на Интернет Протокол за општа намена.

Главно подобрување кое го дава IPv6 (Интернет Протокол верзија 6) е зголемувањето на бројот на адреси на располање за вмрежените уреди. Тоа овозможува, пример, секој мобилен телефон или било кој мобилен електронски уред да има сопствена адреса. IPv4 поддржува 232 (околу 4,3 милијарди) адреси, кои не се доволни согласно нараснатите потреби. IPv6 поддржува 2128 адреси; тоа е околу 3,4×1038 адреси или по околу 5×1028 адреси за секго од околу 6,5 денешни жители на земјата. На овој начин ќе се надмине проблемот со недостаток на јавни IP-адреси и најверојатно нема да има потреба од NAT (network address translation).

IPv6 не е директно компатибилна со IPv4. Адресната шема на IPv6 е нова и е заснована да им служи на демографски и модерни мрежи. Адресниот простор на IPv6 е долг 128 бити со кој е овозможено постоење на огромен број на адреси во спореедба со 32 бити за адреси кај IPv4. Но, IPv6 не е развиена со цел да го разреши само проблемот со адресите бидејќи истиот може да биде решен со користење на јавни и приватни IP-адреси.

Новитети кои ги внесува IPv6 ќе се согледаат преку разликите на IPv6 пакетите.

Како новитет во однос на IPv4, IPv6 поддржува QoS (Quality of Service) на мрежно ниво. Тоа значи дека квалитетот на сервисот (кој се дефинира преку загуби, доцнење на пакети, и проток во бити/сек) ќе може поедноставно да се имплементира во Интернет, посебно со премин на реалните комуникации (како говор) во IP средина. Ова е овозможено индиректно со користење на лабели за поток (flow labels) и приоритетна индикација, но притоа и во овој случај IP не дава гаранција за реалните end-to-end QoS како што нема и резервирање на мрежни ресурси.

Во поглед на безбедноста IPv6 поддржува автентификација и приватност. Овозможува основни фукционалности на наплаќање на услугите како и наплаќање за идните видови сообраќај.

Со цел да се подобри насочувањењето форматот на заглавјето е фиксен што овозможува хардверска обработка на истото со што се овозможува побрзо насочувањење во споредба со насочувањењето со софтверската обработка на заглавјето. Позначајни промени се направени во поглед на фрагментирањето на податоците. Кај IPv6 фрагментирањето на податоците се прави кај изворот а не како кај IPv4 каде истото се врши во насочувачите.

Проверката на грешка на IP ниво е испуштена во IPv6 со цел да се намали обработката (додека кај IPv4 требаше секој насочувач за секој пакет да ја пресметува одново контролен збир на заглавието, заради промена на TTL полето) и да се подобри насочувањењето. Проверката на грешка само би одземала време и бити од заглавието а воедно ќе воведе и излишност бидејќи и податочното и транспортното ниво вршат доверливи проверки на грешки.

IPv6 е следна генерација на IP верзија која има многу подобрувања во однос на верзијата 4 меѓу другите е и поголемиот адресен простор од 128 бити во однос на 32 битното адресно поле на IPv4.

Хоп (Hop) лимит е 8-битна вредност која ги нуди истите функции како и TTL полето во IPv4.

Но, од друга страна, IPv6 е нова IP верзија која не е радикално различна од моменталната IPv4. На мрежите сè уште им се доделуваат мрежни адреси или претставки, IPv6 ги препраќа пакетите на истиот начин, неконекционо ориентирано по принципот скок по скок, IPv6 насочувачите сè уште ги користат насочувањечките протоколи, мрежниот уред мора да биде исконфигуриран со IPv6 адреса итн. На IPv6 треба да се гледа како на поедноставна, поскалабилна и поефикасна верзија на IP.

Минималната должина на IPv6 заглаието е 40 бајти. Додека поголемиот адресен простор е позитивната страна на двапати поголемата минимална должина на IP заглавието кај IPv6 во споредба со IPv4 (таму е 20 бајти минималната должина на заглавието), излишноста на ваквото заглавие е негативната страна. Имено, кај комуникациите во реално време кои користат помали пакети (како што е пример со говор преку IP) големиот број излишни бајти во заглавието доведува до неефикасно искористување на расположливиот капацитет, односно до забележливо помал капацитет за пренос на корисните информации кај IPv6 во однос на IPv4.

Потекло и мотивација за создавањето

[уреди | уреди извор]

Првата јавно употребена верзија на интернет протокол верзија 4 (IPv4) обезбедуваше можност за адресирање на проближно 4 билиони адреси (232). Оваа бројка изгледаше доволна во раните фази на интернетот кога сè уште не беше предвиден експлозивен развој и употребата на Интернет низ целиот свет.

За време на првата декада до крајот на 1980-тите години стана јасно дека мора да се развијат нови методи. Во раните деведесетти иако после редизајнирањето на системот за адтесирање со употреба на без класен мрежен модел,стана јасно дека и IPv4 ќе се исцрпи и дека мора да има промени во инфраструктурата на интернетот.

Во почетокот на 1992 се појавија неколку предлози, а до крајот на 1992 година IETF објави повик за создавање работи групи кои ќе ја создаваат следната генерација на IP Next Generation.

IPv4 address exhaustion from 1995 to 2011.

Internet Engineering Task Force го прифатија моделот IPng на 25 јули 1994 со формирање на неколку IPng работни групи. Во 1996 година на беше објавена серијата RFC која што го дефинира Интернет Протоколот верзија 6 (IPv6) почнувајќи со RFC 1883.

IETF го означи IPv6 за нов протокол, наследник на IPv4. Новиот протокол се нарече верзија 6 затоа што верзијата беше претходно назначена како експриментална верзија слична на верзијата 4, но со поддршка за видео и аудио.

Се очекува дека IPv4 ќе биде поддржано заедно со IPv6 во скорешна иднина. Само IPv4 и само IPv6 јазли нема да можат да комуницираат директно и има потреба од помож од посреднични порти ( gateway) или ќе мора да се употребат други транзициски механизми transition mechanisms.

Исцрпување на IPv4

[уреди | уреди извор]

Проценките за комплетно испрпување на IPv4 адресите варираа во раните 2000-ти, но сега се смета дека помеѓу 2011 и 2012 тие целосно ќе нидат исцрпени. Vo 2003 година Пол Вилсон ( Paul Wilson (директорот на APNIC)) изјави дека врз основа на сегашната употреба достапниот простор ќе трае уште една или две декади.

Во септември 2005 година еден извештај од Cisco системи (Cisco Systems) сугерираше дека достапните адреси ќе се исцрпат за неповеќе од 4 до 5 години. Во јануари 2011 година извештај којшто се обновува секој ден покажа дека IANA (Internet Assigned Numbers Authority) количината на адреси ќе се изцрпат до првата четвртина од 2011 година, со различни регионални интернет регистри којшто се употребувани од IANA пред крајот на 2011 ќе се исцрпат. Во 2008 година почна процесот за надминување на ерата после исцрпувањето на овие адреси.

Споредба на IPv6 со IPv4

[уреди | уреди извор]

IPv6 содржи нов пакетен формат направен за да го намали заглавието на пакетите, којшто се обработуваат од страна на насочувачите. Бидејќи заглавијата на IPv4 пакетите и IPv6 пакетите се значително различни овие два протоколи работат заедно. Меѓутоа во повеќе случаи IPv6 е наследник на IPv4. Повеќето транспортни и апликативни протоколи имаат потреба од малку промена или воопшто не бараат промена за да пработат преку IPv6. Искучоци се апликативните протоколи како што се FTP- протокол за пренос на податотеки i NTPv3-Network Time Protocol.

Поголем простор за адресите

[уреди | уреди извор]
Decomposition of an IPv6 address into its binary form

Најзначајната карактеристина на IPv6 е многу поголемиот простор на адресата, отколку кај IPv4. Големината на IPv6 адресите е 128 бита, спротивно со 32 бита кај IPv4. Просторот на адресата затоа поддржува 2128 или приближно 3,4⋅1038 адреси. Споредбено ова е приближно 5⋅1028 адреси за секој од 6.8 милијарди живи луѓе во 2010 година. Иако овие бројки се импресивни, дизајнерите на простор на IPv6 адресите немаа намера да овозможат географско задоволување со адреси. Со тоа повеќе се овозможи годолгите адреси да го упростат лозирањето на адресите. Да се овозможи ефикасна агрегација на рутите и имплементација на специјални карактерисики на адресите. Големината на подмрежата во IPv6 е секогаш 264 адреси. Тоа е квадрат на големината на сите IPv4 адреси, простор што е 232. На овој начин вистинската употреба на просторот за адреси е помал, но раководењето со мрежата и ефикасноста на насочувачите е подобрена со поширокиот простор во подмрежата и групирањето на хиерархиските рути.

Поширока употреба

[уреди | уреди извор]

Пренесувањето на пакети од повеќе одредишта во една send операција е дел од основната спецификација на IPv6. Во IPv4 оваа е опционална можност иако често употребувана одлика. IPv6 има повеќекратно адресирање, има некои заеднички одлики како и IPv4 протоколот, повеќекратното адресирање. Но исто така има и промени и подобрувања со елиминирање на потребите од некои протоколи. IPv6 не го употребува традиционалниот Интернет Протокол за емитирање. На пример пренесувањето на пакети до сите домаќини на приклучената линија употребуваат специјална адреса за емитирање, и затоа не ги дефинира, не ги одредува адресите за емитирање.

Во IPv6 истиот резултат може да биде постигнат со испраќање на пакети до локалниот линк до сите негови јазли ff02::1, што е аналогно на IPv4 кон адресите 224.0.0.1. IPv6 исто така поддржува нови повеќекратни решенија, вкучувајќи рандеву точки во IPv6 повечекратни групи адреси што ги олеснува испрачањето на интер-доменските решенија. Во IPv4 е многу тешко за организацијата, да се испрати една задача на повеќе насочувачи. Еднократната задача на адресите со локалниот интернет регистар за IPv6 имаат најмногу 64 битни претставки за рутите, давајќи мајмали подмрежни гомемини достапни во IPv6 (исто 64 битни). Со вакви задачи возможно е да се вкучат еднократните адресни претставки во IPv6 повечекратниот формат. Сè уште овозможувајќи 32 битна група (блок), најмалку значајните бита во адресата или приближно 3.2 билиони повеќекратни групни препознавачи.

IPv6 домаќините можат да се конфигуриираат самите себеси, автоматски кога се конекитрани до насочувањената IPv6 мрежа.Тоа се прави со употреба на интернет конролирана порака протокол верзија 6 (ICMPv6) со отворање на пораката од страна на насочувачот. Кога првпат ќе се поврзе на мрежата домаќинот испраќа барање до локалниот линиски насочувач, барањето е повеќекратно, за неговите конфигурациски параметри. насочувачот му одговара на ваковото барање со рекламен пакет којшто содржи параметри за конфигурации за мрежното ниво. Ако IPv6 без состојбата е несоодветна за апликацијата мрежата може да употреби динамичен домаќин IPv6 или пак домаќинот може да биде конфигуриран статично. насочувачите претставуваат специјален случај на барања за адресна конфигурација бидејќи често се извор на автоконфигурациски информации, како насочувач и претставка. Без состојбата може да биде постигната со спрецијален протокол за преозначување на насочувачот.

Задолжителна поддршка за мрежна сигурност

[уреди | уреди извор]

Сигурносен интернет протокол (IPsec- Internet Protocol Security) беше развиен за IPv6, но најде широка употреба прво кај IPv4 кај којшто беше накнадно развиен. IPsec е интегрален дел на основниот протоколски комплет во IPv6. IPsec поддршката е задолжителна во IPv6, тоа е кај IPv4 само како опција.

Упростена обработка со насочувачите (обработка од страна на насочувачите)

[уреди | уреди извор]

Во IPv6 заглавието на пакетот и процесот на проследувањето понатаму на пакетот беа упростени, па така обработката од страна на насочувачите на овие пакети е многу по ефикасна па затоа е проширена со од крај до крај принципот на интернетскиот дизајн.

  • Заглавјето на пакетот во IPv6 е многу поедноставно од она што се употребува во IPv4, со тоа што многу од ретко употребуваните полиња се префрлаат на посебни опции, како резултат на тоа иако адресите во IPv6 се 4 пати поголеми со тоа што тие имаат помалку опции нивното заглавието е само двапати поголемо отколку заглавијата на IPv4 којшто исто така е без опции.
  • IPv6 насочувачите не изведуваат фрагментација. Кај IPv6 домаќините се бара или да изведат PMTU и да се фрагментираат, или да испрати пакет не поголем отколку вградениот IPv6 ( минимум MTU големина од 1280 октети).
  • Заглавието кај IPv6 не е заштитено со проверување на збирот, заштитата на интегритетот се претпоставува дека е обезбедена со линиската основа и откривање на грешката во повисоката основа (TCP, UDP) . Затоа IPv6 насочувачите немаат потреба да повторно го пресметуваат контролниот збир кога полињата за заглавието се менуваат (како време да се напушти, TTL или hop).
  • TTL полето од IPv4 беше преименувано во hop лимит (одразувајќи го фактот дека насочувачите немаат потреба повторно да го пресметуваат времето кое што пакетот го поминува во чекањето ред)

Подвижност

[уреди | уреди извор]

За разлика од мобилниот IPv4, мобилниот IPv6 нема потреба од триаголно насочување и затоа е ефикасен како домашниот IPv6. IPv6 насочувачите можат исто така да поддржат мрежна подвижност што овозможува целосната подмрежа да се движи до нова насочувачна врска без да се смени бројот.

Можност за повеќе опции

[уреди | уреди извор]

Заглавието за протоколи кај IPv6 има фиксирана големина (40 октети). Опциите се воведени како дополнителни продолжувања на заглавијата, после IPv6 заглавието. Тоа ја ограничува неговата големина, големината на целиот пакет. Продолжениот механизам на заглавието овозможува поддршка на идни услуги за квалитет на услугата, безбедност, подвижност и други без преправање на одновниот протокол.

Џамбограми (Jumbograms)

[уреди | уреди извор]

IPv4 ги огранучува пакетите на 65535 (216 - 1) октети. IPv6 има опционална поддршка на пакетите над овој лимит, којшто се означува како џамбограм. Тие може да бидат со големина од 4294967295 (232 - 1 октети . Употребата на џамбограми може да ги подобри перформансите преку високи MTU врски. Употребата на џамбограми е означена со заглавието JUMBO Payload Option.

Пакетен формат

[уреди | уреди извор]
Заглавие на IPv6-пакет

Пакетот на IPv6 е составен од два дела: заглавие на пакетот и содржина. Заглавието се состои од фиксиран дел со минимални барања за функционалноста за сите пакети и може да содржи дополнителни (опционални) продолжувања за да вкучи специјални одлики (содржини). Фиксираното заглавие ги зафака првите 40 октети (32 бити) на IPv6 пакетот. Тој го содржи изворот и одредиштето на адресата, за опција за класификација на сообраќајот, хоп бројач и покажувач ( поинтер) за продолжените заглавија ако ги има такви. Полето наречено Следно заглавие (next ) присутно во секое продолжување укажува на следниот елемент во ланецот на продолженијата. Последното поле укажува на горниот ниво на протоколот којшто се носи во содржината на пакетот. Продолжетоците на заглавија носат опција коишто се употребуваат за специјален третман на пакетот во мрешата на пример за насочувањење, фрагментација и за сигурност употребувајќи ја IPsec ранката. Содржината може да има големина сè до 64КВ без да има специјални опции или поголеми со опцијата џамбо содржуна во хоб-хоб опција на заглавието. Фрагментацијата се користи само во крајните делови од комуникацијата, насочувачте никогаш не го фрагментираат пакетот и од домаќините се очекува да користат Path MTU discovery за да ја одберат големината на пакетот која може да го помини целиот комуникациски пат.

Адресирање

[уреди | уреди извор]

Најважната одлика на IPv6 е многу поголемиот простор на адресата отколку кај IPv4. IPv6 адресите се 128 битни, споредено со само 32 битни претходно. Додека IPv4 просторот на адресите содржи само околку 4,3⋅109 (4,3 билиони адреси) IPv6 поддржува приближни 4,3⋅109 посебни адреси којшто изгледа дека ќе бидат потребни во догледна индина. IPv6 адресите се пишувани во групи од 4 хекса децимални бројки одделени со колони (:) пр. 2001:db8:1f70::999:de8:7648:6e8 IPv6 адресите се логично поделени на два дела: 64 бита (под) мрежна претставка, и 64 битен интерфејс препознавач. IPv6 адресите се класифицирани со 3 типа на мрежна методологија, еднократни адреси го идентифицираат секој мрежен интерфејс, на кој било адреси идентифицираат група на интерфејси, вообичаено на различни места од коишто најблиската се селектира автоматски и повеќекратни адреси се употребуваат да испорачаат еден пакет на многу интерфејси. Емитирачки метод не е споведен во IPv6. Секоја IPv6 адреса има опсег кој одредува во кој дел од мрежата е таа валидна и единствена. Некои IPv6 адреси се употребуваат за специјални намени, како адресите за loopback. Исто така некој опсег на адресите се смета за специјален како на пример локалниот линк само во употреба на локалната мрежа.

IPv6 во ситемот на подрачни имиња (Domain Name System)

[уреди | уреди извор]

Во овој систем имињата на домаќините се мапирани во IPv6 адресите со АААА ознаките, таканаречени четири А ознаки. За обратна резолуција IETF го резервира доменинот ip6.arpa , каде што просторот за името е хиерархиски поделено со 1- бројно хекса децимално претставување на делчиња (4 битни )на IPv6 адресите . Оваа шема е дефинирана како RFC 3596.

Адресен формат

[уреди | уреди извор]

IPv6 имаат два логични дела: 64 битен мрежна претставка, и 64 битен дел на адресата на домаќинот. Адресата на домаќинот често е автоматски генерирана од интерфејсот на MAC адресата. IPv6 адресата е претставена со 8 групи на 16 битни хексадецимални вредности одделени со колони (:) претставени како што следи: типичен пример на IPv6 адреса е :

2001:0db8:85a3:0000:0000:8a2e:0370:7334.

The hexadecimal digits are case-insensitive.

Транзициски механизми

[уреди | уреди извор]

Сè додека IPv6 комплетно не го замени IPv4 , потребни се повеќе транзициски механизми на корисниците кои користат само на IPv6 да користат услуги од IPv4 и да му овозможат на изолиран IPv6 корисници и мрежи да го користат интернетот преку инфраструктирата на IPv4. Во периодот додека IPv6 корисниците и насочувачите коегзистираат со IPv4 системите дадени се повеќе предлози на транзициски механизми.

  • RFC 2893, Transition Mechanisms for IPv6 Hosts and Routers, obsoleted by RFC 4213 Basic Transition Mechanisms for IPv6 Hosts and Routers
  • RFC 2766, Network Address Translation — Protocol Translation NAT-PT, obsoleted as explained in RFC 4966 Reasons to Move the Network Address Translator — Protocol Translator NAT-PT to Historic Status
  • RFC 2185, Routing Aspects of IPv6 Transition
  • RFC 3493, Basic Socket Interface Extensions for IPv6
  • RFC 3056, Connection of IPv6 Domains via IPv4 Clouds
  • RFC 4380, Teredo: Tunneling IPv6 over UDP through Network Address Translations NATs
  • RFC 4214, Intra-Site Automatic Tunnel Addressing Protocol ISATAP
  • RFC 3053, IPv6 Tunnel Broker
  • RFC 3142, An IPv6-to-IPv4 Transport Relay Translator
  • RFC 5569, IPv6 Rapid Deployment on IPv4 Infrastructures (6rd)
  • RFC 5572, IPv6 Tunnel Broker with the Tunnel Setup Protocol (TSP)

Имплементација на двојниот ИП комплет

[уреди | уреди извор]

Протоколот за двоен ИП комплет во оперативниот систем е фундаментален за транзиција од IPv4 кој IPv6 технологијата. Тој спроведува IPv4 и IPv6 групи на протоколи независно или во хибридна форма. Хибридната форма е често спреведена во модерните оперативни ситеми кој спроведуваат IPv6. Корисниците на двојниот комплет се опишани во RFC 4213. Модерните хибридни двојни комплети на IPv4 и IPv6 им овозможуваат на програмерите да пришуваат мрежни шифри коишто работат транспарентно на IPv4 или IPv6. Софтверот може да користи хибриди за да прифатат IPv4 и IPv6 пакети. КОга се употребуваат во IPv4 комуникацијата хибридните пакети употребуваат IPv6 апликациски програмски интерфејс и претсавуваат IPv4 адреси во специјален адресен формат, да IPv4- мапирана IPv6 адреса.

IPv4 – мапирани IPv6 адреси

[уреди | уреди извор]

Хибридните имплементации на двојни комплети IPv6- IPv4 поддржуваат специјални класи на адреси, IPv4- мапирани IPv6 адреси. Овој тип на адреса го има неговиот први 80 бита подесени на нула и следните 16 комплети на еден, додека неговите последни 32 бита се пополнети со IPv4 адреса. Овие адреси се често претставени во стандарден IPv6 формат , но имајќи ги последните 32 бита напишани во обичен точка-децимална ознака на IPv4 на пр. ::ffff:192.0.2.128 претставува IPv4 адреса 192.0.2.128 . Поради значителните разлики помеѓу IPv4 и IPv6 некои од функциите од пониско ниво достапни на програмерите во IPv6 комплетот не работат идентично со IPv4 мапираните адреси. Некои чести IPv6 комплети не поддржуваат IPv4 марирани адресни одлики, било поради тоа што IPv6 и IPv4 комплетите имаат одделни имплементации (на пр. Mic. Windows 2000 I XP I 2003 ) или поради сигурносни проблеми (OPEN BSD) во овие оперативни системи неопходно е да се отворат одделни делови за секој ИП протокол којшто треба да биде поддржан. На некои системи на пр. Linux, NetBSD оваа одлика е контролирана со опцијата IPv6_V6ONLY како што е одредено во RFC 3493.

Тунелирање

[уреди | уреди извор]

Со цел да се користи IPv6 интернет, изолиран корисник или мрежа мора да употреби постоечка IPv4 инфраструктура за пренос на IPv6 пакети. Ова се прави со употреба со техника наречена тунелирање која што се состои од инкапсулирање на IPv6 пакети во рамките на IPv4, тоа е ефекет кој го користи IPv4 како поврзувачко ниво за IPv6. Дирекното инкапсулирање на IPv6 податоци во рамките на IPv4 пакети е означено со IP протоколниот број 41. IPv6 исто така може да биде инкапсулиран во UDP пакети. На пример со цел да се премини насочувач или NAT направа која што го блокира протокол 41 сообраќајот. Други инкапсулирани шеми како што се употребуваат во AYIYA и GRE се исто така популарни.

Автоматско тунелирање

[уреди | уреди извор]

Терминот автоматско тунелирање се однесува на техника каде инфраструктирата за насочување (routing) автоматски ги одредува тунелите- крајни точки. RFC 3056 препорачува 6 кон 4 тунелирање за автоматско тунелирање, кое што го употребува протоколот за инкапсулација 41. Крајните точки на тунелот се одредени со употреба на добро позната IPv4 кој било (anycast) адреса на оддалечената страна и вклучување на информацијата од IPv4 адресата во рамките на IPv6 адресите на локалната страна. 6 кон 4 денес се употребува на широко.

Конфугурирање и автоматско трунелирање (6 во 4)

[уреди | уреди извор]

Во конфигурирано тунелирање крајните точки на тунелот се точно конфигурирани, било мануелно од администраторот или од конфигурациските механизми на оперативниот систем или со автоматскиот услуга позната како тунел брокер. Ова исто така е означено како автоматско тунелирање. Конфигурираното тунелирање е вообичаено по одредено и послено за отсраранување на греските (debag) отколку автоматското тунелирање и зато се препорачива за големи добро администрирани мрежи. Автоматското тунелирање обезбедува компромис помеѓу лесната употреба на автоматското тунелирање и одреденото однесување на конфигурираното тунелирање. Грубото инкапсулирање на IPv6 пакетите употребувајќи го протоколот број 41 на IPv4 се препорачува за конфигурирано тунелирање; ова понекогаш е познато 6 во 4 тунелирање. Како и кај автоматското тунелирање инкапулацијата во рамките на UDP може да биде употребено со цел да се поминат NAT и огнените ѕидови.

Претставување и преведување само за IPv6 домаќини

[уреди | уреди извор]

Откако регионалните интернет регистри ги исцрпија нивните достапни IPv4 адреси веројатно дека новите корисници кои се додаваат на интернетот ќе имаат само IPv6 врска. За овие клиенти да имаат компатибилна врска кон постоечките само IPv4 извори мора да бидат воведени соодветни IPv6 транзициски механизми. Една форма на адресна транзиција е употребата на двојни пакети на апликациско ниво прокси (proxy) опслужувач на пример web proxy. Беа предложени и NAT-слични техники за апликациско-агностички превод на долните нивоа. Повеќето се покажале несигурни во пракса поради големиот опсег на функционалност кој се бара со обичните протоколи за апликациски нивоа, и од многумина се сметаат за непотребни.

Подготвеност за IPv6

[уреди | уреди извор]

Конпатибилноста со IPv6 умрежувањето е во главно проблем на софтвер и фирмите. Како и да е повеќето стари направи (хардвер) кој би можеле да се надградат ќе бидат заменети. Американскиот регистар за интернет броеви (ARIN) сугерира сите интернет опслужувачи да бидат спремни да услушат само IPv6 клиенти од јануари 2012.

Повеќето лични сметачи кои работат со понови оперативни системи се IPv6 подготвени, иако повеќето корисници не ги употребуваат тековно. Повеќето апликации со можности за работа во мрежа не се подготвени, но можат да бидат надградени со поддршка од произведувачот. После Java 1.4 феб, 2002 коишто се 100% Јава компатибилни имаат поддршка за IPv6.

Хардвер и вградени системи

[уреди | уреди извор]

Орема од пониско ниво како мрежни адапрери или мрежни преклопници можеби нема да бидат зафатени со овие промени, бидејќи тие трансмитираат рамки на поврзувачкото ниво без проверка на содржините. Мрежните направи коишто содржат IP-адреси или изведуваат насочување кое се заснова на IP-адреси имаат потреба од IPv6 поддршка. Повеќето опрема ќе биде IPv6 способно со софтвер којшто е надграден од фирмите ако направата има доволно капацитет и мемориски простор за новиот IPv6 комплет. Како и да е, произведувачите можеби нема и да сакаат да трошат пари за развиток на софтверот. За направи коишто веќе ги продале. Во некои случаи некомпатибилната опрема ќе има потреба да се замени бидејќи произведувачот повеќе не постои или надградбите на софтверот да не се можни. На пример бидејќи мрежниот пакет е имплементиран на перманентен ROM. Потрошувачите имаат тенденција да гледаат на мрежните направи како на куќни апарати коишто ретко имаат потреба од поправка и никогаш немаат потреба од конфигурирање или надградба.

Уште нешто

[уреди | уреди извор]

Забелешки и референтна листа

[уреди | уреди извор]


Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Основна спецификација

[уреди | уреди извор]
  • RFC 2460: Internet Protocol, Version 6 (IPv6) Specification (obsoletes RFC 1883)
  • RFC 2461/RFC 4311: Neighbor Discovery for IP Version 6 (IPv6) (4311 updates)
  • RFC 2462: IPv6 Stateless Address Autoconfiguration
  • RFC 4443: Internet Control Message Protocol (ICMPv6) for the IPv6 Specification (obsoletes RFC 2463)
  • RFC 2464: Transmission of IPv6 Packets over Ethernet Networks
  • RFC 4291: Internet Protocol Version 6 (IPv6) Addressing Architecture (obsoletes RFC 3513)
  • RFC 3041: MAC address use replacement option
  • RFC 3587: An IPv6 Aggregatable Global Unicast Address Format

Stateless аутоконфигурација

[уреди | уреди извор]
  • RFC 2461: Neighbor Discovery for IP Version 6 (IPv6)
  • RFC 2462: IPv6 Stateless Address Autoconfiguration

Програмирање

[уреди | уреди извор]
  • RFC 3493: Basic Socket Interface Extensions for IPv6 (obsoletes RFC 2553)
  • RFC 3542: Advanced Sockets Application Program Interface (API) for IPv6 (obsoletes RFC 2292)
  • RFC 4038: Application Aspects of IPv6 Transition
  • RFC 3484: Default Address Selection for Internet Protocol version 6 (IPv6)

Постојат голем број на книги за IPv6:

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

IETF работни групи за IPv6

[уреди | уреди извор]
  • 6bone IPv6 Backbone (concluded)
  • ipng IP Next Generation (concluded)
  • ipv6 IP Version 6
  • ipv6mib IPv6 MIB (concluded)
  • multi6 Site Multihoming in IPv6
  • shim6 Site Multihoming by IPv6 Intermediation
  • v6ops IPv6 Operations