Прејди на содржината

PSR B1257+12

Од Википедија — слободната енциклопедија
РSR В1257+12
Лич
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Девица
Ректасцензија 13ч 00м &1000000000000000100000001с
Деклинација +12° 40′ &1000000000000005700000057″
Особености
Развојна фаза Пулсар
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: 46,44 ± 0,08[1] млс/г
Дек.: −84,87 ± 0,32[1] млс/г
Паралакса (π)1.41 ± 0.08[1] млс
Оддалеченост2.300 ± 100 сг
(710 ± 40 пс)
Податоци
Вртење0.006219 с[2]
Старост1–3[3][4][б 1] Гг.
Други ознаки
Лич,[5] PSR 1257+12, PSR J1300+1240, PSR 1300+1240
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

PSR B1257+12, претходно означен PSR 1257+12, алтернативно означен PSR J1300+1240,[6]милисекунден пулсар кој се наоѓа на 2,300 светлосни години (710 парсеци) од Сонцето во соѕвездието Девица, вртејќи околу 1,6 пати во секунда (побрзо од сечилото на блендер). Наречена е и Лич, по истоименото моќно, измислено немртво суштество.[7][5]

Пулсарот има планетарен систем со три познати пулсарски планети, наречени „Драугр“ (PSR B1257+12 b или PSR B1257+12 A), „Полтергајст“ (PSR B1257+12 c, или PSR B1257+12 B ) и Фобетор“ (PSR B1257+12 d, или PSR B1257+12 C), соодветно. Тие биле и првите вонсончеви планети и првите пулсарски планети кои биле откриени; B и C во 1992 година и A во 1994 година. A е планетата со најниска маса досега откриена со која било техника на набљудување, со нешто помалку од двапати поголема од масата на земјината Месечина.

Именување

[уреди | уреди извор]

Конвенцијата што настанала за означување на пулсарите била употребата на буквите PSR (Пулсирачки извор на радио) проследено со ректасцензијата на пулсарот и степени на деклинација. Современата конвенција ги префиксира постарите броеви со B што значи дека координатите се за епохата 1950.0. Сите нови пулсари имаат J што покажува 2000.0 координати и исто така имаат деклинација вклучувајќи минути. Пулсарите кои биле откриени пред 1993 година имаат тежнеење да ги задржуваат своите имиња со B наместо да ги користат нивните имиња со J, но сите пулсари имаат име со J, што дава попрецизни координати на нивната местоположба на небото.[8]

На нивното откритие, планетите биле означени како PSR 1257+12 A, B и C, подредени со зголемување на растојанието. Тие биле откриени пред да биде утврдена конвенцијата дека вонсончевите планети добиваат ознаки кои се состојат од името на ѕвездата проследено со мали римски букви кои почнуваат од „b“, по редослед на откривање.[9] Сепак, тие се наведени според последната конвенција за астрономски бази на податоци како што се SIMBAD и Енциклопедијата на вонсончеви планети, при што A станува b, B станува c и C станува d.

Во јули 2014 година, Меѓународниот астрономски сојуз го лансирал NameExoWorlds, постапка за давање соодветни имиња на одредени вонсончеви планети и нивните ѕвезди домаќини.[10] Постапката вклучувала јавно номинирање и гласање за новите имиња.[11] Во декември 2015 година, МАС ги објавил избраните имиња, поднесени од Планетариумот Јужен Тирол Горно Адиџе во Карнеид, Италија, кои биле Лич за пулсарот и Драугр, Полтергајст и Фобетор за планетите A, B и C, соодветно:[7][12]

Во 2016 година, МАС организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ)[14] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите (вклучувајќи ги и остатоците од ѕвездите). Во својот прв билтен од јули 2016 година,[15] РГИЅ експлицитно ги признал имињата на вонсончевите планети и нивните ѕвезди домаќини одобрени од Работната група за јавно именување на планети и планетарни сателити при Извршниот комитет, вклучувајќи ги и имињата на ѕвездите усвоени за време на кампањата NameExoWorlds во 2015 година. Овој ѕвезден остаток сега е внесен во Каталогот на имиња на ѕвезди на МАС.[6]

Откритие

[уреди | уреди извор]

PSR B1257+12 бил откриен од полскиот астроном Александер Волшчан на 9 февруари 1990 година со помош на аресипскиот радиотелескоп. Тој е милисекунден пулсар, еден вид неутронска ѕвезда, со вртежен период од 6,22 милисекунди (9.650 вртежи во минута), и било откриено дека има аномалии во периодот на пулсирање, што довело до испитувања за причината за неправилниот пулс. Во 1992 година, Волшчан и Дејл Фрејл објавиле познат труд за првото потврдено откритие на планети надвор од Сончевиот Систем. Користејќи рафинирани методи, пронајдена била уште една планета која кружи околу овој пулсар во 1994 година.

Проценувано е дека пулсарот има маса од 1,4 M, што е вообичаено за повеќето неутронски ѕвезди и пулсари. Проценувано е дека полупречникот е околу 10 км (R), исто така вообичаено за пулсарите и неутронските ѕвезди. Пулсарот е исклучително жежок, со температура на површината до околу 28,856 K (28,583 °C; 51,481 °F). Пулсарот настанал пред една до три милијарди години од спојување на бели џуџиња, пар бели џуџиња кои се судриле и колабирале за да образуваат пулсар кој брзо се врти.[16]

Откритието поттикнало потрага по планети кои кружат околу други пулсари, но било покажано дека таквите планети се ретки; само пет други пулсарски планети, кои кружат околу PSR B1620−26, PSR B0943+10, PSR B0329+54 и PSR J1719−1438, биле потврдени.[се бара извор]

Планетарен систем

[уреди | уреди извор]
Планетарен систем PSR B1257+12[4]
Придружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(денови)
Занесеност Наклон Полупречник
A (b / Драуг) 0.020 ± 0.002 M 0.19 25.262 ± 0.003 0.0 ~50°
B (c / Полтергајст) 4.3 ± 0.2 M 0.36 66.5419 ± 0.0001 0.0186 ± 0.0002 53°
C (d / Фобетор) 3.9 ± 0.2 M 0.46 98.2114 ± 0.0002 0.0252 ± 0.0002 47°
Уметничко толкување за планетите кои кружат околу PSR B1257+12. Онаа во преден план е планетата „C“.

Во 1992 година, Волшчан и Фрејл откриле дека пулсарот има две планети. Ова било првото откритие на вонсочневи планети што било потврдено;[17][18] како пулсарски планети, тие изненадиле многу астрономи кои очекувале да најдат планети само околу ѕвезди од главната низа. Дополнителна неизвесност го опкружила системот, поради тврдењето на претходна пулсарска планета околу PSR 1829-10, која морала да биде повлечена поради грешки во пресметките. Во 1994 година, била откриена дополнителна планета. Дополнително, овој систем може да има астероиден појас или Кајперов појас.

Верувано е дека планетите се резултат на вториот круг од настанувањето на планетарниот систем како резултат на спојувањето на две бели џуџиња едно со друго во пулсар и резултирачки диск од материјал во орбитата околу ѕвездата.[16] Други сценарија вклучуваат необични остатоци од супернова или кварк-нова.[19] Сепак, моделот на спојување на бело џуџе со бело џуџе, се чини дека е најверојатната причина за настанувањето на планетите.

Повлечено барање за четврто орбитално тело

[уреди | уреди извор]

Во 1996 година, бил објавен можен гасовит џин сличен на Сатурн (100 земјини маси) кој кружи околу пулсарот на растојание од околу 40 ае (6 милијарди км).[20] Изворната хипотеза била повлечена; повторното толкување на податоците довело до нова хипотеза за џуџеста планета од една петтина од големината на Плутон, која кружи околу PSR B1257+12. Таа би имала просечно орбитално растојание од 2.4 ае (360 милиони км) со орбитален период од приближно 4,6 години.[21][22][23][24] Хипотезата за џуџеста планета, исто така, била повлечена бидејќи понатамошните набљудувања покажале дека аномалиите на пулсирање за кои претходно било мислено дека откриваат четврто орбитално тело „не се периодични и можат целосно да бидат објаснети во смисла на бавни промени во мерката на расејување на пулсарот“.[23]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Вредноста е земена од опсегот од 1 и 3 милијарди години старост, од двата извори.
  1. 1,0 1,1 1,2 Yan, Zhen; и др. (2013). „Very long baseline interferometry astrometry of PSR B1257+12, a pulsar with a planetary system“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 433 (1): 162–169. Bibcode:2013MNRAS.433..162Y. doi:10.1093/mnras/stt712.
  2. Manchester, R. N.; Hobbs, G.B.; Teoh, A.; Hobbs, M. „PSR B1257+12 in the ATNF Pulsar Database“. atnf.csiro.edu. Australia Telescope National Facility. Посетено на 22 септември 2024.
  3. „PSR 1257 12 d“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. 2023. Посетено на 22 септември 2024.
  4. 4,0 4,1 Konacki, M.; Wolszczan, A. (2003). „Masses and Orbital Inclinations of Planets in the PSR B1257+12 System“. The Astrophysical Journal. 591 (2): L147–L150. arXiv:astro-ph/0305536. Bibcode:2003ApJ...591L.147K. doi:10.1086/377093. S2CID 18649212.
  5. 5,0 5,1 International Astronomical Union (10 август 2018). „Star Names“. Naming Stars | IAU. Меѓународен астрономски сојуз. Посетено на 22 септември 2024.
  6. 6,0 6,1 „IAU Catalog of Star Names“. 2022-04-04. Посетено на 22 септември 2024.
  7. 7,0 7,1 International Astronomical Union (15 декември 2015). „Final Results of NameExoWorlds Public Vote Released“. iau1514 — Press Release. Посетено на 22 септември 2024.
  8. Lyne, Andrew G.; Graham-Smith, Francis (1998). Pulsar Astronomy. Cambridge University Press. ISBN 0-521-59413-8.
  9. Hessman. „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707.
  10. International Astronomical Union (9 јули 2014). „NameExoWorlds: An IAU Worldwide Contest to Name Exoplanets and their Host Stars“. iau1404 — Press Release. Посетено на 22 септември 2024.
  11. International Astronomical Union. „NameExoWorlds“. Архивирано од изворникот на 15 август 2015. Посетено на 22 септември 2024.
  12. „NameExoWorlds“. Меѓународен астрономски сојуз. 3 јануари 2016. Архивирано од изворникот на 5 април 2017.
  13. OVID (1916). „Metamorphoses“ (Book XI. изд.). Harvard University Press: 164–165. doi:10.4159/DLCL.ovid-metamorphoses.1916. Посетено на 22 септември 2024. Наводот journal бара |journal= (help)
  14. „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 септември 2024.
  15. „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 22 септември 2024.
  16. 16,0 16,1 Podsiadlowski, P. (1993). „Planet Formation Scenarios“. Planets Around Pulsars; Proceedings of the Conference. 36. California Institute of Technology. стр. 149–165. Bibcode:1993ASPC...36..149P.
  17. „Pulsar Planets“. Архивирано од изворникот на 30 декември 2005.
  18. Wolszczan, A.; Frail, D. (1992). „A planetary system around the millisecond pulsar PSR1257 + 12“. Nature. 355 (6356): 145–147. Bibcode:1992Natur.355..145W. doi:10.1038/355145a0.
  19. Keränen, P.; Ouyed, R. (2003). „Planets orbiting Quark Nova compact remnants“. Astronomy and Astrophysics. 407 (3): L51–L54. arXiv:astro-ph/0301574. Bibcode:2003A&A...407L..51K. doi:10.1051/0004-6361:20030957.
  20. Wolszczan, Alex (1997). „The Pulsar Planets Update“. Planets Beyond the Solar System and the Next Generation of Space Missions. Proceedings of a workshop held at Space Telescope Science Institute, Baltimore, MD, 16–18 October 1996. ASP Conference Series, Vol. 119. Астрономско друштво на Пацификот. стр. 135. Bibcode:1997ASPC..119..135W.
  21. Fischer, Daniel (25 октомври 2002). „A comet orbiting a pulsar?“. The Cosmic Mirror (244).
  22. „Smallest extra-solar planet found“. BBC News. 14 февруари 2005.
  23. 23,0 23,1 Wolszczan, Alex (јануари 2012). „Discovery of pulsar planets“. New Astronomy Reviews. Elsevier. 56 (1): 2–8. Bibcode:2012NewAR..56....2W. doi:10.1016/j.newar.2011.06.002.
  24. Pennsylvania State University (2005). "Scientists announce smallest extra-solar planet yet discovered". Соопштение за печат.

 

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001300000013ч &1000000000000000000000000м &1000000000000000100000001с, +&1000000000000001200000012° &1000000000000004000000040′ &1000000000000005700000057″