Тенцин Ѓацо

XIV далај-лама

Тенцин Ѓацо (тибетски: བསྟན་འཛིན་རྒྱ་མཚོ; р, 6 јули 1935) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб, а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е верски поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тенцин Ѓацо
XIV далај-лама
Владеење17 ноември 1950 –
ПретходникТубтен Ѓацо
Тибетскиབསྟན་འཛིན་རྒྱ་མཚོ་
Вајлиbstan 'dzin rgya mtsho
Изговор[tɛ̃ ́tsĩ càtsʰo]
Транскрипција
(НРК)
Dainzin Gyaco
ТХБTenzin Gyatso
Кинески
ПинјинDānzēng Jiācuò
ТаткоЧоќонг Церинг IX
МајкаДики Церинг
Роден6 јули 1935(1935-07-06)(89 г.)
Такцер, Ќингхај
ПотписПотпис на Тенцин Ѓацо
Тенцин Ѓацо - XIV и тековен далај-лама

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер во Ќингхај, Кина , каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на престолот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет.

Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година.[1] Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование.

Тенцин Ѓацо е опишан како харизматична фигура и познат говорник. Тој е првиот далај-лама којшто патува низ светот. Таму тој помага во ширењето на будизмот, а исто така помага и во создавањето на секуларна етика, верска слога и сеопшта одговорност. Покрај Нобеловата награда, тој е почесен граѓанин на Канада од 2006, а на 17 октомври 2007 е добитник на конгресниот златен медал во САД.

Младост и потекло

уреди
 
Родното место на Тенцин Ѓацо во Такцер

Тенцин Ѓацо е роден во земјоделско семејство како Ламо Дондруб или Ламо Тондруп во Такцер[2], мало село во провинцијата Кингаи. Неговите родители Чукјонг и Дики Церинг биле релативно богати земјоделци во однос на останатите дваесетина семејства. Главно одгледувале јачмен, хелда и компир.

Неговите родители имале 16 деца, а тој бил петтото најстаро од оние коишто опстанале по детството. Најстарото дете била неговата сестра Церинг Долма, којашто била 18 години постара од него. Неговиот најстар брат Туптен Јигме Норбу (роден во 1922) — препознат како реинкарнација на високиот лама, Такцер Ринпоче. Неговата сестра Јецун Пема во 1997 година отишла да ѝ го покаже филмот Седум години во Тибет на својата мајка. Другите негови постари браќа се Ѓало Тондуп и Лобзанг Самден.

 
Тенцин Ѓацо како младо момче

Кога имал 2 години биле испратени истражувачи за да ја препознаат реинкарнацијата на Далај-лама. Најпрвин се одлучило да се бара на југоисток,но регентот Ретинг Ринпоче сметал дека е најдобро тоа да се изврши во близина на езерото Ламо Ла-цо, потенцирајќи го Амдо како најдобро место за тоа. Тие го нашле Тондруб со играчки и остатоци коишто му припаѓале на претходниот Далај-лама, а Тондруб можел да препознае кои се од претходниот Далај-лама извикувајќи „Тоа е мое! Тоа е мое!“[3][4]

Откако бил препознаен како реинкарнација на далај-ламата тој го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо („Свет господар, славен љубезник, милосрден заштитник на верата, мудрост на океанот“). Во некои западни литератури се наоѓа и „Неговата светост Далај-лама“.

Своето монашко образование Тенцин Ѓацо го започнал на 6 години. Тој имал два главни учители.Главен сниорски учител му бил Јонгѕин Линг Ринпоче, а главен јуниорски учител Јонгѕин Тријанг Ринпоче. На 11 години тој се сретнал со австрискиот планинар Хајнрих Харер, откако веќе го шпионирал со својот телескоп. Хајнрих Харер станал еден од најдобрите негови учители од странство. Овие двајца останале пријатели сѐ до смртта на Харер во 2006. Во 1959 година тој го имал својот последен испит во храмот Јоканг во Ласа за време на одржувањето на фестивалот Монлам. Тој бил награден со степенот Ларампа, којшто е највисок геше во будистичката филозофија.[5]

Животот како далај-лама

уреди
 
Штабот на далај-ламата во просториите на Потала

Покрај тоа што е диховен водач, Далај-лама е и политички водач во Тибет. Во 1939 година, тој бил однесен во Ласа каде што и официјално бил прогласен за Далај-лама, а своето детство го поминал во Потала и Норбулинка.

На 17 ноември 1950,н а 15-годишна возраст Тенцин Ѓацо бил поставен на престолот како четиринаесетти Далај-лама и покрај конфликтот на Тибет со Кина. Неговото владеење, сепак било кратко. Во октомври истата година, само еден месец пред неговото поставување кинеските војски лесно навлегле во Тибет, без посериозен отпор од тибетските вооружени сили.

Далај-ламата испратил делегација во Пекинг иако под влијание на армијата, тој бил приморан да ги ратификува[6][7] Седумнаесетте точки за слободата на Тибет. Во септември 1954 година тој заедно со десеттиот Панчен Лама отишле во Пекинг каде што се сретнале со Мао Це Тунг[8]. Во 1959 година имало голема побуна помеѓу Тибеќаните. Се зборувало дека кинеските власти планираат да го убијат Далај-лама којшто на 17 март отишол во Таванг, Индија, а веќе на 31 март длабоко навлегол во Индија.

Животот во прогонство во Индија

уреди

Во Индија, далај-ламата се сретнал со индискиот премиер Џавархарлал Нехру со цел да добие поддршка од Индија во отпорот против Кина. Меѓутоа Нехру не сакал да ги влоши односите со Кина, па го охрабрил Тенцин Ѓацо да работи на седумнаесетте точки за слободата на Тибет. По неговото бегство во Индија, Далај-лама формирал и влада во прогонство во градот Дарамсала во Индија. Овој град често се нарекува и „Мала Ласа“.

По формирањето на владата во прогонство него го следеле околу 80.000 бегалци. Тој формирал тибетски образовен систем со цел тибетските деца да се стекнат со познавања од јазикот, историјата, религијата и културата. Тој го формирал и Тибетскиот институт за применети уметности во 1959 година, а истата година бил формиран Централниот институт за високо тибетско образование којшто е првиот тибетски универзитет во странство. Тој исто така им дал поддршка на 200 манастири, а го ширел будистичкото учење надвор од Тибет и се залагал будизмот да биде основа на секојдневниот живот на Тибеќаните.

Далај-лама апелирал и до ОН со прашањето за Тибет. Како резултат на овој апел Генералното собрание на ООН донело 3 резолуции во 1959, 1961 и 1965 година. Со овие резолуции се бара од Кина да ги почитуваат човековите права на Тибеќаните и нивната национална самоопределба. Во 1963 година, Tенцин Ѓацо донел устав изграден врз основа на Универзалната декларација за човекови права. Тибетскиот парламент во прогонство го избираат тибетските бегалци низ целиот свет,а тибетската влада во прогонство ја избира тибетскиот парламент во прогонство.

Во 1987 година во Вашингтон, Далај-лама го претставил својот план со 5 точки со којшто се заштитува идниот статус на Тибет. Со планот се планира Тибет да стане „зона на мирот“ и да се спречи доселувањето на кинеската етничка заедница Хан во Тибет. Овој план претставува „почит за основните човекови права и демократската слобода“ и „крај на кинеската корист од Тибет во производството на јадрено оружје, негово пробно фрлање и негова диспозиција“. Конечно,за овој план се дадени „непосредни негирања“ за иднината на Тибет.

Четиринаесеттиот Далај-лама, Тенцин Ѓацо претставил сличен план и во Стразбур на 15 јуни 1988. Тој го искористил својот план од минатата година и додал дека работи на создавање на самоуправен демократски Тибет „во заедница со Кина“ .Овој негов нов план бил одбиен од владата во прогонство во 1991 година.Во октомври 1991 година,тој не ни обрнал внимание на состојбите со кинеската локална влада. Кај него останала желбата да се врати во Тибет, но како што ќе каже тој „кинеските власти тоа не го претпостават што е одмана одбиено“.[9][10]

На 6 јули 2005, Тенцин Ѓацо го прослави својот 70-ти роденден на којшто присуствуваа околу 10.000 тибетски бегалци, монаси и туристи. Патријархот на руската православна црква Алексеј II рекол:

„Признавам дека руската православна црква многу ги цени добрите односи со следбениците на будизмот и се надевам на нивен длабок развој“.

Учителските активности

уреди

Далај-лама практично е ѕонгчен којшто има извршено голем број на верски предавања во јавноста. Тој има учителствувано и во Калачакра.

Во февруари 2007, Далај Чама е именуван во почесен професор на универзитетот Ејмори во Атланта, САД.[11] Ваквата негова активност е резиултат на ејморско-тибетското партнерство од 1998 година. Како истакнат професор,тој:

  1. ќе овозможи можности за создавање на универзитретски сојузи со членови коишто ќе ги пренесуваат неговите учења.
  2. ќе го посети универзитетот Ејмори со цел учество во програмата и
  3. ќе продолжи ејморско-тибетското партнерство, а тој ќе одржува предавања и низ многу други универзитети во светот, а и во Дарамсала.

Тенцин Ѓацо има посетено уште голем број на универзитети во светот во текот на 80-тите година на XX век на коишто има предавано,а благодарение на овие негови активности во 1989 година тој ја доби Нобеловата награда за мир.

Меѓународни односи

уреди
 
Далај-лама на средба со архиепископотДезмонд Туту во 2004.

Од 1967 година,Далај-лама има посетено 46 земји. Неговите посети главно се на верска основа. Во 1973 година тој се сретнал со папата Павле VI во Ватикан, а во 1980 тој се сретнал за првпат и со папата Јован Павле II со којшто се има сретнато и во 1982, 1986, 1988, 1990 и 2003.

Во 1990 во Дарамсала тој се сретнал со неколку еврејски учители со коишто разговарал за меѓуверските односи.[12] Далај-лама го посетил и Израел 3 пати, а во 2006 имал средба со главниот рабин во Израел. Во истата 2006, тој имал средба и со папата Бенедикт XVI. Тој се има сретнато и со претставници на православната црква, протестантската, англиканската, како и со претставници на исламската религија и многу други верски личности.

За време на носењето на олимпискиот факел, во чест на ЛОИ во Пекинг 2008, Далај-лама на 10 април 2008 ја посетил Јапонија на неговиот пат за САД и организирал протести насочени кон Кина, иако Далај-лама изјавил дека не го поддржува бојкотот.[13] Протестите биле особено масовни во Франција и САД. За време на носењето на факелот по улиците на Париз поради масовните протести тој бил изгаснат. Јапонската влада не се заинтересирала многу за разликите на Далај-лама со кинеските власти.

Филантропските напори на 14-от Далај-лама

уреди

Четиринаесеттиот Далај-лама, Тенцин Ѓацо е и голем поддржувач на СОС детските села.[14] Тој често ги посетува селата, а имал и добри односи со идеологот на ваквиот проект Херман Гмајнер, а денес е голем пријател на Гмајнеровиот наследник Хелмут Кутин.

Политичката активност на Далај-лама

уреди

Далај-лама не е само верски водач, туку и политички. По ратификацијата на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951 година, неговите браќа во Калимпонг, Индија помогнати од индиската влада организирале движење за независност коешто се проширило во провинциите Амдо и Кам во 1956 година, а потоа и во централен Тибет, меѓутоа подоцна не било во можност да и се спротивстави на кинеската војска, па силите на движењето се повлекле кон Непал. Во ова движење својата поддршка ја дал и Тенцин Ѓацо. Желбата за демократска автономија на Тибет оттогаш трае и до денес.

Во 2005[15] и во 2008[16], Далај-лама се смета дека е меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.

На 22 јуни 2006, тој престојувал во Канада каде што парламентот на Канада го прогласил за почесен граѓанин на Канада.[17][18] Ова во Канада било усвоено по третпат. Пред Далај-лама за почесни граѓани на Канада се прогласени само Раул Валенберг во 1985 и Нелсон Мандела во 2001.

 
Далај-лама на добивањето на златниот медал во 2007 (лево од него се Џорџ В. Буш, Роберт Брд и Ненси Пелоси

Во септември 2006 тој бил одликуван и со златен медал од конгресот на САД,[19] којшто е највисока награда на владата на САД за постигнувањата во правото.

Во јуни 2007 година тој беше во посета на Австралија и притоа отпатувал во Перт, Бендиго, Мелбурн, Џилонг, Сиднеј, Канбера и Бризбен.

И покрај протестите во Кина, германскиот канцелар Ангела Меркел се сретнала со Далај-лама на 25 септември 2007. Средбата била окарактеризирана како „приватни и неформални разговори“ и било спречено отплеткувањето на јазолот во трговските односи со Кина. Како протест на овој престој на Далај-лама во Германија, кинеската делегација ја откажала средбата со германските дипломати меѓу кои и гермаснкиот министер по право Бригите Цајприс.

Британскиот новинар Кристофер Хиченс го критикувал Далај-лама во 1998 година поради неговата наводна поддршка на пробното фрлање на индиското јадрено оружје.

Општествени и политички работи

уреди

Движењето за независност на Тибет

уреди

Во 1951, Далај-лама ги ратификувал Седумнаесетте точки за слободата на Тибет со Народна Република Кина. И покрај тоа, неговите браќа се преселиле во Калимпонг во Индија, каде поддржани од индиската и американската влада организирале образовно и воено движење во борбата за независност во Тибет. Вооружените сили навлегле во Амдо и Кам во 1956 и потоа брзо навлегле во централен Тибет. Движењето доживелао фиаско и водачите биле принудени да се повлечат во Непал или да се повлечат тајно. Со нормализирањето на односите помеѓу САД и Кина, американската поддршка е незначителна во текот на седумдесеттите. Тогаш, Далај-лама започнува со создавањето на полиса за создавање на мирно решение околу прашањето на независноста преку доделување на демократска автономија.

Во октомври 1998, адмминистрацијата Далај-лама изјавила дека, во текот на шеесеттите примале $1.7 милиони годишно од страна на американската влада преку ЦИА која тренирала и герилска војска во Колорадо.[20]

За случајот Далај-лама беше обвинет од владата на Кина дека го поддржувал движењето за независност. По некое време, тој разви политичка позиција, тврдејќи дека не го фаворизира движењето за независност на Тибет[21] и дека нема намера да му довде на Тибет статус на автономија додека Кина обвинува дека ја предводи одбраната на Тибет во различни афери.[22] Во својот пристап „среден правец“, тој наожи дека владата на Кина може да земе грижа за различни афери и одбрана и дека Тибет треба да биде раководен од избрано тело.[23]

На 16 март 2008], Далај-лама го посочи однесувањето на Кина врз Тибет како причина за „култуен геноцид“ врз неговиот народ.[24] На 18 март, тој потврди дека ќе се пушти како водач на тибетската влада во прогонство ако насилството на протестаторите во регионот не запре откако кинескиот премиер Ван Џиабо ги казни поддржувачите на немирот[25] На 20 март 2008, тој потрди дека бил немоќен да го запре антикинеското насилство.[26] На 28 март 2008, Далај-лама одби серија на обвинувања од владата на Кина, велејќи дека тој не бара иодвојување на Тибет од Кина и „саботажа“ на Летните олимписки игри - 2008.[27]

Критиките во вестите и покриеноста на медиумите во контраверзното обвинување против феудален Тибет не беа како што правилно е отсликано. Казнената форма пред 1913, вклучувала корпоративна и капитална казна.[28] Во одговорот, Далај-лама беше согласен со многу стари практики на реформи во Тибет. Неговиот претходник ги забранил екстремните казни, меѓу кои и смртната казна.[29] Тој исто така спровел и реформи како укинување на наследните долгови сѐ до кинеската инвазија во 1951.

На 4 јуни 2008, Далај-лама истакна дека Таванг во Арунчал Прадеш, територија наречена Јужен Тибет која се наоѓа во јужните погранични предели на Кина е дел од Индија, истакнувајќи ја валидноста на Мекмахоновата линија од Спогодбата Симла потпишана во 1914 помеѓу тибетски и британски претставници.[30]

Општествена работа

уреди

Далај-лама го одбри формирањето на фондацијата Далај-лама со промоција на мирот и етика насекаде во светот. Тој не е директно вовлечен во оваа фондација, но многу дирекции го известуваат неговиот кабинет за нејзините активности.[31] Тој исто така ја истакна својата верба дека модерните научни пронајдоци се наследни на античките религии.[32][33]

Абортус

уреди

Далај-лама е против абортусот,[34] иако зазема нејанса позиција, како што објасни за Њујорк Тајмс:

Се разбира, абортусот, од будистичка гледна точка, е чин на убивање и е негативен. Но, то зависи од околностите. Ако раѓањето создаде сериозни проблеми за родителите, ова се случаи каде може да има исклучок. Јас мислам дека абортусот оправдан или неоправдан зависи од секоја околност.[35]


Економија

уреди
„Од сите модерни економски теории, економскиот систем на марксизмот е основан на морални принципи, додека капитализмот е со интерес само за добивка и профитабилност. Марксизмот е со цел дистрибуција на добрата на еднакви основи и еднакво искористување во значењето на производството. Тоа е исто со интерес за судбината на работничката класа како што е, како мајоритетот, така миноритетот на судбината на оние кои се подпривелигирани и се во потреба, и марксизмот се грижи за жртвите на наметнатото малцнство на искористување. Заради овие причини системот апелира до мене, и изгледа чесно. Јас неодамна прочитав статија во весник каде Неговата Светост, Папата исто така покажуваше на некои позитивни аспекти на марксизмот.
Како за пропаѓање на марксистичкиот режим, прв од сите, јас не би го сметал режимот во СССР, или Кина, дури ни Виетнам за прав марксистички, за нив беа поврзани нивните стеснети национални интереси наместо работничките меѓународни; ова е зошто имаше конфликтиs, на пример, помеѓу Кина и СССР, или помеѓу Кина и Виетнам. Ако овие 3 режими били вистински засновани на марксистичките принципи, овие конфликти никогаш не би се случиле.
Мислам дека голема дамка на марксистичките режими е тоа што тие имаа многу нагласувања на потребата од уништување на правната средина, на брбената средина, и ова им прочинува да ја охрабрат омразата и запуштат сочувството. Иако нивната инцијативна намера можеби и служи на причината на мајоритетот, кога тие се убедуваат да го спроведат сето тоа, нивната енергија е отклонета на деструктивни активности. Еднаш револуцијата е повеќе и правната средина е уништена, таму нема многуи да им се понуди на луѓето; во оваа точка целата земја е исцрпена и за жал за малку ако иницијативните цели беа за да станат сиромашни. Јас мислам дека ова е поради недостигот од човечка солидарност и сочувство. Најважен недостаток на ваквиот режим е упорното сместување на омразата на штета на сочувството.
Пропаѓањето на режимот во поранешниот Советски Соојуз беше, за мене, не пропаст на марксистичкиот режим, но пропаст на тоталиризмот. Поради оваа причина, јас себеси сѐ уште се сметам за половина марксист, половина Будист.“[36]

Признанија и награди

уреди
 
Конгресниот златен медал со кој беше одликуван Тенцин Ѓацо во 2006

Далај-лама е добитник и на многубројни награди за време на неговата духовна и политичка кариер.[37] На 22 јуни 2006, тој стана еден од четиримината кои добиле почесно државјанство на Канада. На 28 мај 2005, тој ја доби наградата Крисмас Хемфрис од будистичкото здружение во Велика Британија. Но, сепак се чини највредна награда е Нобеловата награда на мир која на Далај-лама ја доби на 10 декември 1989 година во Осло.

Нобелова награда за мир

уреди

На 10 декември 1989, Далај-лама ја доби Нобеловата награда за мир,[38] шефот на Нобеловиот комитет рекол дека оваа награда била „делумно признание во сеќавањето на Махатма Ганди.“ Комитетот ги прогласи неговите напори во „борбата за независност на Тибет и напорите за мировна резолуција наместо примена на насилство.“[39] Во неговиот говор при примањето на наградата, тој ја критикуваше Кина за употребата на сила против студентските протести за време на Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 г. И покрај тоа, тој истакна и покрај тоа дека нивните напори не биле суетни. Неговиот говор се фокусирал на значењето на продолжената употреба на ненасилството и неговата желба за ограничување на дијалог со Кина во обид да се реши ситуацијата.[40]

Користена литература

уреди

ISBN 0-7434-5336-0

  • Калачаккра Тантра: Церемонија на интуиција, издадено од Џефри Хопкинс, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-151-3
  • Добро срце: Будистичка перспектива на Исусовото учење, преведено од Геше Туптен Џинпа, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-138-6
  • Отворање на окото за нова загриженост, преведено од Доналд С. Лопес Јуниор, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-155-6
  • Слобода во прогонство: Автобиографија на Далај-лама, Лондон: Little, Brown and Co, 1990 ISBN 0-349-10462-X
  • Замисли ги сите луѓе: Разговор со Далај-лама за пари, политика и животот како што е, соавторство со Фабиен Уаки, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-150-5
  • Отворено срце, издадено од Николас Вриланд. ISBN 0-316-98979-7
  • Гелуг/Кагју традицијата на Махамуд, соавторство со Александар Берзин. Итака, Њујорк: Snow Lion Publications, 1997, ISBN 1-55939-072-7
  • Практикување мудрост: Совршенството на Шантидевиот будистички правец, преведено од Гепше Туптен Џинпа, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-182-3
  • Мудроста на заборавањето: Интимни разговори и патувања, соавторство со Виктор Чен, Riverbed Books, 2004, ISBN 1-57322-277-1
  • Тибетски портрет: Моќта на сочувството, фотографии од Фил Борж со коментари на Тенцин Ѓацо. ISBN 0-8478-1957-4
  • Срцето на сочувството: Практичен пристап до полнозначен живот, Twin Lakes, Wisconsin: Lotus Press, ISBN 0-940985-36-5
  • Античка мудрост, модерен свет: Етика за новиот милениум, Abacus Press, 2000, ISBN 0-349-11443-9
  • Мојот Тибет, соавторство со Гален Роуел, ISBN 0-520-08948-0
  • Спиење, сонување, и умирање, издадено од Франциско Варела, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-123-8
  • Универзумот во еден атом: Сообразноста на науката и духот, Morgan Road Books, 2005, ISBN 0-7679-2066-X
  • Како да се зголеми љубовта: Опфаќање на кругот на љубовни врски, преведено и издадено од Џефри Хопкинс, Ф.Д., Atria Books, 2005, ISBN 0-7432-6968-3
  • Патот на срцата. Ненасилство и дијалог помеѓу религиите, соавторство со Древерман, Ф.Д., Patmos Verlag, 2003, ISBN 3-4916-9078-1
  • Како да се видите како што вистински сте, преведено и издадено од Џефри Хопкинс, Ф.Д. ISBN 0-7432-9045-3
  • Мисловна наука: Источно-западен дијалог, со придонеси на Херберт Бенсон, Даниел Големан, Роберт Турман, и Хауард Гарднер, Wisdom Publications, ISBN 0-86171-066-5
  • Новата физика и космологија: Дијалози со Далај-лама, издадено од Артур Зајонц, со придонеси од Давид Финкелштајн, Џорџ Гренштајн, Пит Хут, Ту Веи-минг, Антон Зеилингер, Алан Волас и Туптен Џинпа, Oxford University Press, 2004, ISBN 0-195-15994-2
  • Моќта на будизмот, соавторство со Жан-Клод Карје ISBN 0717128032
  • Џогчен: срцева суштина на големото совршенство, преведено од Геше Туптен Џинпа и Ричард Барон, Snow Lion Publications, 2000, ISBN 1559392193
  • Сираци од Студената војна, САД во тибетската борба за опстанок, Џон Кенет Кнаус, Public Affairs, New York. ISBN 1-891620-18-5 1999
  • Насилство и сочувство: Дијалози за животот денес (со Жан-Клод Карје), Doubleday, 2001. ISBN 978-0385-50144-6

Наводи

уреди
  1. Неговата светост, XIV далај-лама. A Brief Biography. Архивирано на 21 ноември 2009 г. Додадено на: 8 мај 2008
  2. „Кина го зачувува капакот затворен на погодената територија“. Agence France-Presse. Филипинско дневно истражување. 24 март 2008. Посетено на 24 март 2008.
  3. „Далај-лама - Говор до Обединетите нации и слики од Тибет“. Посетено на 6 август 2006.
  4. „Космичка хармонија“. Обраќањето на Далај-лама во Обединетите нации.
  5. Марсело, Патриција Кронин (2003). Далај-лама: Биографија. Greenwood Press. ISBN 0313322074.
  6. Тенцин Ѓацо, XIV Далај-лама, интервју, 25 јули 1981.
  7. Мелвин Голдштајн, Историја на модерен Тибет, 1913-1951, Новинарски универзитет во Калифорнија, 1989, стр.812-813
  8. Нгапои го отповикува создавањето на автономниот регион Тибет, Нгапои Нгаванг, Кинески поглед, 30 август 2005.
  9. „Global Village News“. Далај-лама смета на завршување на живото во прогонство и враѓање во Тибет.
  10. Интервју Архивирано на 20 март 2008 г. со Гардијан, 5 септември 2003
  11. „Далај-лама именуван за почесен професор на универзитетот Ејмори“. Архивирано од изворникот на 2008-10-05. Посетено на 2008-09-02.
  12. Роџер Каменец (1994)Евреинот во лотус Харпер Колинс: 1994.
  13. Ројтерс Далај-лама не го поддржува Олимпискиот бојкот
  14. „СОС детски села: Далај-лама“. Архивирано од изворникот на 2009-01-23. Посетено на 9 мај 2008.
  15. Гир, Ричард (18 април 2005). „2005 TIME 100: Далај-лама“. TIME магазин. Архивирано од изворникот на 2010-01-07. Посетено на 11 февруари 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. Депак, Чепра (2008). „2008 TIME 100: Далај-лама“. TIME Magazine. Архивирано од изворникот на 2008-05-13. Посетено на 2 maj 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  17. „Далај-лама стана почесен граѓанин“. Victoria Times-Colonist. 10 септември 2006. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 11 февруари 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. Грудников, Карина. „Далај-лама му се придружи на Валенберг како почесенграѓанин на Канада“. Меѓународна фондација Раул Валенберг. Посетено на 11 февруари 2007.
  19. „Највисока американска цивилна почест за Далај-лама“. The Times of India. 14 септември 2006. Посетено на 11 февруари 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  20. „Резиме на светски вести; Групата на Далај-лама вели дека добивала пари од ЦИА“. Њујорк Тајмс. 2 октомври 1998.
  21. „Далај-лама говори за пристапот „среден правец" за иднината на Тибет“. Архивирано од изворникот на 2007-10-10. Посетено на 2008-09-25.
  22. Јохан Хари (7 јуни 2004). „Интервју со Далај-лама“. Независност. Архивирано од изворникот на 2011-01-27. Посетено на 2008-09-25.
  23. „Вовед во полисата Среден правец во нејзината историја“. Архивирано од изворникот на 2006-02-19. Посетено на 2008-09-25.
  24. „CNN.com, Далај-лама: Кина причинува „културен геноцид". Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 2008-09-25.
  25. „Далај-лама „до предавање" доколку насилството не запре“. CNN. 2008-03-18. Text "http://edition.cnn.com/2008/WORLD/asiapcf/03/18/tibet.unrest/index.html " ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  26. „Кина го призна ширењето на тибетскиот бунт“. CNN. 20 март 2008. Text "http://edition.cnn.com/2008/WORLD/asiapcf/03/20/tibet.unrest/index.html" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  27. „Далај-лама моли за мировен дијалог за Тибет“. CNN. 28 март 2008. Text "http://edition.cnn.com/2008/WORLD/asiapcf/03/28/china.tibet/index.html" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  28. Роберт Барнет во: Ане-Мари Блондо and Катја Буфетрил. Автентичност на Тибет: Одговори на стоте кинески прашања (2008) дневен печат на Универзитетот во Калифорнија. ISBN 978-0-520-24464-1 (cloth); ISBN 978-0-520-24928-8 (paper)., стр. 81-83
  29. Тубтен и Турнбул Џигме Норбу, Колин М. Тибет: Сметка на историјата, верата и луѓето во Тибет (1968) Touchstone Books. Њујорк. ISBN 0-671-20559-5 стр. 317.
  30. „Таванг е дел од Индија: Далај-лама“. TNN. 4 јуни 2008. Посетено на 4 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  31. „Фондација Далај-лама“. Мисии и програми. Архивирано од изворникот на 2008-09-16. Посетено на 2008-09-25.
  32. „Boston.com“. Буда од субурбија.
  33. мај htm Погледите на Далај-лама за науката и религијата за Њујорк Тајмс
  34. Далај-лама се среќава со верските водачи од Ајдаго Архивирано на 25 октомври 2008 г. од Гери Стиверс, www.sunvalleyonline.com, 15 септември 2005
  35. „Далај-лама: Тибетскиот водач во прогонство зборув за ЦИА, Садам Хусеин, кинески тероризам, секс и неговите насилни импулси,“ од Клаудија Драјфус. Њујорк Тајмс, 28 ноември 1993. стр. SM52 [1]
  36. Тибет и Кина, Марксизам, Ненасилство
  37. „Список на награди“. Архивирано од изворникот на 2009-03-27. Посетено на 2008-09-26.
  38. Претставувачки говор на Егил Арвик, Шеф на норвешкиот Нобелов комитет
  39. „Нобелова награда“. Далај-лама (Тенцин Ѓацо). Архивирано од изворникот на 2009-10-08. Посетено на 2008-09-26.
  40. „Влада на Тибет во прогонство“. Говорот при примањето на Нобеловата награда на Неговата Светост Далај-лама Универзитет Аула, Осло, 10 декември 1989. Архивирано од изворникот на 2009-07-12. Посетено на 2008-09-26.
Претходник
Тубтен Ѓацо
Реинкарнација на далај-ама Наследник
-
  Статијата „Тенцин Ѓацо“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).