Јанко Константинов
Јанко Константинов[1](р. 1926 во Битола) — македонски архитект познат по својот бруталистички стил, кој дал голема помош во повторното градење на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 кој срушил околу 80% од градот. Негова најпозната зграда во центарот на Скопје е Скопската пошта. Некое време работел и во фирмата на Алвар Алто во Финска, но после земјотресот во Скопје, се вратил во СР Македонија да помогне да се изгради градот повторно.
Тој исто така е и сликар и има донирано 108 акварел слики во Битолското биро и музеј.[2][3]
Тој на сопствена волја работел и на фрески и икони за битолската црква „Пресвета Мајка Божја“.
Константинов е архитект на повеќе скопски згради: Центарот за телекомуникации, Медицинското училиште, Средното училиште „Никола Карев“, Протестантската црква итн. Исто така е и автор на сеизмолошката станица во Валандово.
Неговите дела исто така можат да се видат и надвор од македонска земја: Техничкиот колеџ во Стокхолм, Институтот за развој во Фалун, Шведска, Административен центар за размена - блоковска зграда со покриен базен во Лос Анџелес, Научниот центар во Јужна Калифорнија, згради и центри за замена во Калифорнија и други места.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кратка биографија за Константинов“. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 2010-07-15.
- ↑ „IDIVIDI:Уметникот Јанко Константинов му подари 108 дела на музејот во Битола“.
- ↑ „Константинов донира колекција за својата родна Битола“. Македонска Информативна Агенција (МИА).
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |